ТЕМА: Брак без секс

Мислење 26 Дек 2011, 01:11

SANY4E напиша:знам како ти е јас имам 6мес ќерка сопругот гледа порно а мене не ме чепка односи дали имаме 2пати неделни и тоа несвршува,гледавме заедно он зјапна у нив јас и заспав не ни ме примети,му казав дека ми смета шо гледа ми ре4е обро не гледам веќе,само што испаднав надвор и се втратив одма он имаше пуштено пак....и нз што да правам....

Па гледај и ти ;) Мораш и ти да допринесеш малку,да го зачиниш љубовниот живот.Можеби само низ таков период поминува,се надевам ке ви се среди односот (сексуален) :)
Аватар на корисникот
wildflower

Фем почетничка
 
36
Мислења: 10
Зачленет: 12 Дек 2011, 22:23
Слика

Мислење 28 Дек 2011, 21:04

Девојки сакам да кажам една работа, во брак сум и сега што веќе еден месец неможам да се средам во главата на секс ни не помислувам хммммммм, не е лесно немојте пребргу да дејствувате со глупи одлуки од мене толку, а некои не се средени ни по 5-6 месеци да не отишол со друга
Аватар на корисникот
Karanfil1

Фем почетничка
 
221
Мислења: 38
Зачленет: 15 Ное 2011, 21:38

Мислење 09 Фев 2012, 13:28

kvadros напиша:Во брак сум повеќе од 10 години, од кои последните неколку без секс. Жена ми е секогаш преокупирана со работата, со детето и никогаш нема време за нас двајцата. Наоѓа секакви изговори само да не бидеме интимни. Последните неколку пати кога имавме секс одвај чекаше да заврши работата. Не мрда, глас не пушта, изгледаше како да имам секс со труп.
Со сестра и на телефон има време да тупи по 2 саати, оди на шопинг со пријателки, само за мене нема време.

Со неа сум уште од школска клупа. Таа ми беше првата сериозна врска, таа ме бркна мене. Сексот никогаш не беше нешто сјаен ама беше ОК. Прво се чувавме за брак, после направивме дете и потоа тоа се случуваше се поретко, за да на крај го снема.

Според неа нема тука никаков проблем. Сексот не е наважната работа во бракот.??? Ме обвинува дека ако ја напуштам на сите ќе им каже дека тоа сум го направил заради секс.
Ми ја руши самодовербата до даска. Не знам дали само мене ми се случува.

Таа има машки пријатели кои јас не ги дружам, ама ја гледам дека има аверзија кон сексот и претпоставувам дека ништо не се случува. Таа не може да смисли секс. Затоа знам дека нема ништо. И не е само сексот, туку немаме никаква блискост. Ме бацува ако воопшто ме баци во ретки прилики, кратко на образ како баба ми да ме бацила.

Шетаме, се дружиме со пријатели редовно за викенди. Пред некоја година ја однесов на шетање на друг континент. Никаков секс не падна.
Едно време викаше дека сум се здебелил. Запнав, ослабнав, ги стопив килограмите за неколку месеци. Камо секс? Ништо од секс.
Има големи ангажмани на работа, ајде јас се грижам околу детето, работиме домашни, чистам дома за да таа не биде оптоварена со обврски, ...ама од секс повторно ништо!

Не сака да чуе за советувалиште или психолог. Според неа се е во ред, најнормално. Искрено и мене ми е незгодно да барам помош за секс од некој друг. Можеби таа игра на токму на таа карта.

Сме разговарале, многу работи правам за неа. Таа вика дека сексот нејзе не и треба воопшто.
Некои викаат дека е неверство? Сте виделе ваков случај во животот?
Еден изговор, па тера со тој изговор до каде може, па после друг изговор, па со тој... ако веќе нема друг изговор, тогаш универзалниот е дека не е заинтересирана, не и треба.
Едно време чекав таа да иницира, да не биде дека секогаш јас ја притискам и да не доаѓа како обврска. Се изначекав со месеци и пак ништо!!!!
Сега да го почнам муабетот што и како, ќе ми рече, Ти пак со тој твој муабет за сексот?! Дај порасни веќе!
Очигледно чека да се откажам.

