maca99 напиша:Има шанси мојот сопруг да замине и тоа многуууу далеку,дури Африка

Но најде работа која доста е платена ,па досега само одложувавме кога да отиде,чекавме да помине свадбата.На 3 месеци ќе си доаѓа и незнам како би издржала....Досега се противев многу,но трошоците се тие,а јас откако ја напуштив работата тешко за нова.Само на неговата плата ,иако е солидна сепак пола оди за кирии.Така да најверојатно често ќе пишувам на оваа тема ,ќе ми треба тешење.....Иако не е како порано,тука е Скајп,ФБ,сепак никогаш не сме биле разделени и знам дека премногууу ќе ми биде тешко

Ах таа работа што ја нема колку семејства унесреќила

...Имаше еден период и јас и мм без работа. Значи приходи од никаде цели 3 месеци. Колку и да сакаа, свекор ми и свекрва ми тогаш стварно немаа можност да ни` помогнат, таков се погоди периодот... Среќа имавме останато пари од претходно (имавме заштедено некој денар за кирија, сметки и факултет ама тие пари беа ептен броени и од нив не чепкавме многу), ама тогаш како не скренав, мислам дека никогаш нема да скренам. Која беда беше тоа човече! Тој сабајлето ќе оди да бара работа, јас се мислам со тие пари шо останале кој црн ручек да го направам, значи морав да се снаоѓам, Робинзон Крусо не ми беше рамен. Да не праам муабет дека тој период последните испити ги спремав. Читај, читај, не можеш да се сконцентрираш бре, немаш јадено како човек, спиено па да не праиме муабет.
На мм му се отвори прилика да оди во друга земја да заработи.Значи праиме муабет за убава пара, но за тешка работа во тешки услови, а пред се`, далеку. Кој сака нека верува, кој сака нека не верува, јас реков НЕ и готово. Е*ем ти и пара и све од таа работа ако после десет години истата му се одрази на здравје. Колку само имаше луѓе што сакаа да не` разделат, ние опстанавме, поминавме преку сито и решето. За што? За едни пари да го изгубам? Нема шанси. Вредниот човек гладен не останува. Кој бара, ќе најде, треба трпение, ама ќе се најде. Две недели после тој муабет мм најде работа, потоа јас завршив факултет и јас најдов, па имав еднаш шанса да работам две работи, ама сеа мм беше тој што не ми дозволуваше (ми рече „Е да бе, ти да се грижиш за моето здравје, а ја за твоето, не, а? Не може така. Ти колку вложуваш во оваа шо ја имаш, уште една таква ти фали и здравјето отиде.“) и така. Јас напредував во работата, си собрав за магистратура некој динар, тој си најде поубава и поплатена и солидно се опраивме. Оттогаш имало и подеми и падови, но никогаш веќе како тој период, да чукнам во дрво.
Не викам ако нема некоја поголема шанса дека не треба да се зграби со двете раце, секој повеќе ќе се радува на поубаво отколку на средно убаво, но прво треба да се преиспита што еден брак добива а што губи со тоа. Да не биде ко во онаа
Луѓето го трошат здравјето за да заработат пари, а потоа ги трошат парите да го вратат здравјето. Но, сепак ќе речам секој брак е приказна за себе, има многу бракови кои успешно поминале таков предизвик (со едниот партнер на работа во друга земја), па само ќе ви посакам многу среќа, сила и трпение.
