За ешерихија коли
Во 1 л бело вино се ставаат 60 чена лук или како што мерев околу 100 грама, се чистат и пресекуваат неколку пати. Се става на тивок оган додека зоврие и кога ќе почне да врие се остава да врие уште 5 минути. Цело време од самиот почеток се става капак на тенџерето и не се вади додека не излади целосно. Значи откако зоврие уште 2 часа се остава да се лади. Потоа се процедува и се чува во ладилник. Се пие 3 пати дневно, половина час пред јадење по едно чаше за ракија и лекувањето трае 9 дена. Колку што забележав досега имал доста големи и позитивни резултати и за други бактерии. Што се однесува до вкусот можам да ви кажам дека повеќе има вкус на виното отколку на лукот. Го пијам леков еве една недела, па кога ќе направам проверка ќе ви соопштам за резултатите.
И еве уште еден кој досега многу се покажал како превентива од грип и настинки.
2 лажици жалфија
1 главица лук
1 лимон
500гр. мед
100мл прополис
Лимонот и исчистениот лук се мелат на машина (лимонот заедно со кората). Потоа се додава жалфијата и се попарува со 500мл зовриена вода. Се остава да стои 2 часа потоа се процедува и се додава медот и прополисот. Се зема 3 пати дневно пред јадење. Од искуство, една личност потврдува дека додека го користела (го користела во зимен период) ни еднаш не се разболела или имала секрет во носот. Исто многу помагала и за ешерихија коли.
Можете да изберете.