Би ценел мислење од некој кој е во брак. Уште повеќе ако имал ваков или сличен проблем и успеал да го реши. Не сакам да го растурам бракот, но не гледам друг излез освен да почнам некоја врска на страна. Дали ова ви се има случено некогаш?

не знам што да ти кажам ама јас мислам дека постои проблем ако ти тврдиш дека не е друг човек во прашање тогаш по мое е психички проблем оти не е нормално психички и физички здрава личност да нема ни мала потреба за водење љубов.не ми е сватливо и јас сум во брак скоро 5 години единствен период кога немавме подолго време секс со сопругот беше од кога ќе се породев и тоа беше неколку недели (имаме две дечина).искрено мислам дека пресреќна е што те има тебе да беше ти поинаков досега ќе си најдеше некоја,а и да е така јас не би те обвинила.правиме муабет за неколку години,а уште колку ќе треба тоа да го трпиш.мора да инсистираш на тоа да побара помош нема тука ништо срамно.се е то нормална работа.пробај поинаку побарај совет од психијатар немој да ме сватиш погрешно не за тебе едноставно објасниму го проблемот и побарај совет како би можел да и пристапиш на кој начин да разговараш со неа без при тоа ти да излезеш виновен на крај некако мора да свати дека проблемот е во неа.не може са сите да има време само вас дома не.
dimoska

Фем почетничка
 
1925
Мислења: 41
Зачленет: 17 Авг 2011, 23:11

Мислење 10 Фев 2012, 14:15

Според мене сексот е многу важна работа во однос меѓу маж и жена.Меѓутоа не и најважна.
Да се надоврзам на оваа дискусија.
Постојат луѓе и мажи и жени кои се всушност дивјаци ,да не речам луѓе кои сексот им е приоритет во животот.
Да се надоврзам на проблемот на морска,таа упорно сака секс а фидбек нема,но најважно социјалниот живот им цвета.Па ти заеби социјален живот кога нема с од сексуален живот.Да не е случајно заљубен во некоја ваша другарка,од вашето друштво?
А да се надоврзам до постот на квадрос-ок те разбирам дека сакаш секс,но по автоматизам тоа не разбира да си најдеш друга сексуална партнерка.
Тогаш во секој случај вашиот брак би резултирал со развод.
Aбе луѓе разговарајте меѓусебно со вашите партнери и најдете од каде произлегува суштината на вашите проблеми.
Aјде вака.Доколку сум во брак и недај боже можеби детето ми е болно,па како јас да сум одлично расположа за да имам секс.Зашто за да јас имам секс треба барем да сум ок во расположението,да сум опуштена за да можам да се препуштам на тој чин.
Сума сумарум проблеми очигледно има а причина никаде..
Разговор и тоа нормален продуктивен разговор,а не карање и расправии од типот па ти не ме ебеш или не ми даваш па јас сето тоа ќе го барам на друго место.
Па на крај краева тогаш луѓе зошто стапувате во брак,ако сакате само секс,Па тоа може да се добие на секое место.Секс без врска. :swear:
Аватар на корисникот
baby-star

Сино цветче
 
36113
Мислења: 194
Зачленет: 08 Фев 2012, 20:19
Слика

Мислење 10 Фев 2012, 14:44

Karanfil1 напиша:Девојки сакам да кажам една работа, во брак сум и сега што веќе еден месец неможам да се средам во главата на секс ни не помислувам хммммммм, не е лесно немојте пребргу да дејствувате со глупи одлуки од мене толку, а некои не се средени ни по 5-6 месеци да не отишол со друга

Баш така. Кога си млад, животот е пред тебе, се` ти е рамно, не можеш да замислиш брак без секс. Но, кога многу проблеми ќе ти натежнат на глава (од мали до незамисливо големи) и тоа како нема да мислиш на секс.
Најдобро си знаат тие кои се нашле во таква ситуација.
А, партнерот треба да ти биде подршка, а не одма да замине по други жени. И мислам дека нема ни да замине по други жени, па макар и цела година седел без секс.
Затоа се венчаваме во `добро и лошо` да сме заедно.

