ТЕМА: Преселба кај вереникот после веридба-да или не???

Мислење 17 Ное 2011, 11:39

Здраво девојки.
Одамна не сум пишувала,ама денес ми треба совет од вас,и се надевам ќе го добијам.Помогнете ми сите кои се нашле во ваква ситуација.
После долго време запознав прекрасен дечко ,и за кратко време се веривме.Јас сум од Штип исто вереникот.Имам само мајка,која ја сакам навистина,но откако умре татко ми многу проблеми не втасаа -финансиски,фамилијарни итн....Не сакав да ја гледам расплакана,натажена...и потсвесно барав начини да не сум дома....Не знам колку ме сфаќате,но денес сфаќам дека болката сум ја потиснувала на некој начин за да сега ми се врати дупло поголема.Не сум била до тој степен себична,секогаш сум си доаѓала дома на викенди-работев во Ск.и,сум и праќала пари,сме се слушале телефонски,но таа многу се смени нон стоп коментираше како и е тешко,кога ќе видеше маж и жена на нејзини години ќе воздивнеше од што и е тешко така да гледа.....Едноставно полесно ми беше да не ја гледам во болка.....
Ете сега се верив.На веридбата ми беше се нормално,се качивме во кола,ја бакнав мајка ми,и дури едвај чекав да се преселам кај него.Но кога стапнав кај него во станот,во мене се смени се.Се затворив во вецето и цела вечер плачев и липав на глас.Плачев за мајка ми.Оттогаш поминаа 3 недели а јас нонстоп и се јавувам и плачам секој ден.Дури ми се оди да се вратам кај нејзе до свадбата пошто ја планираме на лето.Ич не ми е гајле што ќе кажат мајка му и татко му,му кажав на вереникот му објаснив и он сфаќа,вели дека знае дека сака да сум со мајка ми ама барем еден ден кај нејзе еден кај него.....
Не знаете колку ми е тешко,од ведра девојка станав депресивна се мислам дали да појдам на психијатар :worried: мАЈКА ми е пресреќна за мене,а јас се нервирам што мажот сака да се преселиме во СК.под кирија да бараме работа таму,т.е. имало шанси да го префрлат од работа таму па и јас да најдам нешто....
Јас не сакам ,си велам дека и мајка ми ќе ја земам со мене,иако си работи она тука.Станала поведра друго гледа на животот,си вели ќе си имам внуци се радувам на децата,така ми било пишано,не треба да се разочарувам,си имам работа,се борам во животот,од лошо има полошо.......
Воедно сакам да чујам што мислите за таа традиција-после веридба женското што оди кај мажот? И дали сега да се вратам кај мајка ми,очајно сакам :worried:
Аватар на корисникот
Iceberg

Сино цветче
 
47126
Мислења: 115
Зачленет: 22 Апр 2011, 22:38

Мислење 17 Ное 2011, 13:24

Iceberg напиша:Здраво девојки.

Морам да те блондирам и цитирам, тоа што секој ден и се јавуваш и и плачеш по телефон знаеш каков филм и правиш на мајка ти - дека не си среќна и верувај срцето и го кинеш. Престани со тие детски недораснати болести.
Ако си отишла кај вереникот после веридбата не значи дека нема дома да одиш кај мајка ти. Ти се мажиш и градиш иднина со мажот ти -вереникот или што???
Нормална е таа нервоза, таа преселба не е лесна, се навикнуваш на нов живот ама стисни заби и не цмиздри на мајка ти (извини ама морав така).
Да, после веридба кај вереникот дома до свадба, од каде сега тоа закрепостено правило од праисторија. Секој си прави како му одговара. Обично тој период се користи за средување на домот каде што ќе живеат младите и прилагодување кон нова средина (свекрва, свекор, золва...). Јас така правев умно го искористив тој период :D ја средував куќата и повеќе бев кај него отколку дома.
Секој родител е среќен кога ги гледа децата среќни. Колку и да ги нападне самотијата се обрнуваат кон внуците. Епа тоа е живот...
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
1172496
Мислења: 2325
Зачленет: 27 Дек 2009, 01:31

