ТЕМА: Семејно насилство

Мислење 19 Ное 2011, 02:08

TeddyGrey напиша:
pravedna напиша:Дали ја видовте новата кампања против семејното насилство.Би сакала да ги слушнам вашите ставови и мислења во врска со оваа кампања и да ве прашам што мислите дали оваа кампања ќе успее во целост или како и минатите кампањи ке помине."ќе се исперат пари и толку од оваа работа . Фала поздрав до сите. :(

И да се исперат пари од рекламата ипак вреди... Колку и ние не-жртвите да не приметуваме, на некој што е жртва многу потсвесно влијае таа реклама!
Кај нас има колку толку некаков систем и заштита за жртвите, далеку од совршен, но сепак го има.
Кај нас фали храброст да се пријави насилникот бидејќи сме едно големо село. Се надевам дека рекламата ќе натера барем еден насилник да биде пријавен. И еден помалце е успех!

Влијаат рекламите, ама џабе кога системот е никаков, државниот шелтер не работи, во другиот што згрижува жртви на подолго никогаш нема место, а тие за 24 часа ништо не менуваат... се соочив со проблематикава, почнав да работам со жртви за да променам нешто и се разочарав максимално.... Кога ќе видиш како оние што работат во Центар за социални работи се однесуваат кон жртвите и како се примени на работа неспособни социални работници (чест на исклучоци кои ги има малку), како полицијата е ретко на страната на жртвата (со изговор сама си го барала) ќе сфатиш дека вакви кампањи само носат уште поголемо разочарување на жртвата дека нема државен орган кој може да и помогне... :(
Аватар на корисникот
KuklickaSk

Жолто цветче
 
713296
Мислења: 1087
Зачленет: 20 Јун 2010, 20:18
Before i die, i'd like to see a good CHANGE in this generation drenched in HATE.

Мислење 19 Ное 2011, 03:08

Ех, причај ми о томе...
Какви коренити промени требаат, абе едно чудо... На цела држава.
Си мислам, Николче Тодоров на наредни парламентарни да го стават за труд и социјала, па да пркне и во тоа поле малце :D :D :D
Аватар на корисникот
TeddyGrey

Жолто цветче
 
24682268
Мислења: 1485
Зачленет: 13 Окт 2010, 22:57
Најубавата работа на светот - е самиот свет!!!

Мислење 19 Ное 2011, 09:07

Последната реклама за семејно насилство е според мене утка! Покажува страв кај жените и доминација на мажот, концептот не ми се допаѓа. Вистинска реклама или кампања ќе биде ако им дава на жените доволно информации како да се заштитат и каде да побараат помош..
Кај нас има неколку места каде жените би барале помош:
1. Полиција -кога ќе се јавиш таму прво бараат доказ дека животот ти е во опасност, т.е. дека посегнал да те убие па да реагираат. Мене ова ми кажува едно: дека секојдневно има пријави на семејно насилство, па господата за да не излегуваат по 1000 пати на терен решиле да ги бираат само “сериозните“ случаи. Колку се вулгарни и како само можат така да ги делат случаите на сериозни и несериозни незнам. Но бидејќи и меѓу полицајците има насилници врз жени ништо не ме чуди.
2. Центар за социјални работи - се јавуваш во главниот Центар, те преупатуваат на општински, па таму вртиш едно 100 пати, и нормално пошто се администрација си отишле на доручек или затвориле во 3 саат, и никој не ти се јавува, како да жртвите може да чекаат. А во многу случаи знам кога минути биле критични за тоа што насилникот може да направи а не саати или денови
3. Шелтер центри - Во Скопје Има еден поголем кој е постојано полн и треба голема упорност и среќа да се побара место таму за згрижување и оној 24 часовен Шелтер центар што нуди само краткотрајна помош за жени кои бараат итна заштита или интервенција, но во секој случај среќа што постојат и овие центри
4. Семејството - Ако во поширокото семејство има роднини кои сакаат да помогнат треба да се бара помош од нив, барем за ден два одреден период може да ја заштитат жената додека не застане на нозе и не реши што понатаму
5. Средината - има соседи, пријатели, познаници на кои жените мора да се обратат кога им треба помош, никогаш не се знае кој од нив ќе им помогне

