Здраво девојки,
значи вака прво да се разбериме иако сум поддржувач на алтернативната медицина и ја применувам доста во работата цисти на јајници тешко дека со тревки и чаеви можат да се излекуваат.
Друга работа многу е важно какви се цистите и трето јас сум дијагностицирана со полицистични јајници веќе 12 години. Можам да ви раскажам за моето искуство и мојот случај па сами видете си дали ќе ви помогне. На почетокот тешко ми ја поставија дијагнозата и тоа беше 90% зафатеност од цисти на двата јајници. Во опсервација ановулаторни циклуси и неплодност. Е сега јас од кога памтам за себе си имам редовен циклус како по часовник, на времето многу болен и редовни овулации но нејсе. Имав некој други стресни моменти тој период и многу голем хормонален дисбаланс направив, а од страна на терапија не смеам да примам никакви контрацептиви бидејќи не ги поднесувам. Во тоа време беше експериментално и нестандардно лекувањето за полицистични јајници со тбл. Метформин - тоа са таблети за диабет кои имаат неспецифично дејство и го блокираат растот на цистите, односно се врзуваат со рецепторите и ги уништуваат. Јас веќе 12 години ги пијам, одам на 6 месечни контроли кај проф. Крстевска на ендокринологија бидејќи полицистичните јајници предизвикуваат хиперинсулинемија и таа ја контролирам и во зависност од вредностите на инсулинот ја корегирам терапијата, веќе 12 години немам никакви цисти освен повремени фоликуларни, имам сеуште редовна. нормална, без болки и обилни крварења менструација и редовни овулации со по две јајце клетки. ( редовно одам кај гинекологот). Единствен проблем што го имам е зголемената тежина која и покрај здравиот режим на исхрана кој го имав тешко ја контролирам.