Јас имам многу лошо искуство со мицеларна вода и целосно ја исфрлив од употреба. Пробав неколку на Nivea, розевата од Garnier, една на природна база од рози и Биодерма. Од сите овие добив сува кожа на образите, Т зоната и носот со што кожата ми се лупеше. Единствена подобра мицеларна вода ми беше Corine De Farme од Зегин. Сега за шминка користам безалкохолен Тоник од јанг дерм и влажни марамчиња на Young derm, Becutan или Hipp.
Со ова. Наменето и за осетливи очи, освен што не ме пече, брзо ја вади и водоотпорната маскара. Види по аптеките Анни фарм, Зегин во Сити мол дали го имаат
Двофазното на Оливал. Лесно се вади и водоотпорна шминка. И смени ја шминката ако ти пречи, експериментирај со нови, сѐ дури не најдеш нешто што нема да ти прави проблем.
Гарние мицеларна со розево капаче. Но не тријам туку држам подолго време. Многу е важно да бидеш трпелива и да не триеш бидејќи ќе ти испаднат трепките.
Поздрав, сакав да прашам за овој производ, дали кога се става на лице после треба да се мие со вода или нешто друго, зашто на упатството пишува само се става на лице.
Не треба, се става на вата или туфер и се отстранува шминката. Доколку го користиш како дел од рутина за миење на лицето, слободно после тоа можиш да користиш воден чистач и да го измиеш лицето.
Го користам ова и многу убаво ја вади шминката,само не го користи на очи. После ова треба да го измиеш лицето со гел/пена за миење лице.