Незнам колку од вас сте запознаени со оваа габа, но познато е дека многу помагаат и за нормализирање на крвниот притисок, холестеролот, нивото на шеќер во крвта, го зголемуваат имунитетот, а и ги намалуваат ризиците за канцерогени заболувања.
Аха, и ова. Еден мој другар пред неколку години ги имаше кристаливе и пошто нормализираат секаков дисбаланс во телото, човеков имаш 107 кила и ослабе на 75. Неговиот брат беше слаб стапче, се здебели.
Па ќе ми се најдат за слабеење и зголемување на имунитет. Исто имав многу висок притисок, сега ми се среди али знае на моменти да се покачи.
И уште ова. Другаров е алергичен на мачки, арно ама откако ги пие нив, сега си чува и мачка и нема проблем. Значи лечат и алергии што ниеден друг лек не може.
Начин на приготвување
За тегла со волумен од 1 литар потребни се:
* 3-4 кафени лажички кефир
* литар вода
* 2 (големи) лажици шеќер
* 20ина зрна суво грозје(може и суви смокви/кајсии да се ставаат,но не смее да се става свежо овошје)
* Опционално може и парче од лимон да се стави за нормализирање на pH вредноста на напитокот

Вака теглата треба да стои минимум 24 часа на собна температура за да може доволно да ферментира напитокот. После изминување на 24 часа течноста се пие или се чува во шише во фрижидер, па во теглата повторно се додава вода, шеќер и суво овошје за следниот ден. Доколку не се стави шеќер во водата, габите ќе умрат. Исто треба да се внимава со лажиците (кристалите не треба да дојдат во контакт со метал, па затоа пожелно е користење на пластични лажици) и водата која се става во теглата пожелно е да биде дестилирана (да нема хлор во неа).
Истотака капачето од теглата треба да биде маааалку поотворено. За да дишат.
Слично е како комбухата, само што со неа треба многу повеќе одржување потешко е. Ова ти одзема 5 минути само. Пиеш секој ден од течноста колку сакаш, чаша две, три.
Јас ги имам веќе два дена, се размножуваат за недела -две, па ако сака некој може да му подарам.
И ќе дообјаснам лично како се чува и користи.
Еве и еден клип отприлика да се виде.




