ТЕМА: Родителите на вашиот сопруг

Мислење 02 Фев 2012, 10:54

Јас моите свекор и свекрва не можам да им се обраќам со мамо и тато, едноставно не ми оди. Им кажав дека јас не можам да ги викам мамо и тато и си ги викам како и предходно чичко...... и тетка...... Навистина се ок и не можам да се пожалам ама едноставно не можам да ги викам тато и мамо.
Аватар на корисникот
Alondra

Сино цветче
 
16099
Мислења: 392
Зачленет: 17 Мар 2011, 12:02
Ако морам да паднам, ќе се потрудам да паднам на отскочна даска!

Мислење 08 Фев 2012, 13:40

Ги почитувам..и двајцата, но со мама и тато да им се обраќам неможам. Не би била искрена кон нив, а никогаш несакам да ги терам работите на сила.По име пак, уште помалку-бидејќи се доста повозрасни од мене :), па повторно би се шувствувала непријатно.
Затоа, компромисното решениее чичко-тетка. Кај нас ова функционира.
Аватар на корисникот
veronikaveronika

Бело цветче
 
5252
Мислења: 94
Зачленет: 09 Мар 2011, 02:59

Мислење 23 Фев 2012, 17:52

јас имам проблем не заради викањето мама и тато....туку тоа што лугево се изменија 100% од кога се омазив ...идевме години и години...ама после бракот се сменија некако..посебно свекрвата , нешто као главна да ми се прави , а не живееме заедно па не може многу баш! :rofl:
Аватар на корисникот
rajna-vojvoda

Сино цветче
 
59174
Мислења: 315
Зачленет: 03 Јул 2011, 21:48
Локација: Skopje

Мислење 23 Фев 2012, 18:21

Сега за сега се супер. Не се мешаат кај што не им е местото, скомни се, фини.. ќе видиме до кога. :rofl:
е сега мислам дека повеќе кеиф би им направила ако ги викам мамо-тато, ама нема шанси.
Аватар на корисникот
flowergarden

Сино цветче
 
354
Мислења: 324
Зачленет: 27 Фев 2011, 18:41

Мислење 28 Фев 2012, 21:40

јас усте од поцеток немозев да викам мама и тато поцнав некако на поцетокот да викам само мамо само три пати ја нареков и тоа сто мајка ми ме терасе, и се осекав дека немозам па и искрени не сакам да ги викам и онака не ги поднесувам па усте да ги пејам мамо и тато никогас,ако толкусакаат да ги викаат снаите така засто тие не се обракаат со керко
Аватар на корисникот
langida

Бело цветче
 
90
Мислења: 52
Зачленет: 15 Фев 2011, 16:26

Мислење 03 Мар 2012, 19:23

Јас почнав да ги викам ,,мамо и тато,, на веридбата,ама сега некако тешко ги изговарам тие зборови:(
Аватар на корисникот
soncenceto.matea

Сино цветче
 
36128
Мислења: 202
Зачленет: 21 Фев 2012, 15:02
Локација: Скопје

Мислење 03 Мар 2012, 19:29

јас нејкев да ја викам ни мама нејкев да го викам ни тато , но додека доага кај нас на гости своите деца ги викаа така и мене ми се научи устата :wasntme:
Аватар на корисникот
BrightEye

Фем почетничка
 
67
Мислења: 37
Зачленет: 03 Мар 2012, 03:49
Слика
I'm pretty but I'm not beautiful.
I sin but I'm not the devil.
I'm good but I'm not an Angel.-Marilyn Monroe.

Мислење 20 Мар 2012, 04:06

Oд љубов према мојот вереник а за брзо и мој маж,ке морам неговите родители да ги нарекувм мамо и тато,а не знаете колку сум против ова наша глупава заостаната традиција од памти век!Летово бевме на гости кај вујна му и вујко му заедно со свекривава и свекорчево после веридбата,и јас на вујнаму и се обратив со тетка,и свекривава да се напрајт мангупка пред сите ми викат - како и викна?Јас и викм тетка.Mи викат вујна требит да ја викаш,и јас со мојов јазик долг ко лопата одма ја намавав,и викам ако ги викам вујно и вујче ке требит и тебе да те викам мамо,(таа тоа и го сакаше,секако дека не и го дадов тоа задоволство)а јас мислам дека уште не е дојден моментот за мамо да те викам,поцрвена и се развлече на лицено некоја прозирна насмевка од срам.A тетка ми и чичко ми и викам мислам дека премногу ги почитувам,што е најбитно а се ке биде како што треба кога ке дојди време,и за право ме подржаа и самите тие и повејкето гости.Свекор ми алтан е,и оваа нема лоша душа ама малку чаламџивка,ама и го најдов лекот:))Многу ми е мака што не можам лице да прам,го зборувам тоа што го мислам а ич не ме засегат дали ќе и се бендисат или не.Иначе јас кога би дочекала да бидам свекрва,никогаш нема да дозволам снаата да ме вика мамо,имат на име да ме викат!Eдна е мајка и еден е татко!
sinolicka13

Фем почетничка
 
10
Мислења: 7
Зачленет: 19 Јан 2012, 21:38

Мислење 03 Апр 2012, 00:36

Јас ги викам на име како се викат и не се лутат и маж ми мајками ја вика на име . Нема никаков проблем.
Аватар на корисникот
verica81

Сино цветче
 
43154
Мислења: 123
Зачленет: 25 Фев 2012, 02:28

Мислење 03 Апр 2012, 22:45

не ми е сопруг ама ке биде наскоро сега сме верени неговите родители ги почитувам и ке ги почитувам се додека се фини и коректни спрема мене уште на почетокот на мајка му се изјаснив дека проблемите не се прекутуваат туку се споделуват за да бидат решени така да ако нешто ми пречи веднаш се изјаснувам и она се согласи.
може малко тешко и падна кога и кажавме дека нема да живееме со нив направи чудна фаца ама тоа е имаат и друга куќа нема сите да се бутаме во една па и плус имам и девер.
а за да ги викам мамо и тато малку тешка работа вереникот малку се мршти а воопшто не е традиционален мислам дека е само заради мајка му за да не се лути а таткото е опуштен човек и не се замара со вакви работи со него подобро ке се согласуваме.
Аватар на корисникот
lily-prune

Зелено цветче
 
123110
Мислења: 529
Зачленет: 09 Јан 2011, 18:30
да се биде заљубен е како да си во огромна тајна заедно со друга личност сами во целиот свет

Врати се на Брак

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: An-na, ana.s.28, kuc, nitokris и 6 гости

Site Meter