ТЕМА: Количка

Мислење 06 Јан 2011, 19:57

Деновиве сакам да купам количка за моето бебенце. Најмногу ми се допаѓаат количките со три тркала и сега за сега ми се допадна најмногу Graco Trekko која чини 300 евра. Цената е ок , во Mothercare слична е 600 евра |(
Ме интересира дали некоја од вас ја имала оваа количка и како сте задоволни?

Слика

http://www.gracobaby.eu/en_EU/product/6T98/
Аватар на корисникот
koritsaki

Жолто цветче
 
717596
Мислења: 1302
Зачленет: 01 Мар 2010, 02:25
Локација: Greece
Слика
Слика

Мислење 06 Јан 2011, 21:49

koritsaki напиша:Деновиве сакам да купам количка за моето бебенце. Најмногу ми се допаѓаат количките со три тркала и сега за сега ми се допадна најмногу Graco Trekko која чини 300 евра. Цената е ок , во Mothercare слична е 600 евра |(
Ме интересира дали некоја од вас ја имала оваа количка и како сте задоволни?

Слика

http://www.gracobaby.eu/en_EU/product/6T98/

Ние ја имаме за нашата ќерка купено, и верувај нема да зажалиш...Од кај мене улицата катастрофа сме ја возеле и по парк и нема гајле ни да шкрипне ни ништо..Единствено бара поголем гепек во колата, ако немате таков проблем прекрасна е ...Бидејќи предното тркало се врти 360степени многу лесно се маневрира во простор а со друга количка со 4 тркала тоа не е можно..Топло ти ја препорачувам, и да знаеш дека нема да згрешиш не ја мисли воопшто но уште нешто..Кога се монтира предното тркалце се подмачкува тоа нема да ти го кажат еве еден совет од мене...И пиши за што се одлучи :)
mili4kask

Фем почетничка
 
51
Мислења: 31
Зачленет: 03 Јан 2011, 16:58

Мислење 06 Јан 2011, 23:05

Внука ми ја има оваа количка од Graco. Презадоволни се родителите. Убава е за возење на „долги“ стази. Можеби е поголема, но сепак е супер стабилна и убава. ;)
Аватар на корисникот
Bright

Жолто цветче
 
28582113
Мислења: 2150
Зачленет: 25 Ное 2009, 15:20
Локација: Чуден свет.
~ I let love in ~

Мислење 06 Јан 2011, 23:08

Фала многу за одговорите. Ме интересира дали заедно со оваа количка оди плус седиште за кола? Зашто гледав на страната на грацо дека е поставено такво седиште за да го гледаш бебето од напред :?:
Аватар на корисникот
koritsaki

Жолто цветче
 
717596
Мислења: 1302
Зачленет: 01 Мар 2010, 02:25
Локација: Greece
Слика
Слика

Мислење 06 Јан 2011, 23:10

А бе една количка 300 евра ?????? Лелееее мајко мила што ме чека пу пу пу ....
И кај нас во Македонија се истите цени ??
Инаку баш ми се допаѓаат ваквите колички, гледам наоколу само такви "се возат".
Аватар на корисникот
blond

Жолто цветче
 
33443178
Мислења: 1923
Зачленет: 24 Сеп 2010, 10:11
Слика

Мислење 06 Јан 2011, 23:13

blond напиша:А бе една количка 300 евра ?????? Лелееее мајко мила што ме чека пу пу пу ....
И кај нас во Македонија се истите цени ??
Инаку баш ми се допаѓаат ваквите колички, гледам наоколу само такви "се возат".

