Физичкиот дел - висок, убаво градено тело,без маана нормална тежина иако тој си увртел дека има некое кило плус;) со широки рамена - што посебно сакам кај маж, не многу мускулест, убаво мало газе, убаво дефинирани нозе, прекрасни дланки и стапала - мазни и со совршена големина. Има зелени очи кои менуваат боја

прав нос, истакнати јаболчници, тенки усни, мааалку поголемки ушиња, смеѓа коса - во опаѓање ама убаво му стои, убав облик на веѓи, светол тен и не е многу влакнест. Има понежна кожа од мојата
Карактерно е алфа мажјак, кај него нема лабаво, си има свој ставови кои тешко ќе му ги смени некој, не е подложен многу на туѓи влијанија, си тера по свое без разлика на тоа што ќе мислат или кажат другите. Знае што сака и не се срами од тоа. Некогаш е тврдоглав и инает и не е секогаш во право. Крие чувства посебно кога му е тешко, што ме нервира некогаш, ми делува како да е од камен. Не е многу активен или работлив - остави го цел ден во фотеља и пред компјутер-таму ќе го најдеш. Ова малку ми пречи затоа што е во седечка положба 20 часа на ден, а и седи дома постојано

Незнам дали не е амбициозен или едноставно несака да фати некоја `машка ` работа. Мислам дека совршено би му одговарала работата како дактилографка.Не е толку романтичен колку што се претставуваше и колку што мислев на почетокот.Понекогаш е злопамтило,памтел што сум му рекла некогаш а тој бил повреден од тоа, па ќе ми врати на ист начин.Паметен е и доста поткован со информации и знаење за некој кој нема завршено средно школо.Заштитнички настроен - по потреба, во ситуации кога сум мислела дека би бил заштинички настроен кон мене тој покажал сосем нешто друго. Не е многу љубоморен што по малку ме нервира понекогаш делува како да му е сеедно.Не е посесивен во врска со мене,неможам да се искажам конкретно за што станува збор,ама хм, сум се запрашала што всушност чувствува и тоа повеќе пати....Понекогаш се прашувам дали го познавам добро..хм...
