ТЕМА: Родителите на вашиот сопруг

Мислење 09 Сеп 2011, 20:37

Mлада сум за мажење, но уште од сега знам дека единствените "мама и тато" се моите родители, и нема да ја почитувам таа традиција затоа што ми е излишана и глупава.. мајка и татко се само едни а нивното значење и почит неможам да го заменам со никој друг ! :)
Аватар на корисникот
thelittle17

Жолто цветче
 
13201790
Мислења: 1410
Зачленет: 31 Авг 2010, 18:56
Локација: Piece of cake.
Љубомората секогаш трае еден ден подолго од љубовта.

Мислење 10 Сеп 2011, 02:43

во брак сум скоро 2 години .. сакам ама неможам да викам ми се заби нож в грло и крај ..а многу им пречи што не се обраќам никако ..а и мене ми е тешко кога треба нешто уффф ... мора да се сопнеш за да те погледнат па да прашаш хихи .. сега малце со бебчево полесно еве ја бабати , дедоти итн .. ама тешко е :worried: барем сопругот да ме подржеше полесно ќе ми беше :sweat:
Аватар на корисникот
chiccush02

Фем почетничка
 
1028
Мислења: 30
Зачленет: 07 Сеп 2011, 00:46
Маж, кој што е спремен на се за една жена, значи многу ја сака. Жена, која што е спремна на се за еден маж, значи го родила !

Мислење 28 Сеп 2011, 23:26

chiccush02 напиша:во брак сум скоро 2 години .. сакам ама неможам да викам ми се заби нож в грло и крај ..а многу им пречи што не се обраќам никако ..а и мене ми е тешко кога треба нешто уффф ... мора да се сопнеш за да те погледнат па да прашаш хихи .. сега малце со бебчево полесно еве ја бабати , дедоти итн .. ама тешко е :worried: барем сопругот да ме подржеше полесно ќе ми беше :sweat:

е да знајш од првин се лутет погомити ! а после ке се навикнет ха,ха, Јас не и викам мамо на свекрва ми за таков збор треба многу да се зближиш со неја ја викам МАЈКО и за тој збор прво се лутеше и велев ЈАС кога ти е тешко или кога си болен велиш ,,оф леле Мајко,,значи зборот МАЈКО има поголемо значење од обичното,,мамо,,сега не и пречи еве таа е стара и болна јас се грижам за неја и ја почитувам може да се рече дека ми е блиска ама ако му кажеш на некому ке рече ниедна снаа не ја сакат својата свекрва .Не да ја сакам ама ја поштувам и никогаш не ја навредувам .Ама свекорми што ако го викам Тато тој ме навредил и него нити го сакам ниту сакам да го почитувам ама ај заради атер или заради односот кој треба да го учат децата се правам дека го почитувам за децата да не учат не убави работи од семејството ! зато керка ми некогаш ми вели како можиш да му простуваш на таквите глупости Јас да сум никогаш не би му простила ама Јас и укажувам на керка ми дека тоа тој што го зборува е израз на неговиот идентитет и култура а мене ми е под ниво да се расправам со такви простотилоци ! значи некој не заслужува да го викаш со такви свети зборови ! ама од навика со текот на времето ги викаш ! :doh:
Аватар на корисникот
soco

Сино цветче
 
145158
Мислења: 383
Зачленет: 12 Мар 2011, 19:51

Мислење 20 Окт 2011, 11:01

Родителите на мојот Иден сопруг се Фини.. друг менталитет се . На поЧетокот на врската помегу мене и нивниот син беа сосема во ред . Јас иако Јас од друга земја , со друг менталитет , се привикнавме едни на други. Кога им кажавме дека ке се венЧамé и дека набрззо ке имаме и бебе .. беа изненадени ама пријатно прифатија :?: . Со неговата мајка имам добар однос , си пиеме кафе разговараме, и помагам _Чат пат ако има некоја потреба ... Е сеа дали ке ги викам мама и тато - Е тоа тешко . Иако незнам дали овде тоа се практикува , јас до сега Само по Име ги викам :)
Аватар на корисникот
MacenceEna

Сино цветче
 
588700
Мислења: 295
Зачленет: 08 Дек 2010, 22:48
Слика

Мислење 24 Ное 2011, 20:22

Јас сум во брак скоро 5 години и не им викам мамо и тато никогаш не ми префрлиле за тоа важно им е што не сме се скарале не сме се навредиле збор си немаме на страна речено.ја прашуваат некогаш свекрвами ти вика мамо и таа вели не и не ми смета млада е мајка и здрава права има на кој да вика мамо.и мене ми имат речено пред неа а јас им реков оти тоа ја прашувате оти не ја прашате дали се сложубаме дали сум ја навредила дали им изигрувам Бог по дома кога сме кај нив оти сега живееме одделно.а инаку предобри се со мене ме гледаат како ќерка да им сум а не снаа.
dimoska

Фем почетничка
 
1925
Мислења: 41
Зачленет: 17 Авг 2011, 23:11

Мислење 08 Дек 2011, 17:19

Можам да кажам само пофални зборови. Навистина е тешко денес да се погоди на такви личности.
Вистински од старт и на врската, па се до денес и во брак, тие се непроменети. Во овие години (околу 6 години) не сме си кажале ни збор, па ни сме повишиле тон на разговор, иако живееме заедно и не сме разделени. Се трудиме да решиме се со смирен разговор, може малку да се контраме со некои сопствени размислувања, ама најинтересно е тоа што и едната страна и другата страна го кажува истото, ама на различен начин. На крај завршуваме вака :D :wasntme: .

