Јас ја користам веќе доста одамна. Зачин кој има силна боја, но не толку силна арома, а сепак зачинов е сличен на карито. Најмногу се употребува во индиската храна.
Не знам од кај си но јас знам за една тезга на зелено во Скопје, каде со сигурност може да се купи, има една женичка која ги продава сите постоечки и непостоечки зачини на светов и доста знае да ти објасни околу секој зачин.
Куркумата ја користам во комбинација со мед кога сум настината и ми хрчат бронхиите или пак многу кашлам. Инстантно ја ублажува кашлицата и го подобрува дишењето. На голема, супена лажица ставам мед и малку куркума, 3 пати на ден.
Исто така е полезна за желудникот.
Велат и дека се користи како лек против ракот, но на кој начин не знам....веројатно треба да се збогатат јадењата со овој зачин, и тоа е тоа.