ТЕМА: Хомеопатија

Мислење 31 Мај 2010, 15:04

Искуства ???
Аватар на корисникот
viku

Сино цветче
 
10288
Мислења: 162
Зачленет: 31 Мај 2010, 13:10
Купчето камења престанува да биде обично купче камења кога некој го набљудува имајќи на ум идеја за Катедрала!

Мислење 31 Мај 2010, 16:28

Ах.. каков почеток.

Јас прв пат се сретнав со овој термин сега. Затоа „изгуглав“ и наидов на овие информации:

Хомеопатијата е ефикасен, холистички систем на лекување. Зборот хомеопатија потекнува од грчките зборови “homoios“ што значи сличен и “pathos“ патење, слично на болеста или тегобата. Хомеопатијата се темели на законот на сличноста кој гласи similia similibus curentur или слично со слично се лекува.

Основни принципи на хомеопатијата

Витална сила
Ова е првиот принцип по кој хомеопатијата се разликува од класичната медицина.

Виталната сила е енергија која го анимира телото, ги одржува неговите функции, се однесува како негов регулатор, се со цел да ја одржи хармонијата на телото. Таа не може да се измери, но со набљудување може да се процени колкава е животната сила на некоја особа. Во кинеската традиционална медицина оваа енергија се нарекува чи, а во ајурведската прана. Со други зборови тоа е виталноста на еден организам.

Законот на сличноста

Ова е основниот принцип на кој се базира хомеопатијата. Тоа значи дека супстанцата која предизвикува одредени симптоми кај здрава особа, може да се искористи за лекување на истите симптоми кај болна особа.
На пример
Allium cepa – кромид се користи за лекување на состојби кои имаат исти симптоми и сензации како кога сечеме кромид (солзење на очите, надразнување на носот).

Предизпозиција

Секоја особа има одредена склоност и предиспозиција и различно реагира на различни болести. Ова зависи од квалитетот на виталната сила и таа воглавно останува иста во текот на животот, но некои фактори можат да ја влошат состојбата (пушење, алкохол, лоша исхрана) и да го направат организмот поподложен на болести. Затоа, избалансиран урамнотежен живот, правилна исхрана и добар хомеопатски лек можат да ја намалат склоноста кон многу болести.

Мијазми

Мијазмата е пореметување, грешка на животната сила. Ханеман во почетокот од применувањето на својот нов хомеопатски начин на лекување имал добри резултати, но со тек на времето приметил дека симптомите или болеста по извесно време се враќаат. Со години ги анализирал хроничните случаи и дошол до заклучок дека причина за тоа се мијазмите.

Испитување на лековите

Секој лек кој се користи во хомеопатското лекување поминал низ процесот на испитување. Приготвениот лек се дава на група здрави испитаници (со контролна група – едни го добиваат лекот, а други плацебо) се до појавувањето на првите симптоми. Се прави прецизно и детално забележување на сите симптоми на физичко, емотивно и ментално ниво. Вкупните собрани симптоми ја представуваат сликата на лекот.

Потенцирање на лекот

Хомеопатскиот лек делува на виталната сила и причината за појава на болеста, а не на симптомите кои се последица на истата. Бидејќи виталната сила е динамична и лекот кој го даваме мора да биде динамичен, што се постигнува со потенцирање на лекот. Потенцирањето на лекот е посебна постапка кој се состои од разблажување-разредување и силно протресување на шишенцето во кое се наоѓа лекот (удирање на шишенцето од тврда подлога), така да во хомеопатскиот лек нема ниеден молекул од основната супстанца од која е направен.

Правило на препишување на еден лек

Хомеопатијата е холистичка метода и затоа симптомите ги посматра како израз на пореметена витална сила и врз основа на тоталитетот на симптомите се препишува еден лек кој го покрива основното пореметување на виталната сила.

Херингов закон – насоки на излекување
Овој принцип го поставил Константин Херинг, следбеник на Ханеман. По овој закон го пратиме текот на хомеопатското лекување, односно движењето на симптомите.
* Од внатре кон надвор – ако симптомите се движат од внатрешните органи кон кожата тоа значи дека препишаниот лек е добар и лекувањето се одвива во вистинска насока.
* Од поважни кон помалку важни органи – ако симптомите се повлекуваат од срце и одат на зглобови, лекувањето добро се одвива.
* Од горе према долу – ако пациентот има кожни проблеми на лицето, а после дадениот лек симптомите се спуштат на кожата околу половината, тоа значи дека пациентот се подобрува.
* Од симптомите кои последни се појавиле кон симптоми кои први се појавиле – добро е кога симптомите се повлекуваат по обратниот редослед од нивното настанување.

