ТЕМА: Идеална возраст за брак?

Мислење 18 Јан 2012, 01:21

Леле, зависи кога ќе ти созрее тиквата за такво нешто. Јас не се гледам во следниве 5/6 години во брак, едноставно имам многу други работи што сакам да ги направам, завршам и доживеам пред да го почнам тој живот. Не сакам, чувај Боже на 40 години да ми дојде желба за авантури за една ноќ и пиење текили на метар.
Не се брзам никаде, башка што нема потенцијален кандидат сеуште :D Полека полека, факсот ми е приоритет сега за сега, па друштво, одмори, пријатни вечери со моите домашните, па текилите на метар со најдобрите пријателки... има има уште многу искуства да се трупаат.
Сепак, идеална возраст за брак е кога ќе се осетиш спремен за тоа, и кога ќе ги имаш можностите за тоа, од финансиски и станбен аспект. Барем тоа би ми било битно мене. :)
Аватар на корисникот
Unica

Сино цветче
 
199173
Мислења: 323
Зачленет: 05 Окт 2010, 00:12
I carry your heart. I carry it in my heart..

Мислење 18 Јан 2012, 01:33

Ти изгледа погрешно си ме сватила....ја на крајот пишав дека сепак е индивидуално на колку години ке се омажиш.Незнам што ти е смислата на муабетов како сум го чувала детето??????? Ти може не си била доволно способна за дете на 20 год, па затоа се чудиш :P или можеби пред менопауза е најдобро да се роди дете????
читај малце по интернет и ќе видиш на колку години се смета најповолно жената да роди прво дете,па после пиши чија ситуација е пожална :fubar: :fubar: :fubar:[/quote]
21 век сме! Медицината е напредна! :!:
Аватар на корисникот
Ale.Ambrosio4

Бело цветче
 
1510
Мислења: 92
Зачленет: 20 Дек 2011, 13:57

Мислење 18 Јан 2012, 03:41

До 30 не се давам :D уште ми се ужива ... :D бракот е сериозна работа и одговорна .дури не си најдам асална работа од каде што ке можам барем цигарите да си ги иставам да не барам еј мажу немам цигари дај ми 100 денари да си купам :o не фала :)
Аватар на корисникот
Kim-Dash

Бело цветче
 
826
Мислења: 68
Зачленет: 05 Мар 2011, 17:59
GET LOST FROM MY MINDDDDDDDD !!!!!!!!!!!!

Мислење 20 Фев 2012, 11:30

Пред се најважни се емотивната и психичката зрелост. Нема потреба од брзање, во брак ке бидете потоа цел живот (дај боже). Јас би рекла што подоцна, но кога веќе сме ограничени од тој некој часовник за плодност и формирање семејство, тогаш би рекла 27-30
Аватар на корисникот
flowergarden

Сино цветче
 
354
Мислења: 324
Зачленет: 27 Фев 2011, 18:41

Мислење 10 Мар 2012, 14:43

Според мене од 25 до 27 години.Јас стално сакав на 25,а сега имам толку.Имав врска сега сум слободна и сега што да правам да запаѓам што ми тече 25та и останав немажена,ма не...За кој како,не се знае кога ќе биде тоа,кога ќе си ја најдеме сите личноста што ја бараме и веќе сме спремни за брак тогаш е идеална возраст.Немаме сите иста среќа и не созреваме сите на иста возраст.
Аватар на корисникот
lola-86

Зелено цветче
 
146394
Мислења: 658
Зачленет: 12 Мај 2011, 11:44
Локација: Na HAWAI

Мислење 10 Мар 2012, 23:57

KuklickaSk напиша:Па.. мислев на 27 :) вака во план ми е да си изградам кариера прво,(значи факс уште 2 години, па мастер уште 2, па убава работа и патување низ светот ) , сакам да имаме стан и услови за чување дете па после децата да дојдат. Знам дека можеби грешам, ама сакам прво професионално да се изградам ( многу би била срекна кога би си ги исполнила плановите за кариера) па после фамилија. Се разбира ако дечко ми ме трпи до тогаш :D

