1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цитати од Библијата

Дискусија во 'Религија' започната од FARFELLA, 26 јануари 2011.

  1. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
    Во срцето на секој човек, постои копнеж за нешто што не го поседува. Овој копнеж (вистинскиот копнеж) во својата природа го всадил милостивиот БОГ. Затоа човекот често е незадоволен сп своите животни услови, ниту со своите достигнубања, без оглед на нивниот квалитет и големина. БОГ сака човекот да трага по највизвишеното добро и во тоа да открие ВЕЧНА срека на својата душа. Сатана со својот подмолен план и измама (според кое верување се потпира Светото Писмо) го изменил овој копнеж на човечкото срце. Луѓето ги навел да веруваат дека тој може да се уталожи со задоволства , со богатства, со удобност, со слава или со моќ, но милијарди луѓе што ги завел увидуваат дека сето тоа ја губи својата привлечност и душата ја остава исто толку празна и незадоволна како што била порано. Бог замислил овој копнеж на човечкото срце да се насочи кон Оној што ЕДОНСТВЕНО може да го задоволи. Неговата желба е тој да се сврти кон Него, каде што може да најде свое целосно исполнување. Таа полнина се наоѓа во Исуса Христа, " Бидејќи во Него навистина живее сета полнина на Божеството ." Во Исус Христос можат да се исполнат сите копнежи. Исус ги привлекувал учениците со убавината на својот карактер, со својот допир полн со сочувство и со несебочност на својата пожртвуваност, ги преобразувал нивните карактери посојано дружејќи се со нив, и од себични создавал пожртвувани луѓе, од тесноглави и прости и полни со предрасуди , луѓе со најшироки сознанија и со длабока љубов кон сите народи и раси... затоа и ние да се доближиме до нашиот Создател и Спасител...да копнееме да ревнуваме за живот во Него, да му дозволиме Тој да го преобрази нашиот живот и да го слегиме Неговоит пример... АМИН! ;) :inlove: :*
     
    На hermosa, Bellle и aerodrom им се допаѓа ова.
  2. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Било каков цитат може да се напише од Библијата?-Барем така јас сфатив :)
    ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
    Глава 7
    1 „Не судете, за да не бидете судени!

    2 Зашто со каков суд судите, со таков ќе ви се суди; и со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери.”

    3 ” Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а не ја забележуваш гредата во твоето око?

    4 Или, како ќе му речеш на брата си: ‘Дозволи ми, да ти ја извадам раската од твоето око; а, пак, ете, во твоето око има греда?’

    5 Лицемере, извади ја првин гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш јасно, како да ја извадиш раската од окото на брата си.”

    6 ”Не давајте им го она што е свето на кучињата; ниту фрлајте ги своите бисери пред свињите, за да не ги изгазат со своите нозе, и да се завртат и да ве раскинат.”

    7 ”Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.

    8 Зашто секој кој моли, добива; кој бара, наоѓа, и на оној кој чука, ќе му се отвори.

    9 Или, кој е тој човек меѓу вас, кој на својот син ако му побара леб, ќе му даде камен?

    10 Или, ако му побара риба, ќе му даде ли змија?

    11 И така, ако вие, кои сте зли, знаете да им давате добри дарови на своите чеда, колку повеќе вашиот Татко, Кој е во небесата, ќе им даде добра на оние, кои Го молат?”

    12 ”И така, сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така; зашто тоа е Законот и пророците.”

    13 ”Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа.

    14 Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.”

    15 ”Пазете се од лажните пророци, кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се грабливи волци.

    16 Ќе ги препознаете по нивните плодови. Се бере ли грозје од трње, или смокви од чичка?

    17 Така, секое добро дрво раѓа добри плодови, а лошото дрво раѓа лоши плодови.

    18 Не може добро дрво да дава лоши плодови, нити лошо дрво да дава добри плодови.

    19 Секое дрво, ако не раѓа добри плодови, се сече и се фрла во оган.

    20 И така: ќе ги препознаете по нивните плодови.”
    ...
     
    На Таа Сум, Мариаа., meckicka и 5 други им се допаѓа ова.
  3. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
     
    На tiggyboy, worrieddd, Таа Сум и 4 други им се допаѓа ова.
  4. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Не суди за да не ти биде судено!?
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    од Евангелието според Матеј
     
    На Bellle и bubemconia им се допаѓа ова.
  6. FARFELLA

    FARFELLA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    54
    ИСУС НЕ Е САМО СИН, ТУКУ И НАШ ГОСПОД, НАШ БОГ!