Мислење 17 Ное 2011, 13:41

Ете и јас ќе се јавам,како нов цмиздрач :lol:
Тешко е навистина,ама се навикнува човек.Барем јас така мислам.Олеснително е тоа што сте во ист град,а што да кажат оние кои се во различни држави и еднаш годишно се гледаат?
Јас како прво ќе те искарам зошто не си била со мајка ти во најтешките моменти.И затоа сега ти е тешко и плачеш-зошто мајка си е мајка ;)
И да во право е Славица-од каде тоа правило?Од прадедовци и баби? Ете и мене ме начекаја во саботат на веридбата кога свекорот рече-ајде сега пакувај се да одиме.Јас бев ваква :o Каде да одам бе човек :fubar: :lol:
Ајде и мама ми даде знак да отидам за оваа вечер,немој случајно да се побунам јас-оти си ги имам тие :lol: ,и отидов.Како прво,не ни ја спремиле спалната туку собата на дечко ми.Тој има еден мал кревет само за него,и сабајлето свеки ми вели-тесно ви беше?Не жено ептен не.Ама ајде да не тупам до толку,јасно ми е дека сега треба да си средиме наше место,полека полека,ама дотогаш не се преселувам кај него.Живееме во Ск,па еднаш-два пати месечно си одиме дома,на викенд,и ја сега треба да земам куфери да се селам? Ноу,ноу.Плус тие се во стан,а и не сме нешто особено блиски,така да ќе ги посетувам на ручек,чисто ради почит.
Мене ме изненадија -пошто и двајцата се факултетски образовани особи |( ,кога ми рекоа- Ајде да си одиме дома! До вчера ги немаше никаде,иако одевме долго време со вереникот,они беа поблиски со ќерка им и дечко и,ние бевме маргинализирани во се-дали семејни прослави ,ма било што! Плус,жената се занимаваше со ниски работи,кои срам ми е да ги спомнам! Е сега биле на ќеф-имале снаа :) .И ми звонат секој ден,како сте што сте,ова она....Но тенкс.Не сум злопамтило,до толку,ама имате почит од мене ,близина не барајте,кога сами си направивте ;)
Јас раскажав на долго и на широко,само да кажам на девојката да не се замара,нека си оди и дома и таму,и повеќе да се грижи за мајка си...
Аватар на корисникот
eli25

Зелено цветче
 
26453259
Мислења: 899
Зачленет: 19 Сеп 2010, 17:46
Локација: Under the same sky,dreaming the same dream.
What do I want to be in 5 years?
Happy.

Мислење 17 Ное 2011, 14:37

Јас не правев веридба, збор дадовме и тоа 4 месеци пред свадба, си поседоа, си отидоа, нит имав намера да тргнам со нив, нит тргнав. Си останав домче до последниот ден пред свадба.
Што зборувале, и што мислеле за тоа, не ме занимаше, јас не можев и не сакав поинаку, а и мизерно ми е 100 пати да си заминувам од дома, да ме испраќаат, исто сценарио кога прават и на збор, и на веридба, и ај после на свадба. Глупости во боја.
Тоа колку плачев, колку ми беше тешко пред да заминам, не можам и не сакам да пишувам.
Буквално ме болеше.
Што? Не знам.
Се`.
Душата, телото, секое сабајле се будев и еден саат си ја гледав собата и плачев и плачев.
Бев на раб да се мрднам од болка, моето беше претеризам, и секогаш се прашував како другите се чувствувале во тие моменти.
И уште, секое заминување од таму ме боли.
Аватар на корисникот
enca.69

Жолто цветче
 
27772519
Мислења: 1676
Зачленет: 25 Дек 2009, 17:16
If u wait to do something untill you`re complitely sure...you probably won`t do much in your life