да блонд , јас сум моментално во мк и дојдов од овде количка да си земам. добро е што и толку ја најдов..во гр количка под 500 евра нема :x
Аватар на корисникот
koritsaki

Жолто цветче
 
717596
Мислења: 1302
Зачленет: 01 Мар 2010, 02:25
Локација: Greece
Слика
Слика

Мислење 06 Јан 2011, 23:16

Бебешките колички се многу скапи, ама ајде мора да се купи - со една квалитетна ќе можеш и 2, па и 3 деца да поминеш ;)
А седиштето за во кола се доплатува сигурно. За внука ми седиштето чинеше 100 евра. Навистина корисно е, бидејќи ако си сам не ќе можеш да употребуваш кола, а вака со седиштето - го седнуваш и возиш! 8)
Аватар на корисникот
Bright

Жолто цветче
 
28582113
Мислења: 2150
Зачленет: 25 Ное 2009, 15:20
Локација: Чуден свет.
~ I let love in ~

Мислење 07 Јан 2011, 02:41

СликаСликаСликаСликаСликаСликаСлика
Аватар на корисникот
BoaVista

Жолто цветче
 
55875579
Мислења: 2494
Зачленет: 23 Авг 2010, 01:40
Слика

Мислење 07 Јан 2011, 12:16

Има убави и квалитетни колички за пониски цени. 300 евра е премногу за количка, тоа е мое мислење. Има и до 100 евра колички во Chicco, може и постари модели да се, не мора најнова „технологија“. Важно е да е удобна, ергономична и лесна за маневрирање, и секако, квалитетна, а цената не е гаранција дека ќе го добиеш сето тоа. Како и да е, евентуално и да се плати поскапо, со повеќето колички одат торба за пелени, седиште за во автомобил за бебиња слични на релаксатор, потоа мислам дека имаше нешто како браник за дожд, и повеќето имаат опција за менување на страната на рачката, да си го гледаш бебето цело време, или пак тоа да гледа :)
Со Gracco количките мислам дека не оди ништо плус, ја добиваш само количката. Брат ми и снаа ми купија за помалата ќерка количка од Gracco и не добија ништо со неа. А друга негативна работа е тоа што количката беше прекратка за девојчето, но сепак можат да ја користат за седење.
За идните мамички, има еден Бебе Супермаркет, имаат страна на ФБ, со слики од нивниот асортиман. Слободно побарајте ги - имаат добри колички за ниски цени, од кои многу луѓе се задоволни.
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
21643422
Мислења: 3529
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 07 Јан 2011, 12:23

Annath напиша:Има убави и квалитетни колички за пониски цени. 300 евра е премногу за количка, тоа е мое мислење. Има и до 100 евра колички во Chicco, може и постари модели да се, не мора најнова „технологија“. Важно е да е удобна, ергономична и лесна за маневрирање, и секако, квалитетна, а цената не е гаранција дека ќе го добиеш сето тоа. Како и да е, евентуално и да се плати поскапо, со повеќето колички одат торба за пелени, седиште за во автомобил за бебиња слични на релаксатор, потоа мислам дека имаше нешто како браник за дожд, и повеќето имаат опција за менување на страната на рачката, да си го гледаш бебето цело време, или пак тоа да гледа :)
Со Gracco количките мислам дека не оди ништо плус, ја добиваш само количката. Брат ми и снаа ми купија за помалата ќерка количка од Gracco и не добија ништо со неа. А друга негативна работа е тоа што количката беше прекратка за девојчето, но сепак можат да ја користат за седење.
За идните мамички, има еден Бебе Супермаркет, имаат страна на ФБ, со слики од нивниот асортиман. Слободно побарајте ги - имаат добри колички за ниски цени, од кои многу луѓе се задоволни.

Да имаш право со количката од Грако не иде седиште за кола , само едно како навлака со патент , изгледа тоа е кога го поставуваш бебето за да го гледаш од напред и за да не му студи ( бар така ми покажа продавачката во рамстор ) а за Бебе Супермаркет ги имам за пријател ама како што гледам на сликите немаат такви колички со три тркала :?:
Аватар на корисникот
koritsaki

Жолто цветче
 
717596
Мислења: 1302
Зачленет: 01 Мар 2010, 02:25
Локација: Greece
Слика
Слика

Врати се на Бебе

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 3 гости

Site Meter