Ако треба ќе ги викам Господин Бурхан и Госпоѓа Надиде , само да не мора да живеам со нив.
Не дека се лоши, ама си сакам сама , и знам дека посебно ќе живеам, дечко ми едвај чека да се тргне од дома.
Не ми пречи и да ги викам мамо и тато. Мене ништо нема да ми смени, како сакаат ,така ќе ги викам. Малку е чудно некој друг да викаш мамо , ама па и него ќе го терам татко ми да го вика ДЕДО, и немој случајно на мајка ми да и рекол БАБО
Се шалам, сеедно ми е како ќе ги викам. Или како он ќе ги вика моите родители.
Со дечко ми бевме на одмор , и користевме еден телефон-неговиот. Му ѕвони телефонот и јас читам дека ѕвони МАМА, не знам како се помешав дека тоа е мојот телефон си се јавив и викам: Мами што правиш? Слушам некој ќути. Јас пак: Мами ме слушаш? Пак ми ќути. Па си почнав : Мами , Мамииии ,кажи нешто, слушаш. И кога кажа нешто слушнав дека уствари тоа не е мајка ми туку мајката на дечко ми, се усрамив, му го тупнав телефонот на дечко ми и сакав во земја да пропаднам

Така да, јас веќе ја имам наречено МАМИ