За жал имаме многу слаби институционални алки на помош, првите два кои треба да реагираат - Полицијата и Центрите за социјални работи СПИЈАТ! Па жениве кои им треба помош се оставени да бараат помош од роднини и пријатели.
Власта нека не троши пари на глупави реклами, подобро со истите нека изгради уште еден Шелтер центар или нека ги потроши за формирање посебна единица во полицискиве станици што ќе реагира на семејно насилство.
Аватар на корисникот
papilona

Сино цветче
 
12532
Мислења: 175
Зачленет: 13 Авг 2011, 08:31
ПОРАНО ЧОВЕК НА ЧОВЕКА БЕШЕ ВОЛК, СЕГА Е ОБРАТНО

Мислење 19 Ное 2011, 10:32

KuklickaSk напиша:
TeddyGrey напиша:
pravedna напиша:Дали ја видовте новата кампања против семејното насилство.Би сакала да ги слушнам вашите ставови и мислења во врска со оваа кампања и да ве прашам што мислите дали оваа кампања ќе успее во целост или како и минатите кампањи ке помине."ќе се исперат пари и толку од оваа работа . Фала поздрав до сите. :(

И да се исперат пари од рекламата ипак вреди... Колку и ние не-жртвите да не приметуваме, на некој што е жртва многу потсвесно влијае таа реклама!
Кај нас има колку толку некаков систем и заштита за жртвите, далеку од совршен, но сепак го има.
Кај нас фали храброст да се пријави насилникот бидејќи сме едно големо село. Се надевам дека рекламата ќе натера барем еден насилник да биде пријавен. И еден помалце е успех!

Влијаат рекламите, ама џабе кога системот е никаков, државниот шелтер не работи, во другиот што згрижува жртви на подолго никогаш нема место, а тие за 24 часа ништо не менуваат... се соочив со проблематикава, почнав да работам со жртви за да променам нешто и се разочарав максимално.... Кога ќе видиш како оние што работат во Центар за социални работи се однесуваат кон жртвите и како се примени на работа неспособни социални работници (чест на исклучоци кои ги има малку), како полицијата е ретко на страната на жртвата (со изговор сама си го барала) ќе сфатиш дека вакви кампањи само носат уште поголемо разочарување на жртвата дека нема државен орган кој може да и помогне... :(

Се согласувам со ова полицијата ретко кога е на страната на жртвата,јас кога ги пријавив моите знаев дека нема да има никаков ефект,бидејки ‘‘Трајче‘‘ му бил пријател на татко ми ,На ‘‘Амуш‘‘ му завршил некоја голема работа па сега и он ако може да ја среди работава за него ...третиот братучед му бил,и плус тоа во мојата фамилија има 7-8 полицајци,инспектори,командири и незнам ти шо...и пак ништо не испадна,само опомена и толку ама на моите тогаш к*р ги болеше за опомената,е сега е друга приказна :D сега дојдоа моите 5 минути т.с грешка дојдоа годините додека сум тука во оваа кука да сум јас шефот :) ова ми иде во полза и н мене и на сестра ми.. :) :)
Аватар на корисникот
unhappyy

Сино цветче
 
112195
Мислења: 311
Зачленет: 10 Апр 2011, 12:31
љубовта не е грев..
Скриен текст: покажи
Вашиот извод од матична книга на родените е всушност писмо на извинување од фабриката за кондоми.

Мислење 20 Ное 2011, 16:54

Го видов видеово MissSpark ѓто го ставила во друга тема,ама мислам дека тука му е местото.Ова е само пример,можи има и полошо од ова и не треба да се трпи.На насилникот можи ќе му дојди умот само на овој начин,ако не можи и да си продолжи таму.Не можи вака да продолжува.ЧУВАЈТЕ СЕ!!!
Аватар на корисникот
Divinebutterfly

Жолто цветче
 
33147604
Мислења: 1245
Зачленет: 17 Јул 2011, 16:10
Локација: Битола
Слика
Кој се бори, може да изгуби. Кој не се бори има веке изгубено !!!