Многу убаво размислување глеј да го оствариш јас уште така функционирам и супер ми е . Продлжи така и нека не те лажат дека неможе све да е погодено може и тоа како . Само продолжи така. :D
Аватар на корисникот
verica81

Сино цветче
 
43154
Мислења: 123
Зачленет: 25 Фев 2012, 02:28

Мислење 17 Мар 2012, 01:35

Пред 35 не сакам ама се може да бидне во животот. Ако се заљубам и се осетам доволно зрела за во брак може кога било да се случи.
Аватар на корисникот
HurremSultan

Сино цветче
 
6491
Мислења: 138
Зачленет: 11 Фев 2012, 03:36
Локација: Topkapi Sarayi
When Summer Starts, My Life Is Instantly Better...

Мислење 17 Мар 2012, 03:22

ПРВА РАБОТА ! .. - денеска се земаат на втор ден одкако ќе напраат 18 години.
вич ис бед...нели ?!
БРАК 38 + ..... ! толку од мене
Dinamickid

Сино цветче
 
2142
Мислења: 117
Зачленет: 14 Јан 2012, 22:50
Слика

скокај на плочка или скокај на к**ов

Мислење 17 Мар 2012, 08:51

За секого е индивидуално. Еве јас на пример пред помалку од година велев пред 28 ништо. Сега пак не мислам така, во голема мера ми го смени мислењето дечко ми, и заклучив дека убава возраст е од 24 па натака. Бидејки сметам повеќето имаат завршено факултет, се изградени како личности и карактери, знаат што сакаат. Покрај другото знаеме дека веќе и од 30та год. почнува и да очукува биолошкиот репродуктивен часовник кај жената (така велеше мојата професорка по Гинекологија) и не е ни случајно што имаме токлу инфертилни жени :( (покрај др-те причини).

Еден другар секогаш кога ке кажев јас ке се мажам од 28 па натаму, тој ке ми речеше, -Да бе, кога ке одам на родителска и ке ко прашаат другарчињата, кој ти беше дедо ти.. хехехе :D
Аватар на корисникот
t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

Сино цветче
 
111161
Мислења: 212
Зачленет: 15 Јул 2011, 22:56
Љубовта... е единственото нешто кое кога ќе се подели помеѓу двајца, се зголемува!!!

Мислење 17 Мар 2012, 16:11

Јас се венчав на 25 год. што сметам дека е прифатлива возраст за брак, посебно после повеќе годишна врска.
Бракот за мене е институција во која индивидуалните потреби, цели, желби стануваат заеднички и со тоа временскиот процес на нивно исполнување е значително скратен.
Јас не се чуствувам ништо поразлично од девојките кои се во врска или живеат во заедница со партнерите.
Тоа парче хартија не ме спречило да учам, работам, шетам....не гледам причина за поддршката од партнерот во врска да биде поразлична од онаа во брак.
Заедно работиме, градиме кариери, шетаме....и најважното инвестираме во заедничката иднина и штедиме.

А за да бидам родител е веќе сосема друго прашање.
Подготвеноста за живот со партнерот и брак не секогаш автоматски значи и подготвеност за деца.
Родителскиот инстикт кај секого проработува на различна возраст, тука нема правило.
Ниту во моментот на стапување во брак, ниту сега ниту во блиска иднина ние не размислуваме за деца.
Ние си бевме спремни за брак, не и за деца.
Аватар на корисникот
danichap

Сино цветче
 
1687801
Мислења: 394
Зачленет: 26 Јун 2011, 15:00
Локација: On Top Of The World
KEEP FIGHTING FOR YOUR DREAMS, AS LONG AS THERE IS BREATH THERE IS HOPE.
NEVER GIVE UP! NEVER GIVE IN! NEVER SURRENDER!
NOW IS THE TIME TO STAND POWERFULLY AND POSITIVELY AND KEEP MOVING TOWARD YOUR GOALS
Absolutely unfuckingfassbar amazing

Врати се на Брак

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: An-na, nitokris и 5 гости

Site Meter