    Светото Тројство е малку несватливо за човечката природа, но со читање на Светото Писмо доаѓаме до заклочоци, кој на еден начин, кој на друг начин, но една е Вистината...
    Библијата ни вели, дека Светото Tројство се едно:
    1.Јованово 5:7
    " Зошто Тројцата се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото (Кое е Исус, според Јован 1:14) и Светиот Дух, а Овие Тројца се едно . "
    Значи! И Духот Свети е личност, бидејќи "Тројцата" e лична заменка за личности, плус на тоа Писмото вели дека Духот е ожалостен во Ефесјаните 4:30, значи е личност, а не некоја сила која дејствува, (како што тоа го тврдат Јеховините Сведоци). Тоа е како на пр. замислете на една рака имаме 5 прсти, но сите пет се една рака, но овој случај се Тројца, а не пет :) .
    *ИСУС ХРИСТОС
    Исус, нашиот драг Спасител, на многу пати во Писмото му се обраќа на Отецот, како негов Возљубен Син, но со длабоко проучување, извештајот ни вели, дека Тој е и наш Господ, наш Бог, погледнате:
    Јован 1:1,14
    " Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог. " И кога ќе го поврземе со 14 стих: " И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот. " КОј е Единороден од Отецот? Кој стана тело и се всели помеѓу нас, со благодат и вистина? - ИСУС. Значи Словото е Исус. Епа ајде сега да го замениме Зборот Слово, со зборот Исус, од горе наведените сихови:
    " Во почетокот беше Исус, и Исус беше во Бога и Исус беше Бог "
    1.Тимотеј 3:16
    " Бог кој се јави во тело, беше оправдан во Духот, виден од Ангелите, проповедан на народите, веруван во светот, вознесен во слава. " Кој Бог се јавил во тело? - Исис кој беше вознесен во слава, проповедан и веруван на светот. Значи и тука Го гледаме Исус како наш Бог.
    Јован 14:8,9
    " Филип му рече: Господи, покажи ни го Отецот, и доста ни е! Му одговори Исус: Толку време сум со вас, и зар не си ме познал Филипе.......? "
    Плус, кога Петар откога воскреснал Исус и кога го видел, паднал пред него, му се поклонил, и му рекол ГОСПОДИ МОЈ и БОГ МОЈ, а на тоа Исус не го укорил и не му рекол немој да ми се поклонуваш Мене и не ме нарекувај Мене Бог, туку само на Отецот ќе му се поклонуваш и само Нему ќе го нарекуваш Бог.
    Во друга прилика Исус вели: " Jaс сум Алфа и Омега " , што значи Почеток и Крај.... :) ПОздрав до сите.
     
    На Македонско04!#@, worrieddd и Anacid им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    од евангелието според Матеј :)
     
    На Bellle и Serafima им се допаѓа ова.
  8. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Мојот омилен стих од Библијата:
    Псалм 139 2:9 стих
    Ти знаеш кога седнувам и кога станувам, веќе оддалеку ги знаеш моите мисли.
    Дали одам или лежам, Ти гледаш сè, познати ти се сите мои патишта.
    Додека мојот збор уште не дошол до јазикот, а Ти, Господи, веќе сè знаеш.
    Ти ме опфаќаш од плеќите и од лицето, Твојата рака ја стави врз мене.
    Тоа знаење премногу е чудно за мене, превисоко е, за да можам да го стигнам.
    Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице?
    Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето: и таму си.
    Ако ги земам крилата на зората и се населам на крајот на морето.

    Ми беше многу лошо и решив да отидам во црквата седнав и почнав да се молам и почнав да плачам кога завршив и тргнав да си одам дома еден дечко ме праша зошто плачам не го познавав но му кажав се тој ја отвори неговата библија и ми даде да читам еден стих:

    Исаија 53 3:5
    Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето, беше презрен, и за ништо го сметавме.
    а Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува....
     