Мислење 22 Ное 2011, 15:30


Мислам дека нема потреба после ова да кажам ништо. Проблеми се само изговор за исфруструрани свињи да кренат рака на женско суштество.
Аватар на корисникот
Towelie

Сино цветче
 
39543
Мислења: 324
Зачленет: 29 Окт 2011, 04:41
Локација: Harvard,Lovell House,2nd Floor,Right on the couch!
May i remind you,In this archiodcese God don't run the bingo...

Мислење 14 Јан 2012, 21:08

Дали мислите дека треба да се пријави семејното насилство?
Сметам дека треба да го пријавам татко ми, но се плашам дали и другите ќе застанат на моја страна, бидејќи сепак сум само дете.
Аватар на корисникот
The.Complicated

Сино цветче
 
7323
Мислења: 253
Зачленет: 03 Авг 2010, 00:16
Локација: охрид (:
Првата љубов е како првиот снег - Ретко некогаш останува.
Слика

Мислење 15 Јан 2012, 01:52

The.Complicated напиша:Дали мислите дека треба да се пријави семејното насилство?
Сметам дека треба да го пријавам татко ми, но се плашам дали и другите ќе застанат на моја страна, бидејќи сепак сум само дете.

Те читав и во другата тема, и мислам дека да, треба да го пријавиш. Ама ова е само мислење од човек кој нема врска со твојот живот.

Најдобро е да застанеш со мајка ти и да направите еден добар сериозен муабет во врска со тоа дали ќе го пријавите татко ти или не.
Имав ваков случај со блиска другарка, и искрено се разочарав од социјалното во државава, бидејќи не превзедоа ама апсолутно ништо. Дури и во полиција го пријавија човекот и пак ништо. Не можам да речам дека истото ќе биде и во твојот случај, ама би ти препорачала прво да разговараш со мајка ти убаво да ги разгледате работите и околностите во кои се наоѓате, за да не направиш нешто заради кое после ќе жалиш.
Имај на ум дека ни ти ниту мајка ти не сте виновни за ситуацијата во која се наоѓате, а задодуше и татко ти не е крив што си има психички проблеми, ама во никој случај не го оправдувам него.
Верувај и на мајка ти не и е сеедно, да било полесно најверојатно до сега би го пријавила и самата, ама како што велиш финансиски сте зависни од него, а мајка ти можеби сака да имаш финансиска сигурност и се надева дека работите ќе се поправат понатаму. Кажи и убаво како се чувствуваш и се ќе биде полесно, па и одлуката ќе си дојде сама.
За поправање на вакви проблеми треба голема упорност, и пред се, желба од сите страни. Ти посакувам среќа за што и да одлучиш.
Аватар на корисникот
Nymeria

Сино цветче
 
461393
Мислења: 230
Зачленет: 17 Јул 2011, 20:40
Локација: Rivendell
Louis: Do you think I would let them harm you.
Claudia: No you would not Louis, danger holds you to me.
Louis: Love holds you to me.

Мислење 15 Јан 2012, 11:58

Ќе почекам да видам дали ситуацијава ќе оди по нагорна или надолна линија, и ќе се одлучам тогаш.
А која кампања околу семејно насилство е активна, и како се контактира?
Аватар на корисникот
The.Complicated

Сино цветче
 
7323
Мислења: 253
Зачленет: 03 Авг 2010, 00:16
Локација: охрид (:
Првата љубов е како првиот снег - Ретко некогаш останува.
Слика

Мислење 15 Јан 2012, 12:58

The.Complicated напиша:Ќе почекам да видам дали ситуацијава ќе оди по нагорна или надолна линија, и ќе се одлучам тогаш.
А која кампања околу семејно насилство е активна, и како се контактира?

ние не можеме да одлучуваме на твое место ти разговарај со мајка ти и одлучете се дали сакаш да ги пријавиш дали ќе се разведете се е до вас
Аватар на корисникот
Special.Someone

Зелено цветче
 
228173
Мислења: 516
Зачленет: 22 Авг 2011, 10:57
Локација: Far away from here...
Кога на љубовта ќе и дојде крајот, слабите тагуваат, енергичните брзо пронаоѓаат нова, а паметните веќе од одамна си имаат резерва.

Врати се на Брак

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: An-na, ana.s.28, kuc, nitokris и 7 гости

Site Meter