Мислење 17 Ное 2011, 14:42

?????????
Се чудам на тоа `правило` за селење кај мажот, после веридбата. :tmi:
Не, тоа повеќе не важи мила!
И никој не го практикува.
Некои до свадбата си седат дома. Сепак, сите различно.
Иначе, да, тој период е даден за да се прилагодиш таму, да се средите, и впрочем тогаш почнуваат да излегуваат роговите. :devil:
Немој во никој случај да се обазируваш на свекорот и свекрвата!!!
Почитувај ги, но само толку! Немој да те нервираат и да ти се мешаат.
Гледај со мажот имај си го муабетот. :)

За мајка ти, нормално е дека ти е жал, и нејзе претпоставувам не и` е лесно, но се `држи`, сепак се радува за тебе и сака да те гледа среќна. Таа засекогаш ќе остани твоја мајка, било каде да си, и со кого да си. Гледај секогаш кога можеш да ја посетуваш, слушаш телефонски, да и` помогнуваш.....зашто една е мајка и само таа може да ти се најди најискрено во најтешкото, а при најсреќните работи, неа прва ќе ја посакуваш да е до тебе. :!:

Сепак, кратко време кај си свршена, и секој почеток е тежок, секоја промена, прилагодување се тешки, но ќе се навикнеш. ;)
Интересно е што пред веридбата сите се возбудени и среќни, а потоа изгубени, збунети и тажни. :|

Друга битна работа - не кажа дали имаш браќа/сестри. Ако имаш, и ако мајка ти не живее сама, тогаш и немора до толку да се грижиш за неа (во смисла да тажиш). :)
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
11851537
Мислења: 1768
Зачленет: 02 Јул 2011, 12:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 17 Ное 2011, 14:48

girl.23 напиша:?????????
Се чудам на тоа `правило` за селење кај мажот, после веридбата. :tmi:
Не, тоа повеќе не важи мила!
И никој не го практикува.

Да се надоврзам дека го практикуваат и тоа како! Во мојот град барем.Моите другарки сите се преселија кај верениците после давањето збор,и беа дури горди на тоа :puke: и на тоа како веднаш почнале со мамо и тато!!!!! Сега ми превртуваат очи зошто јас одбрав да си бидам дома.Ај донт кер! Нормално ,сега сигурно почнале муабетите дека сме скарани,дека не ме сакаат итн...нели Д Балкан! :lol:
Искрено не се замарам,и полесно ми е на душата вака,а кога мене ми е убаво -што треба повеќе ;)
Аватар на корисникот
eli25

Зелено цветче
 
26453259
Мислења: 899
Зачленет: 19 Сеп 2010, 17:46
Локација: Under the same sky,dreaming the same dream.
What do I want to be in 5 years?
Happy.

