
bubili61 напиша:Јас сум во брак 26 години.....Без причина настана голем проблем лани...лјубомора на стари години или машки климакс....јас баратам компјутер а тој поима нема,па мисли којзнае со кој се допишувам(внимавајте,ком.може и проблеми да видонесе)....Од секогаш имав доверба во него бидејќи не дозволи да дознаам никогаш за неговите врски уште од времето кога бевме дечко и девојка,а одевме 5 години.....Сега користам компјутер само на работа,дома никако,несакам да имам проблеми на моја возраст кога очекуваме децата да си ги удомиме....Сеусте му верувам само што љубовта кон него ми се намали поради една тешка увреда од негова страна .....ми ја повреди честа која ја пазев и негував од својата 17 година ......Беше густо ама заради децата се смири ситуацијата......сега се е во ред......Мора да има во животот и такви моменти за да ни биде поинтересно......Сепак му верувам и од мене има преголема слобода.....

sweet.woman напиша:schon напиша:со мојот сопруг сум 3 години во брак и сум сигурна дека крие многу работи од мене, често во кавгите ми кажува дека премногу сум наивна и не сум знаела со каков човек воопшто живеам, ми вели дека мислам дека знам се за него, а уствари не сум знаела ништо, подоцна кога се смириме ми вели дека тоа го кажувал онака...но нешто ми вели дека ме лаже што да правам навистина незнам....
дали е пијан кога тоа ти го кажува или е трезен.. зошто мислам ако е пијан може така да треска глупости а ако е на трезен начин треба да преиспиташ таа работа. ако го пушташ да излегува да се шета кај што сака можеби има швалерка внимавај..
stetoskop напиша:Доверба-многу тешко се стекнува,а за час се губи.Тешко е кога нема доверба меѓу брачните другари.
Еднаш ќе се изгориш,а потоа ќе дуваш и во матеница.
Еее,бабичката моја покојна,кога стануваше збор за доверба само едно знаеше да каже:
„Јас во мојот газ немам 100%доверба-незнам кога ќе прдне и ќе ме посрамоти,а не пак во некој друг да имам 100% доверба“
Така да верувајте си еден на друг,ама секогаш нека има и малку резерва,барем по некои прашања.

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: nitokris, WildCherry и 4 гости