ТЕМА: Домазет

Мислење 29 Ное 2011, 21:21

А, што ако доаѓа домазет, а невестата си има женат брат?

Еве го случајот: Братучеда ми е мажена веќе 6 месеци. Живее во куќа на два спрата со свекорот и свекрвата.
Сестрата на маж и` (золвата) е мажена, има две дечиња и живеат во стан.
Но постојано се жалат како во станот не им е удобно, имало влага, а не сакаат да побараат ново место, се решиле да дојдат во куќата.
Мажот од братучеткава изјавил дека не може да се меша во татковата куќа (не ја изградил тој). На братучеткава не и` е сеедно. И пред тоа имаше голема доминација од золва и` (пр. не и` дозволувала за визита од маж и` да меси кифли без таа да дојде и да каже како да се прават) и ред мнооогу случки.

Што би постапиле вие ако се најдите во ваква ситуација?
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
11851537
Мислења: 1768
Зачленет: 02 Јул 2011, 12:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 29 Ное 2011, 21:26

girl.23 напиша:А, што ако доаѓа домазет, а невестата си има женат брат?

Еве го случајот: Братучеда ми е мажена веќе 6 месеци. Живее во куќа на два спрата со свекорот и свекрвата.
Сестрата на маж и` (золвата) е мажена, има две дечиња и живеат во стан.
Но постојано се жалат како во станот не им е удобно, имало влага, а не сакаат да побараат ново место, се решиле да дојдат во куќата.
Мажот од братучеткава изјавил дека не може да се меша во татковата куќа (не ја изградил тој). На братучеткава не и` е сеедно. И пред тоа имаше голема доминација од золва и` (пр. не и` дозволувала за визита од маж и` да меси кифли без таа да дојде и да каже како да се прават) и ред мнооогу случки.

Што би постапиле вие ако се најдите во ваква ситуација?

Има една стара поговорка ,, ЗЕТ КАКО МЕТ А СИН КАКО ПЕЛИН ,,,! ај можеби има нешто вистина !??
Аватар на корисникот
soco

Сино цветче
 
145158
Мислења: 383
Зачленет: 12 Мар 2011, 19:51

Мислење 29 Ное 2011, 21:32

Соко, поговоркава ти е метафорички кажано? :wasntme:
И не те разбрав баш. :$

Да појаснам, родителиве се премногу сврзани за ќерката и таа е главна, па затоа и многу го `тинтраат` зетот заради ќерка им, да е убав, добар со неа. Знаете политики....
Така да, овде синот и не е баш во прв план.
А, за братучеткава и да не правиме муабет. (имаат многу проблеми, многу се лоши кон неа, а девојчево е право бубаче, жал да те фати, ама ај да не ширам овде).
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
11851537
Мислења: 1768
Зачленет: 02 Јул 2011, 12:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 02 Дек 2011, 10:29

Не можам да редактирам.

За ова новопеченово домазетче немате некој збор, совет?? :?:
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
11851537
Мислења: 1768
Зачленет: 02 Јул 2011, 12:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 08 Јан 2012, 18:43

^^ Може не сум компетентна да коментирам, имам само 15 години ама мислам дека најдобро ќе е братучетка ти и маж и да се иселат од таа куќа !
Ако веќе толку ја газат, и се однесуваат со нив како кон „13-то прасе“ зошто да живеат заедно.
Тоа не е живот !

Инаку јас не сакам да живеам со моите кога ќе се омажам, ни па со свекрва или свекор...
Зошто колку си подалеку толку поарно се однесуваат со тебе, барем така е кај нас дома.
Аватар на корисникот
Victorian

Сино цветче
 
82149
Мислења: 169
Зачленет: 04 Јан 2012, 01:30
Слика

Мислење 09 Јан 2012, 01:30

Имам јас братучед кој е домазет па кога ќе одам кај нив на гости се чувствувам многу глупаво бидејќи се случило два-три пати да се замерат со баба му пред мене и стварно е недолично. Друго е снаа и свекрва а друго е баба и зет. Мислам дека ме сваќате што сакам да кажам. А во однос на живеењето сами јас би ви кажала дека туѓото е секогаш послатко. Јас, мм и детето живееме сами во двоспратна куќа и во почетокот тоа ми одговараше. Никој не можеше да ми речи ни збор бидејќи никој не знаеше ништо за мене дома, ни дали сум ги измила чиниите, или сум станала во 12, дали сум го наместила креветот... Ама сега сваќам дека убавината не е во тоа, ја гледам јатрва ми (живеат заедно со свекор ми и свекрва ми) колку и да се искараат или да си замерат, секогаш свекрва ми и спрема ручек и ја чека да дојде од работа да седнат да јадат, и помага се дома и ги чува децата и понекогаш тоа искрено ми фали.
anina

Фем почетничка
 
50
Мислења: 29
Зачленет: 17 Мар 2011, 14:52

Врати се на Брак

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: nitokris и 5 гости

Site Meter