Извор: http://biohol.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=104:2009-09-15-08-29-40
_______________________________
Е сега, искуства?
Аватар на корисникот
Bright

Жолто цветче
 
28582113
Мислења: 2150
Зачленет: 25 Ное 2009, 15:20
Локација: Чуден свет.
~ I let love in ~

Мислење 31 Мај 2010, 16:40

Јас сум го слушнала зборот хомеопатија, ама не сум знаела што точно значи, фала за информциите Bright. Не знам кој се занимава со тоа кај нас, инаку сум слушнала за лекување со дроги и отрови кои во мали количини се лековити, тоа е хомеопатија така, добро сум разбрала ? :)
Или што би рекле србите, КЛИН СЕ КЛИНОМ ИЗБИЈА :D
Аватар на корисникот
irenna

Жолто цветче
 
13471499
Мислења: 2546
Зачленет: 01 Дек 2009, 20:19
Локација: Скопје
There are three ways to do something: good way, bad way and my way

Мислење 02 Јун 2010, 11:54

Ама јас прашав за искуства. За тоа што е и како функционира знам поприлично, и под хомеопатска терапија за мигрена сум година и пол веќе. Сакав само да знам дека и други луге имаат позитивно искуство од Хомеопатија.
Аватар на корисникот
viku

Сино цветче
 
10288
Мислења: 162
Зачленет: 31 Мај 2010, 13:10
Купчето камења престанува да биде обично купче камења кога некој го набљудува имајќи на ум идеја за Катедрала!

Мислење 08 Јун 2010, 03:28

viku напиша:Ама јас прашав за искуства. За тоа што е и како функционира знам поприлично, и под хомеопатска терапија за мигрена сум година и пол веќе. Сакав само да знам дека и други луге имаат позитивно искуство од Хомеопатија.

Zdravo , se sekavam kaj Janko - Jadi burek imase eden gostin koj sto lekuvase ako ne se lazam so metoda na cist kislorod nekako taka bese , i mislam deka migrenata ja vbrojuvase vo onie problemi kaj koi sto so ovoj metod se postignuva golem procent na uspeh ... ako nekoj znae nesto ili se sekava neka pise , ili ti mozebi veke go imas isprobano toa .
p.s a za necie iskustvo do sega so h.t nemam slusnato , ako mi pomine niz usi ke ti pisam :) pozz
Аватар на корисникот
PetraPanka

Сино цветче
 
02
Мислења: 100
Зачленет: 05 Јун 2010, 06:50

Мислење 08 Јун 2010, 14:30

Јанко го имам видено кај мојата хомеопатка,два- три пати, а и таа еднаш му беше во емисија!
Аватар на корисникот
viku

Сино цветче
 
10288
Мислења: 162
Зачленет: 31 Мај 2010, 13:10
Купчето камења престанува да биде обично купче камења кога некој го набљудува имајќи на ум идеја за Катедрала!

Мислење 15 Јул 2010, 02:29

јас имам поголемо искуство со хомеопатијата.се лечам хомеопатски веќе 4 години. и сум многу задоволна! Треба да се почитуваат правилата од хомеопатот и да се има трпение.Доброто во хомеопатијата е што не ја лечи одредената болест само туку цел организам во целост и плус хомеопатските лекови немаат несакани дејства-ги користат и децата животните, бремените жени.
mondrian

Фем почетничка
 
11
Мислења: 6
Зачленет: 15 Јул 2010, 02:22

Мислење 09 Авг 2010, 13:40

јас сум корисник на хомеопатија и тотално ја подржувам ефикасна е т.е најефикасен метод имав проблеми со јајниците и со кожата а за тоа користев апис тоа е отров од змија се прима во вид на зрна се става под јазик нема никаква хемија туку хомеопатијата е информација која мозокот ја прима дека нешто не е во ред во телото и потоа организмот целосно се насочува кон негово лечење
Аватар на корисникот
fejsbuk

Фем почетничка
 
21
Мислења: 20
Зачленет: 16 Јул 2010, 16:07

Мислење 09 Авг 2010, 13:41

и заборавив да споменам дека исто имав и нередовна менструација и сега се се среди


Опомена од модератор:
Не пишувајте две мислења едно по друго. Наместо тоа, користете го копчето Редактирај.
Аватар на корисникот
fejsbuk

Фем почетничка
 
21
Мислења: 20
Зачленет: 16 Јул 2010, 16:07

Мислење 06 Дек 2010, 17:01

mondrian напиша:јас имам поголемо искуство со хомеопатијата.се лечам хомеопатски веќе 4 години. и сум многу задоволна! Треба да се почитуваат правилата од хомеопатот и да се има трпение.Доброто во хомеопатијата е што не ја лечи одредената болест само туку цел организам во целост и плус хомеопатските лекови немаат несакани дејства-ги користат и децата животните, бремените жени.

Bi sakala ako moze da mi ispratis broj od tvojot homeopat.
Blagodaram!


Потсетување од модератор

Ве молиме пишувајте на кирилица. Ако не знаете како, прочитајте овде.
Goka19

Фем почетничка
 
01
Мислења: 1
Зачленет: 20 Ное 2010, 11:32

Врати се на Алтернативна медицина

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 5 гости

Site Meter