Mногу е убав
Чудна комбинација на карактеристики кои ги имаше во младоста и некои кои по пат ги има стекнато во последниве години, посебно откако се венчавме и обврските и амбициите секојдневно се зголемуваат.
Пред многу години кога се запознавме и ја започнавме нашата врска беше типична риба
Поседува некоја чистина во себе, добрина и искреност. Копнее за баланс во домот и хармонија во врската.
Претерано осетлив, зависен од мојата поддршка, љубов и разбирање.
Со текот на времето созреавме, сме сменивме.
Можеби јас (типичен јарец), можеби животот и обврските кои ни се секојдневно на патот го имаат пресудното влијание.
Суштината е истата, само плус уште некои карактеритики кои можеби по пат и двајцата истовремено ги стекнавме, па сеуште перфектно си одговараме
Сега би рекла мала доза на ароганција, нарцисоидност, ладнокрвност, многу затворен, недоверлив.
Подготвен на се за љубов, поготвен на се за да бидеме заедно, сторил се за мојата (нашата) среќа.
Ретко кажува Те Сакам.
Обично му го гледам тоа во делата или очите.
Еднаш случајно го прашаа која религија е.
Одговори никоја, атеист сум.
Му рекоа мораш да веруваш во нешто.
Рече да, верувам во една ствар, сопругата, ништо друго на овој свет.