Зборувам за некои ситуации, ама не на цел брак без секс. Мислам дека не ни постои брак каде партнерите се цело време без секс. (освен ако се изневеруваат и не се сакаат, па се заедно поради децата и сл.).
Значи, брак без секс неколку недели, месеци....да, има и може да биде и оправдано е. :D
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
11851537
Мислења: 1768
Зачленет: 02 Јул 2011, 12:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 13 Фев 2012, 17:44

Веќе почнувам да се загрижувам доста. Имаме проблем односно нашиот секс. Незгодно ми е да зборувам за секс, затоа што тоа се интимни односи меѓу мен и сопругот, но имам потреба од совет. Разговарале сме 1 милион пати веќе „зошто јас несакам сексуални односи“. Одговор на тоа прашање чесно кажано-немам. Незнам зошто. От кога се породив, мислев, дека несакањето е од умората. Кога веќе не се чуствувам толку уморна, после скоро 1 година од пораѓајот, се уште немам желба. Не кажувам, дека немаме односи. Имаме, но го правам поради сопругот, да не се чуствува оштетен, а не зоштото и јас имам потребата. Зошто немам потреба? Стално си ноаѓаам оправдувањија, ми се спие, не ми е добро, некој ќе влезне во соба... Ја нема спонтаноста кај мене веќе. Се чуствувам инвалид и тоа ме депресира, а уште повеќе така се чуствува тој, си мисли, дека не го сакам веќе. Тоа многу влијае на нас како брачен пар и многу сакам да средам нештата. Знам дека проблемот е во мене. Но што е по точно? Кај сексолог треба да појдам? Психолог? Хормони да си прегледам? Или тоа со времето ќе помине? Или уште полошо-ќе се намразиме?
Молам некој компетентен да ми даде совет што да правам. Се сакаме и двајцата многу. Даваме све еден за друг, но по отношение на тоа некако не можеме да се разбереме... ;(
Аватар на корисникот
J.Ivanoska

Сино цветче
 
1351390
Мислења: 417
Зачленет: 01 Фев 2011, 11:58
Локација: Скопје
Маж, кој што е спремен на се за една жена, значи многу ја сака. Жена, која што е спремна на се за еден маж, значи го родила.
Слика
Се извинувам за правописните грешки. Се уште се учам на македонски јазик Слика

Мислење 13 Фев 2012, 19:33

J.Ivanoska напиша:Веќе почнувам да се загрижувам доста. Имаме проблем односно нашиот секс. Незгодно ми е да зборувам за секс, затоа што тоа се интимни односи меѓу мен и сопругот, но имам потреба од совет. Разговарале сме 1 милион пати веќе „зошто јас несакам сексуални односи“. Одговор на тоа прашање чесно кажано-немам. Незнам зошто. От кога се породив, мислев, дека несакањето е од умората. Кога веќе не се чуствувам толку уморна, после скоро 1 година од пораѓајот, се уште немам желба. Не кажувам, дека немаме односи. Имаме, но го правам поради сопругот, да не се чуствува оштетен, а не зоштото и јас имам потребата. Зошто немам потреба? Стално си ноаѓаам оправдувањија, ми се спие, не ми е добро, некој ќе влезне во соба... Ја нема спонтаноста кај мене веќе. Се чуствувам инвалид и тоа ме депресира, а уште повеќе така се чуствува тој, си мисли, дека не го сакам веќе. Тоа многу влијае на нас како брачен пар и многу сакам да средам нештата. Знам дека проблемот е во мене. Но што е по точно? Кај сексолог треба да појдам? Психолог? Хормони да си прегледам? Или тоа со времето ќе помине? Или уште полошо-ќе се намразиме?
Молам некој компетентен да ми даде совет што да правам. Се сакаме и двајцата многу. Даваме све еден за друг, но по отношение на тоа некако не можеме да се разбереме... ;(