Мислење 17 Ное 2011, 15:08

Значи сите случаи, ама баш сите за кои сум слушала досега околу веридби девојката останува дома. За во Скопје зборам, во другите градови верувам поинаку е, спротивното зафаќа поголем процент од вереното женско население. Што е до мене не е ни потребна темава, ама гледам има девојки кои знаат или се самите тие случај на селење од дома по веридба, па еве ќе дискутираме...
Веридба е, давање збор дека ќе се венчаат, не е венчавка. А ти можеш да дадеш збор и да не го одржиш, и што тогаш? Затоа наместо девојките да ги спремаат куферите уште пред веридбата, пред да полетаат нека размислат подобро околу фрката за селењето. Сешто може да се случи, ехее има случаи што раскинуваат веридби од Х причини (нормално поретки се тие случаи, ама пак веројатноста си постои), а викате имало и места кај што излагале муабети дека демек ако по веридба девојката не отиде кај него, нешто има, а? Леле глупости, уште сме во турско бре! Па и во Турција девојката верена не се сели кај вереникот дома бре, барем не во поголемите, поразвиени градови! Си гледа да си завршат двајцата факултет, да се вработат, да заработуваат за живот и тек тогаш да бидат заедно, инаку од воздух да не ќе живеат? Така било тоа, оди вери се и ич гајле немај си!
Против сум и дечко и девојка заедно да живеат верени, а тек па што има случаи неверени заедно што си живеат и после може да се дешава на секоја пожестока кавга куферите да се спремаат, ццц! Е колку ми е глупо и несовремено тоа. Е тоа е за срам, а не да останеш кај родителите кај кои си бил цел живот дотогаш. Кај саканиот ќе бидеш дај Боже цел живот, тоа не ти бега, туку кај родителите дали ќе бидеш?
Ај ако не на 20 години да се преселам ја кај дечко ми, паааа на 22-23 да се вериме, пааааа на 25-26 да се земеме а јас од 20ка сум отишла да живеам кај него и самиот факт што не живеам со моите од старт ми ја почнува болката прерано! Што дека ќе се земеме по 6 години карикирам, кога јас за моите од дома сум отцепена уште од старт? Зошто такво мачење, кога можеме да си имаме убав живот тој со неговите, јас со моите, потоа веридба, па свадба, па да си живееме заедно?!
Стварно не ги сфаќам таквите девојки што трчаат кај дечковците уште верени, а тек па тие уште што ни верени ни ништо се преселиле и си живеат со дечкото. Само едно ќе кажам, се губи убавината на веридбата и бракот со овие преселби и глупости, се губи смислата на обичаите на свадба што се прават со земање на невестата од дома, пример. Да се враќа кај нејзините само за да ја земат е фарса! ФАРСА луѓе, не е тоа-тоа, никогаш нема ни да биде! Вистински ли ќе се тие солзи, кога таа одамна ги напуштила нејзините?! Јас се што знам се фала Богу нормални случаи по веридба си даваат збор, планираат свадба истата ја прават и со сите адети и обичаи невестата се сели кај младоженецот. За веридба тој оди кај неа дома, ја запросува си даваат збор еден на друг, може да прослават во некој ресторан или кафана и слично потоа и тоа. Е тоа е како што треба да биде, ем зачувана традицијата, ем на современ начин. А не вака примитивно! Што ќе кажеле луѓето... еве јас ќе кажам ако толку на некои им е битно дека како можат тие девојки уште во врска да се селат кај дечко, а после ако раскинат?! Срам да им е! Ќе речам како можат верени да одат, ако раскинат веридба?! Срам да им е ептен! И да останат заедно, ќе речам како можат да ги остават родителите уште неверени, неземени и да отидат кај некој дечко кој колку и да го сакаат за се си има ред?! Срам да им е, стварно! Е јас од Скопје така ќе речам, а не па во некое село таму уууууууф... како не е само најголем ризик тоа кој не се презема само не знам, а 100% веројатност никогаш се нема :)
Последна редакција: Plavusa.17 на 17 Ное 2011, 15:15; редактирано еднаш.
Аватар на корисникот
Plavusa.17

Жолто цветче
 
30381454
Мислења: 2912
Зачленет: 20 Мар 2011, 11:57
Слика Слика Слика Слика Слика

Мислење 17 Ное 2011, 15:15

enca.69 напиша:Јас не правев веридба, збор дадовме и тоа 4 месеци пред свадба, си поседоа, си отидоа, нит имав намера да тргнам со нив, нит тргнав. Си останав домче до последниот ден пред свадба.
Што зборувале, и што мислеле за тоа, не ме занимаше, јас не можев и не сакав поинаку, а и мизерно ми е 100 пати да си заминувам од дома, да ме испраќаат, исто сценарио кога прават и на збор, и на веридба, и ај после на свадба. Глупости во боја.
Тоа колку плачев, колку ми беше тешко пред да заминам, не можам и не сакам да пишувам.
Буквално ме болеше.
Што? Не знам.
Се`.
Душата, телото, секое сабајле се будев и еден саат си ја гледав собата и плачев и плачев.
Бев на раб да се мрднам од болка, моето беше претеризам, и секогаш се прашував како другите се чувствувале во тие моменти.
И уште, секое заминување од таму ме боли.

