Ајде и јас да споделам едно слично искуство со вас . Пред неколку години се укочив цела, незнам од што, вратот неможев да го мрдам, ни лево ни десно, спиење скоро ич а морав да одам на школо. Еден ден после школо така укочена отидов кај едни пријатели во фирма, таму случајно дојде некој човек и од сите само он ме позна дека сум занигде, ми рече да ја соблечам јакната да ме измасира.Нормално одбив ама газдата на фирмата ми е роднина и ми рече дека човеков знае што прави, така јас по блуза седнав на едно столче и тој човекот незнам како ме масираше по грбот ама ми се чини како бубрези да ми вадеше, болеше што да ви кажам. Јас ги стискав дланките од болка а тој ме искара , ми рече да ги ставам рацете во скут со дланките нагоре, од нив излегувала енергијата, и он масираше а мене дленките ми се наполнија со пот.Јас незнам како може од рацете вода да ми тече ама толку ми се потеа, верувајте, само рацете ми се потеа, на друго место не се испотив. Рацете како чешма ми беа. Јас си отидов дома, си легнав и кога станав бев како нова. После пријателот им рекол на моите дека тој човек имал некоја биоенергија, не се занимавал со тоа ама така им помагал на луѓе.