Посебно за свекрва ми, немам коментар. Ме чува како сопствена ќерка и што и да и речам нема враќање, ако треба станува и ќе го прошета цел град, само да го донесе она што ќе го побарам. Навистина има големо смирение :bow:, од кое треба многу, многу да учам .
Аватар на корисникот
Serafima

Сино цветче
 
25362534
Мислења: 437
Зачленет: 28 Окт 2010, 13:38
Локација: Во Неговото срце, душа...
... Љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуват и гонат...

Слика

Мислење 08 Дек 2011, 19:50

Не ги викам никако.
Ги викав мајка и тате, ми беше тешко додека да почнам да ги викам така, ми требаа неколку месеци да се ослободам и така да ги ословувам, ама се навикнав некако, иако при секое викање имав грутка во грлото. Никој не ми вршел притисок, ниту пак ме терал така да ги викам, сметав дека така е традиција и така треба да биде, маж ми дури и се зачуди и изненади кога на татко му првпат му реков тате.
Пред неколку месеци имавме мал семеен сукоб во кој индиректно бев навредена, со што автоматски си ја изгубија и двајцата вредноста во моите очи и срце, а со тоа и честа да бидат нарекувани мајка и тате. Разговараме формолно и ако треба било кој од нив да го повикам ја праќам ќерка ми или ако треба да им се обратам не употребувам никаква придавка или именка, едноставно им кажувам што треба.

Сметам дека родители се само оние кои учествувале во растењето, воспитувањето и созревањето на едно дете, оние кои вистински и безусловно те сакаат и кога секое мускулче ги боли за тебе и секоја твоја солза за нив е скапоцена, оние кои искрено се радуваат на секој твој успех, оние за кои твојата среќа е неизмерна радост, и оние кои длабоко жалат за секоја твоја загуба и болка. Доколку свекорот и свекрвата се пронајдат во било кој сегмент од оваа реченица тогаш ќе ги заслужат и овие скапоцени, за мене, имиња.
Сега за сега, за жал, не заслужуваат.
Аватар на корисникот
lolyta777

Жолто цветче
 
37055296
Мислења: 1589
Зачленет: 12 Јан 2011, 20:54
Слика
Слика

Мислење 08 Дек 2011, 23:16

thelittle17 напиша:Mлада сум за мажење, но уште од сега знам дека единствените "мама и тато" се моите родители, и нема да ја почитувам таа традиција затоа што ми е излишана и глупава.. мајка и татко се само едни а нивното значење и почит неможам да го заменам со никој друг ! :)

Истото како јас да сум го пишувала :)
Навистина , јас ќе ги почитувам нив , нема да се расправам со нив па дури и да не сум во право .
Сето тоа од почит. Ама да и викам на свекрвата ,,мамо,, неможам . За мене мајка е жената која ме научила на многу работи во животот . Ме научила да сакам,да бидам чесна, да го љубам ближниот. А свекрвата е мајка на мојот сопруг и така ќе остане.
Евентуално можам нагалено да ја викам :D
Ако се вика Цветанка, Цвете :rofl:
Аватар на корисникот
firequeenn

Жолто цветче
 
1619989
Мислења: 1119
Зачленет: 15 Дек 2010, 19:58
Битката ја добива само оној кој одлучил да победи .. :)

    Мислење 09 Дек 2011, 15:20

    Усте за нагалено се :devil: зверови...абе никако да сфатат дека нивниот син пораснал,дека сега има свој зивот,дека има своја фамилија,дека има кој да се гризи за него...фуј...колку стареат-толку будалеат.Во секоја мандза запрска...аман веке...узасно ми идат на зивци и покрај тоа сто ретко ги гледам...а сто би било па по цел ден да се заедно :( А за мамо и тато-се знае кој ми е мајка,кој ми е татко и кој треба така да го викам!
    Аватар на корисникот
    katalina

    Бело цветче
     
    637
    Мислења: 98
    Зачленет: 14 Окт 2010, 00:12
    Локација: somewhere in heaven :)

    Мислење 09 Дек 2011, 15:30

    Нормално дека се знае кои ми се мајка и татко и нив никој нема никогаш да ми ги замени.И јас си викав ауу никогаш нема да ги речам родителите на мојот сопруг мамо и тато.Не сум мажена сеуште,но сега малку поинаку размислувам.
    Па доколку луѓето си се супер и заслужуваат,ме почитуваат,не ми прават нервози и не ми се мешаат,па нема устата да ми падне ако ги речам мамо и тато.
    Тоа не значи ги заборавив моите родители и ги заменив со нови,бог да чува :^) Малку глупаво ќе ми биде да ги викам само по име,поглупо со чичко,тетко како јас од комшии на кафе да сум дошла,а уште поглупо со еј да им се обраќам или да чекам да се свртат да ме погледнат да им кажам нешто.
    Аватар на корисникот
    tinkerbelll

    Жолто цветче
     
    23061987
    Мислења: 1384
    Зачленет: 15 Мај 2010, 22:20
    Слика

    Врати се на Брак

    Кој е онлајн

    Оваа категорија моментално ја разгледуваат: An-na, ana.s.28, kuc, nitokris и 8 гости

    Site Meter