Сум слушнала за групен секс, ама за групен брак?!
Немам големо познавање на оваа област.
Знам дека е најприфатена кај муслиманите, со тоа што одобрена е само полигамијата, додека на полиандрија не смее ниту да се помисли.

Е сега не ми е разјаснето тоа да Куранот вели дека секој маж треба да има една жена, кога баш тука е тоа најраспространето, ама добро. Затоа што како што знаев до пред некое време во Куранот е наведено дека може да се бираат повеќе жени, така што секоја тогаш ќе биде мажена и ќе има happy ending.
Не знам дали има податоци за полигамија во Библијата, Танахот или некое друго вакво пишување. Валда не, штом немаме такви бракови и од други религии.
Во Египет дозволено е да се има повеќе жени, претпоставувам и во другите арапски земји само доколку се имаат средства да сите бидат третирани подеднакно и со раскош. Треба неколку пати задолжително да купат на жената злато, дури и најсиромашните, ако не тоа претставува јавен срам, а знаеме како тие размислуваат за ова нешто. Да не должам со офтопици.
