Хемороидите се проширени вени околу анусот.
Може да бидат внатрешни или надворешни. Народната медицина препорачува кај надворешните хемороиди премачкување со сок од цвекло и мед во однос 1:1 .
Кај внатрешните треба да се пие чај од подабиче ,ајдучка трева, овчарска торбичка, коњско опавче и црвен кантарион.
Еднакви количини од билките се мешаат и две лажици од смесата врие две минути во половина литар вода.
Се трга од огин и се остава да стои 10 мин. а потоа се цеди и се пие засладен со мед.




