ТЕМА: Финансиите во бракот

Мислење 09 Јан 2012, 01:13

Кај нас ситуацијата е многу едноставна. На први земаме и двајцата плата и парите стојат кај мене бидејќи ако се кај мм може за два дена да бидат потрошени двете плати. Не дека излегува и пие или се коцка, туку едноставно би ги потрошил парите на глупости за кои не можам ни пример да дадам. Кажува колку пари му требаат ако наумил нешто и јас му давам ама само ако мислам дека е разумно и потребно. Пак за чудо некое ме слуша ако речам - е за тоа пари не давам! Единствено контакт со семејниот месечен буџет има кога ги подигнува двете плати и оди да ги исплати сметките.
anina

Фем почетничка
 
50
Мислења: 29
Зачленет: 17 Мар 2011, 14:52

Мислење 08 Фев 2012, 14:11

Кога почнавме да живееме заедно и двајцата работевме,ама никогаш не сме правеле муабет кој што ќе плаќа. Па така он ги плакаше сметките, јас главно по набавки за дома зашто ако го пуштам во продавница и му кажам да купи 2 работи-едната сигурно ке ја заборави :D. Останатите работи-ги купувавме кој има пари во џеб-во моментот. Но и двајцата сме рационални и си веруваме еден на друг...
После останав без работа.Повторно он плаќа сметки(јас мразам шалтери), јас се останато...само со една плата. Шизици сме кога ќе ни остане заштеда на крај на месец.Оскудација. Ј.би га! :(
Туку, се надевам дека брзо ќе се вработам-па ке има повеќе за трошење. И онака се е НАШЕ :lol:
Аватар на корисникот
veronikaveronika

Бело цветче
 
5252
Мислења: 94
Зачленет: 09 Мар 2011, 02:59

Мислење 10 Фев 2012, 12:12

Со бившиот уште додека бевме во врска се знаеше дека се е заедничко, се на куп и кај мене, јас се грижев за парите... Јас тогаш не работев и пари добивав од моите, потоа од кај него од фирма,и морам да кажам дека многу влијаат финансиите на бракот, бидејки откако виде мајка му дека неговата картица е кај мене, почна да го сска против мене, и ако најблизок ти се уврти против тебе нормално дека ќе успее да те скара... Почна да вика дека колку ќе земам јас од моите толку да земе и мм од фирма, остатокот биле за него, па дури и ако им фалеше нешто на децата одеднаш јас веќе не смеев да земам од тие пари, се научи да вика да не му се мешам во џебот :fubar: и бев премногу на товар на моите бидејки веќе и живеевме кај нив а не плаќавме за ништо, него неговите пари му станаа негов џепарац, а од друга страна ми викаше дека не може јас да идам кај некој друг да работам , значи само од моите да зимам, и едно по друго , од лошо на полошо, си дојде до развод...
Значи финансиите и те како се битни , а ако некој близок ти се уврти да ти го уништи бракот :x .
Аватар на корисникот
sweet25

Сино цветче
 
91171
Мислења: 279
Зачленет: 18 Апр 2011, 08:51
Life is short... break the rules
FORGIVE quickly...KISS slowly...LOVE truly...LAUGH uncontrollably and NEVER REGRET anything that made you smile!!!

Мислење 11 Фев 2012, 07:19

Кога почнавме со мм да живееме заедно, сметките беа негова должност, храната моја, така е и сега кога сме во брак.
Сметки за кредитни картички, рати за автомобил итн, секој сам си плаќа, не рачунам на неговата плата за мои потреби, не сакам ни да рачуна на мојата плата за негови потреби.
Заедничка сметка немаме, освен онаа за синот што ни е.
Немам тефтер па да водам сметка кој последен купил прашак, така не би се однесувала ни со цимер, ама не сакам да имам контрола врз неговите пари, а ни пак тој врз моите пари.

Мене ми е ептен глупаво тоа мажот и ја дава цела плата на жената, и после тоа што grown ass man ќе бара од жената пари за цигари, а и обратна кога е ситуацијата.

Иако сум во брак си ја сакам својата независност, не сакам да морам да давам отчет за тоа што и како сум купила, не сакам ни тој мене да ми дава отчет за се што купил.
Двајцата сме разумни кога станува збор за пари можеби затоа и немам некој проблем кога станува збор за финансиите.
Добро или лошо ние вака функционираме скоро 5 години,ваљда ни е добро, не сме имале ниту една караница во врска со пари.
Аватар на корисникот
bittersweet

Зелено цветче
 
14622127
Мислења: 542
Зачленет: 28 Ное 2010, 06:30
Локација: where the sun almost always shine`s
Making the decision to have a child is momentous. It is to decide forever to have your heart go walking around outside your body.

