Моја беше грешката, ја поправив
Инаку, да, во брак сум, и му верувам на сопругот. Не ми дал причина за спротивното. Мислам дека кога веќе си се решил со некого да го поминеш животот, мора да имаш доверба во таа личност. Никој не вели дека е лесен животот во брак, не тече секогаш мед и млеко, не е секогаш се' розово како на почетокот, посебно затоа што понекогаш не сте целосно сами (постојат и трети лица кои се мешаат кај што не треба), без разлика дали живеете сами или не. Во бракот е потребна взаемна доверба, компромис и толеранција, но секако и љубов. Убаво е кога знаеш дека можеш да се потпреш на партнерот и во најтешките моменти и дека нема да те изневери (не мислам само на љубовно неверство).
Изгубената доверба тешко се враќа. Едноставно, веќе не го гледаш другиот со исти очи, се' е поинаку. Понекогаш и една мала незначајна лага може да доведе до разнишување на односите, што ќе значи дека сепак и не била толку безначајна.
Не знам што да ти кажам Рената, искрено се надевам дека таа случка поради која си ја изгубила довербата во сопругот не вреди да си ги расипете односите. Ама две години да се измачуваш не е мал период. Постојано да се прашуваш дали ја зборува вистината или не, каде е, со кого е, како ќе постапи... јас не би можела така.