    На Snowflake97, worrieddd, Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.983
    Пол:
    Женски
    Господ е Пастир мој,
    ништо нема да ми недостасува
    Тој ме одмара на зелени пасишта
    и ме води на тихи води
    ја закрепнува душата моја
    ме води по патот на правдата
    заради името Свое
    Кога би тргнал и по долината на смртната сенка
    нема да се исплашам од злото зашто ти си со мене
    Твојот жезол и Твојата палка ме успокојуваат
    Си приготвил пред мене трпеза пред очиве
    на непријателите мои
    си ја помазал главата моја
    со миризливо масло
    и чашата моја се прелева
    Само добрина и милост ќе ме придружуваат
    преку сите денови на мојот живот
    и јас ќе престојувам
    во домот Господов многу дни.
    Псалм 23
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Милостивиот Бог е Бог за кој говорел и сведочел Исус Назаретќанецот и сите вистински божји пророци. Но во дел од библиските книги се инфилтрирале и објавите на подземниот „бог„ :devil: кој не знае за трошка милост. Еве неколку „сочни„ цитати:

    13 "Кога Господ, твојот Бог, ти го предаде во рацете, погуби ги со остар меч сите негови машки!
    14 А жените, децата, добитокот, сè што ќе биде во градот - сиот плен - земи ги за себе, и уживај го пленот од своите непријатели, што ти го дава Господ, твојот Бог.
    15 Така постапувај со сите градови, кои се многу далеку од тебе, кои не се од градовите на овие народи оттука.
    16 Во градовите на оние народи, кои Господ, твојот Бог, ти ги предава во наследство не оставај ништо во живот"

    од Стар Завет - Петта книга Мојсеева (Второзаконие) глава 20, стихови 13-16.

    18 „Ако некој има опак и непокорен син, кој не сака да ги слуша ни таткото ни мајката - па ни тогаш откако ќе го казнат -
    19 неговиот татко и неговата мајка нека го одведат при старешините на својот град, при вратата на своето место,
    20 и нека им речат на градските старешини: ‘Овој наш син е опак и непокорен; не сака да нè слуша; ништожник е и пијаница.’
    21 Потоа сите луѓе, неговите сограѓани, нека го опсипат со камења додека не загине. Така ќе го откорнеш злото од својата средина: сиот Израел ќе го чуе тоа и ќе се бои.”

    од Стар Завет - Петта книга Мојсеева (Второзаконие) глава 21, стихови 18-21

    Наспроти тоа, Исус од Назарет донесе духовна и мирољубива револуција: :angel:

    43 ”Сте чуле дека било речено: ‘Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател’.
    44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат;
    45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.

    Нов Завет - Евангелие според Матеј глава 5, стихови 43-45

    Или како што вели брошурата Пророк бр.15: „Животните тажат проркот обвинува„ во поднасловот - „Два Бога или еден променлив Бог?„
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  11. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    Златни правила во Христијанството за љубовта:
    Возљуби го господ богот твој сон со сето свое срце душа и разум
    Возљуби го бог како себе си

    Сакај го брата си како себе си
    Кога го прашале некој голем мислител кого повеќе сака брата си или пријателот тој им кажал ''Го сакам брата си ако ми е пријател''
     
    На worrieddd, hermosa и bag им се допаѓа ова.
  12. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Не сметај се за мудрец; имај страв од Господ и бегај од злото: тоа ќе биде здравје за твоето тело и лек за твоите коски. Давај му принос на Господ од имотот твој и од првините на плодовите од твоите придобивки, и твоите житници ќе се исполнат до врвот, а твоите преси ќе се прелеваат од вино. Не занемаруваја ја, синко казната од Господ, ида не ти е тешко од Неговото укорување; зашто кого Господ го сака, него и го кара, како и таткото синот свој што го љуби. од книгата Изреки 3 глава.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    "Сакајте и ќе ви се даде, барајте и ќе најдете, чукајте и ќе ви се отвори;
    зошто секој што моли, добива, и кој бара, наоѓа, и на оној што чука ќе му се отвори.
    Има ли меѓу вас човек, кој, ако му посака неговиот син леб, ќе му даде камен,
    и кога ќе посака риба, ќе му даде змија?"
     
    На worrieddd, Bitter-Sweet, Ina Lina и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 35)

    Рече Господ во приказна: „Излезе сејач да сее семе; и кога сееше, едно падна покрај патот и беше изгазено, и птиците небески го исколваа; а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, оти немаше влага; едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши; а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод.“ Откако го рече ова, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!“ А учениците Негови Го прашаа, велејќи: „Што значи таа парабола?“ Он рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на другите ќе им се зборува во параболи, та гледајќи да не виѓаат, и слушајќи да не разбираат. А оваа парабола значи: семето е словото Божјо. Она, што падна покрај патот, се оние, кои слушаат; но потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од срцата нивни, за да не поверуваат и да не се спасат; а она на камен - се оние, кои, кога ќе го чујат словото, со радост го примаат; но немаат корен и веруваат некое време, па штом дојдат искушенија, тие се откажуваат; тоа, пак, што падна меѓу трње, се оние, што го слушаат словото, но кога отидат, се подаваат на грижи, богатства и наслади од овој живот и не донесуваат плод; а оние на добрата земја, се тие што го слушаат словото и го пазат во добро и чисто срце, и принесуваат плод со трпение.“ Штом го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!
     