Мислење 25 Фев 2012, 21:50

Кога земав помала плата,тој настојуваше да плаќа сметки и несакаше да земе пари од мене,освен некогаш за кирија.з.Секако дека учествував во јадење и други обврски,но за жал неможев многу.Денес земаме приближно иста плата .Многупати сум му рекла да ги извадиме цели платите и да ги ставиме на едно место,ама тој не сака вели демек вака ќе сме заштеделе ,кога ќе сме ваделе кога ќе ни треба ,што нема врска,може да се отиде во некој минус,штедење јок :lol: Така да,кој што стигне плаќа.Киријата ја делиме сеуште :lol: ,ако стигнам платам јас сметка,ако стигне тој,воопшто нема поделба.Јас земам редовно плата најкасно до 5ти во месец,тој зема околу 15ти сметка и околу 20ти на рака зема плус,така да баш убаво што не ги земаме одеднаш зошто до крај на месец ќе биде тесно(не дека и сега не е).Сум приметила дека и како кога ми беше дечко и ми одеше по ќеф кога стануваше збор за купување,и денес ако бендисам нешто и сакам да си го купам тој ќе ми гоз еде од рака и ќе ми рече дека сака да ме почасти :lol: и ќе го плати тој. :lol:
Инаку знам неколку пара што си функционираат-секој сам за себе.Гледам функционираат а како незнам.Во секој случај,крајно себично :puke:
Аватар на корисникот
eli25

Зелено цветче
 
26453259
Мислења: 899
Зачленет: 19 Сеп 2010, 17:46
Локација: Under the same sky,dreaming the same dream.
What do I want to be in 5 years?
Happy.

Мислење 27 Фев 2012, 12:22

А како би реагирале феминки кога идниот сопруг однапред ви кажува дека планира да ја помага финансиски својата мажена сестра која воопшто не се труди да најде работа?
Аватар на корисникот
soncenceto.matea

Сино цветче
 
36128
Мислења: 202
Зачленет: 21 Фев 2012, 15:02
Локација: Скопје

Мислење 27 Фев 2012, 15:05

soncenceto.matea напиша:А како би реагирале феминки кога идниот сопруг однапред ви кажува дека планира да ја помага финансиски својата мажена сестра која воопшто не се труди да најде работа?

Прво ќе го прашам како ќе го тераме месецот со тековните обврски-сметки, храна, облека... дали би ги скратувал потребите на своите деца? Да, прашај го и ако добиеш потврден одговор од него, размисли си уште еднаш во што се впушташ.
Ако многуууу заработува и не ја гиба твојата плата (ако работиш) и на крај на месецот му останува некој вишок ајде ок, да помогне ако таа навистина нема па нека одат парите за внуците.
Расчисти си ги сметките по ова прашање уште сега за да подоцна не удираш глава од зид.
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
1172496
Мислења: 2325
Зачленет: 27 Дек 2009, 01:31

Мислење 27 Фев 2012, 16:45

Јас работам,но платата моја сигурно не е толку голема за да можам туѓи семејства да финансирам,а и неговата плата исто,сме разговарале за оваа тема,ама он го разбира тоа како да ја ,,напаѓам,, неговата сестра,најверојатно поучен од домашните..
Аватар на корисникот
soncenceto.matea

Сино цветче
 
36128
Мислења: 202
Зачленет: 21 Фев 2012, 15:02
Локација: Скопје

Мислење 27 Фев 2012, 18:43

биќе вруче хаха
уте сега зеи седни со него и кази му дека тој начин него прифакас и дека за тебе тоа е неизводливо ако е така ај давај и ти на сестра ти или брат ти и изигравајте црвен крст а вие и самите ке бидете за во црвен крст
не е проблем 1-2-или 5 во одредени ситуации да им се помогне на некои луге сто ни се блиски но на секоја плата ја да имам обавеза да дадам парибило нанегови или мои не иде у обзир ако е така подобро седи си и ти и не работи па да видам од кајпари за да дава уште однапред да си знаес дека ова е мамино галенице и ке имас многи проблеми со него несамо за овојнего за било што
eva11

Сино цветче
 
8418
Мислења: 127
Зачленет: 23 Јун 2011, 01:34

Мислење 27 Фев 2012, 19:24

Маж ми ја помага мајка му по потреба. Јас ја помагам мајка ми редовно. На брат ми му имам дадено заем кој го отпишавме и рековме не постои веќе. Финансиите со маж ми не ги делиме, двајцата работиме, па фактички кога се помага и на едната и на другата страна двајцата помагаме. Ама со договор меѓу двајцата и да гледаме од нас да не скратиме, плус колку и зошто е потребата во фамилијата нели, ако треба за нешто многу важно и од мене ќе скратам. Фамилија ни се, и на него неговите мили на мене моите, ама не можам да речам јас за неговите кога треба дека финансираме туѓи семејства а за моите боли па ОК е, и обратно.

Сепак вие сеуште не сте земени а се расправате за финансии, ама засега сестра му на некој начин му е повеќе фамилија од тебе, и можеби мисли ќе продолжи секогаш да ја помага ако тоа го прави уште сега. Така е малку тоа и може затоа он се осеќа дека напаѓаш, нели уште не си му влегла во куќа а ред му ставаш, се мешаш кај не ти е местото. Макар што ти имаш оправдан гнев на неговиот план, дека вие уште не сте се средиле самите, а ваму тој мисли на кој утре може да помогне, ама он го сето тоа гледа од сегашна перспектива, кога ќе согледа реалност на свое семејство и ќе му треба платата за многу повеќе, сигурно нема да крати од вас за да даде на сестрата, туку ако му прескочи нешто а еве нејзе и треба во криза. Јас оти си ги знам нашите, по нив ќе речам дека нема да побараат помош од узур, туку од зор, а ти подобро знаеш каква е сетра му за да одлучиш како би се одвивале работите на тоа поле во иднина.
Аватар на корисникот
imelda

Сино цветче
 
380330
Мислења: 307
Зачленет: 24 Мар 2011, 16:56

Врати се на Брак

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: nitokris и 5 гости

Site Meter