Баш ме утеши!!!
Јас пред да се преселам кај бившиот, тагував, паднав во депресија, не излегував од дома.
Си мислев како сите жени се силни, а јас најголемиот слабак!
Ама не било така.
Не е лесно да ја напуштиш родната куќа, каде си се родила, пораснала и живеела.
Меѓу најмилите. - Со кои и да се скараш, утре пак се прегрнуваш.
А, во новата куќа - нови правила, нови луѓе, се` е ново.
Јас бев примена како натрапник.
Од кога стапнав со ногата таму ми почнаа сите проблеми (пред тоа беа злато).

Некогаш доаѓав дома на 3-4 дена (сепак живеев вонбрачно), и свекрвата одма ми се јавуваше: комшивките 3 пати дојдоа денеска, тебе те бараа (Демек мене ме барале??? Ма немој!!! :fubar: ), ајде почнаа муабети да вадат, враќај се ваму!!!
А, јас од инает уште 3 дена останував. :lol:
И кога ќе се вратев почнуваше да ми оди на нерви со нејзините бескрајни провокации. Па, си мислев: Добро, ма, ти за ова ме бараше??? :tmi:

Ели, јас имав 3 врсти на другарки:
-едните по вршачката самоиницијативно заминаа кај вереникот, сакаа побрзо да си заминат од дома, ама денес кукаат дека не е како домче.
-другите беа подбрани од страна на свекрвите.
-и некои останаа дома до свадбата.

Иначе вистина е така за помалите места, ама таков е менталитетот. :devil:
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
11851537
Мислења: 1768
Зачленет: 02 Јул 2011, 12:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 17 Ное 2011, 15:20

Јас немам уште искуство во овие "води" но мислам дека не е толку тешко како што опишувате. Јас бидејки сум од мал град, знам дека кога ке посакам тогаш може да одам и да ги видам и да останам колку сакам. Мислам дека кога ке дојде време нема да ми биде многу тешко што нема да живеам веке тука. :wasntme: Ама сепак ке видиме, можеби ке бидам бетер од Енца. :)
Аватар на корисникот
creshicka

Жолто цветче
 
1573994
Мислења: 1438
Зачленет: 30 Мар 2011, 00:19
Локација: На Јупитер, на едно дрво.
It's not always rainbows and butterflies, it's compromise that moves us along...

Мислење 17 Ное 2011, 15:29

Сите блиски познанички после веридбата си останаа дома.
Не гледам искрено поента да се замине со вереникот во неговиот дом и да се квачи таму.
Па после за свадбата се враќа момава дома на ден-два, па ја земаат со некои невидени глупави церемонии, тоа само кај нас го гледам и се чудам, зашто ми е понижувачко, непотребно и идиотско.

А инаку, остатокот од коментарите кои ги прочитав, колку тешко им паднало на некои девојки да се одвојат од родителскиот дом, искрено (и зборувам за себе) ми се несвојствени и јас дефинитивно не би реагирала така.
Мене дома ми е навистина прекрасно и како велат - само дома си е дома, ама не можам да дочекам да се отселам и да си создадам заеднички нов дом со дечко ми.
Сосем надраснат ми е животот со родителите и апсолутно прекипено ми е, а мислам дека и тие го делат истото чувство.

Некако имам чувство дека таа фамозна веридба ќе се случи откако ќе заживееме заедно.
А немам страв од туѓа куќа и туѓи луѓе - просто, зашто нема никогаш да живеам со свекор и свекрва.
Тука сме двајцата едногласни.
Аватар на корисникот
Trendafilka

Жолто цветче
 
121856437
Мислења: 4426
Зачленет: 28 Дек 2009, 16:12
Локација: Barcelona or Nice... someday
Don't Trust Anything That Bleeds for Five Days and Doesn't Die . . .
Што е убав овој свет - онде го*но овде цвет.
Слика

Врати се на Брак

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: An-na, ana.s.28, kuc, nitokris и 6 гости

Site Meter