Можеби ти е само период. Можеби не ги го прифаќаш телото толку добро како по пораѓајот. Пробај да си се средиш целосно, намирисај се, самата мораш да се почувствуваш посакувана. И него искарај го да биде малку спонтан ама и ти мораш да иницираш по малку. Пробај, ништо не губиш, а можеш мн да добиеш. Уживајте во вашата љубов
Аватар на корисникот
NoellePage

Сино цветче
 
472447
Мислења: 432
Зачленет: 01 Јун 2011, 15:26
Локација: Where the sun always shines
I'm just a woman, not a saint

Мислење 13 Фев 2012, 19:56

J.Ivanoska ти си млада. Ако си имала апетит за секс пред година дена, ќе се врати. Не си прва, многу двојки минуваат вакви периоди макар некои никогаш не признале или побарале помош. Минуваш низ сушен период, и се што ти треба е навика за добар секс. Секс во кој повторно ќе уживаш, како што уживаше порано, не ради реда, а колку повеќе имаш таков секс толку повеќе се разгорува желбата за повеќе. Тука си работат тие хормони. Ама тешкото е да почнат повторно да се разработат, но не е невозможно. Си била уморна, си имала други приоритети та ништо чудно дека секс не било на картите некое време.

Твоја домашна задача е да си ја вратиш страста, на која можеш сама да работиш за да ја разгориш. Кога ја најдеш страста и маж ти сама ќе го побараш. Совет(испробан :$ ) со што можеш да пробаш на пример, е некоја еротска новела. Остави визуални стимулативи, тоа е повеќе машка работа. Биди и лик во книгата ако сакаш, сама си кога читаш, нема од што да се срамиш ако режираш сценарио.
Ако би можело да ти помогне некое парче свилена долна облека, не за пред маж ти, туку ете онака за секој ден, не е измислена само за заведување, туку ако ти е убаво да ја носиш за да ја разбудиш таа заспана привлечна жена во тебе, тоа земи си. Или најди го тоа било што да е, макар да е специфична фарба за боја на коса, кармин, штикла... што и да е, што би те освежило тебе, да се чувствуваш убаво, женствено, да се погледнеш во огледало и сама да си речеш фиууу фиууу. Со тоа и другото ќе си дојде.
Аватар на корисникот
imelda

Сино цветче
 
380330
Мислења: 307
Зачленет: 24 Мар 2011, 16:56

Мислење 14 Фев 2012, 13:35

И јас го поминав истото после второто породување... Добро е што си препознала и сакаш да се смени тоа.. Јас тогаш толку ми беше одбивен сексот што се друго можев со уживање да правам само тоа ми беше како обврска што гледав да ја избегнам :tmi: , значи си се посветував максимално, но желба немав воопшто, за разлика од пред породувањето кога бев мрдната за повеќе и повеќе :lol: ..
Период е.. ќе помине....
Одвојувај повеќе време за себе и за вас двајцата сами :) иако е тоа малку тешко кога е мало бебушкото.. :worried:
Аватар на корисникот
sweet25

Сино цветче
 
91171
Мислења: 279
Зачленет: 18 Апр 2011, 08:51
Life is short... break the rules
FORGIVE quickly...KISS slowly...LOVE truly...LAUGH uncontrollably and NEVER REGRET anything that made you smile!!!

Мислење 15 Фев 2012, 10:26

ЈАС МИСЛАМ ДЕКА ИМА ДРУГА НЕ Е ТОЈ ПРЕСТАРЕН ПА ДА НЕ МУ ТЕКНУВА АКО Е ПОСТОЈАНО ДОМА 30 МИН ВО ДЕНОТ КЕ СЕ НАЈДАТ СИГУРНО А АКО НЕ Е ТОА ТОГАШ ИМА ПСИХОЛОО И ДШКО СОВЕТУВАЛИШТЕ И ШТА Е КЕ ГО РЕШАТ ПРОБЛЕМОТ
MMMKKK

Фем почетничка
 
50
Мислења: 15
Зачленет: 15 Фев 2012, 09:58

Врати се на Брак

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: nitokris и 4 гости

Site Meter