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски

    "Бдејте и молете се, за да не паднете во искушение!

    Духот е бодар, но телото е слабо!"
     
    На hermosa, Ygritte, Таа Сум и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    "Напишано е: 'Домот Мој нека се нарече дом за молитва', а вие го направивте разбојнича пештера"

    Чист пример за сите што се бутаат во дворовите на црквите да заработат пари на празник а притоа не се верници!
     
    На Bitter-Sweet, meckicka и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    "А приквечер, кога заоѓаше сонцето, кај Него донесуваа секакви болни и бесомачни.
    И целиот град се беше собрал пред портата.
    И излекува многу болни што страдаа од разни болести; истера многу демони и не им дозволуваше на демоните да зборуваат, дека знаат оти тој е Христос."
     
    На hermosa и meckicka им се допаѓа ова.
  18. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Рече Господ: „Ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен; ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите. Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам дека тие ја добиле веќе својата награда. А ти кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ’рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту ’рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.
     
    На Bitter-Sweet, meckicka, Bellle и 3 други им се допаѓа ова.
  19. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    Исаија - Глава 34, Стар Завет

    1 Пристапете племиња, за да чуете, внимателно слушајте, народи; чуј, земјо, и сè што ја исполнува, земен кругу и сè што расте во тебе!
    2 Зашто Господ се разгневи на сите народи, се разјари на сета нивна војска. Ги отстапи на уништувањето, ги предаде на колеж.
    3 Нивните убиени лежат, смрдеж се крева од многуте трупови, крвта потече низ горите,
    4 се распадна сета небесна војска. Небесата се свитка како книга, и сета нивна војска паѓа, како што отпаѓа лозовиот лист, како што се тресе смоквиното лисје.
    5 „Зашто испијанетиот меч на небото е Мој, ете, тој се нафрла врз Едом, за да го казни народот што го проколнав.
    6 Господовиот меч е испијанет од крв, омрсен со мрсно, со крв од јагниња и јариња, со лој од овнешки бубрези. Зашто на Господа Му се принесува жртва во Восор, големо клање во Едомската Земја.
    7 Со нив ќе бидат заклани биволите и јунчињата со биволите. Земјата ќе се напои со нивната крв, и нивниот прав ќе се омрси од мрсно.”
    8 Зашто за Господа ова е ден на одмазда, година на наплаќање за да го одмазди Сион.
    9 Неговите потоци се претворуваат во смола, неговиот прав во сулфур, и неговата земја ќе стане пламната смола.
    10 Ни дење ни ноќе не ќе угасне, димот ќе и се дига довека, ќе остане пуста од колено до колено, во веки векови, никој не ќе поминува низ неа.
    11 Ежот и чапјата ќе ја заземат, бувот и гавранот ќе престојуваат во неа. Ќе оптегне над неа јаже на запустеност и висулец на испразнување.
    12 Не ќе ги има веќе нејзините благородници, таму веќе не ќе бидат прогласувани цареви, сите кнезови ќе и бидат уништени.
    13 Ќе никне трње во нејзините дворци, коприва и капина во тврдините, таа ќе биде дувло на чакали, легло на ноеви.
    14 Таму ќе се среќаваат дивите мачки со хиените, јарците ќе се повикуваат еден друг; таму ќе се одморува Лилит - ноќно привидение - наоѓајќи почивалиште.
    15 Таму ќе се гнезди змија, ќе снесува јајца, ќе лежи на нив, ќе ги извади во твојата сенка; таму ќе слетуваат јастребите еден по друг.
    16 Истражувајте во Господовата книга и читајте, ниедно од тоа не изостана, зашто Неговата уста нареди така, и Неговиот Дух нив ги собра.
    17 Зашто Тој им фрли жрепка и Неговата рака со јаже им ја измери земјата: тие ќе ја владеат довека, ќе ја населуваат неа од колено до колено.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Сте чуле дека било речено: ‘Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател’. А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат; за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните. Матеј 5:43-45

    Ви давам нова заповед: да се љубите еден со друг; како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа сите ќе познаат дека сте Мои ученици - ако имате љубов помеѓу себе!Јован 13:34,35
     
    На meckicka, hermosa, Makide и 2 други им се допаѓа ова.