ТЕМА: Снаи и золви

Мислење 28 Јан 2011, 03:47

Вака, во брак сум 5 месеци ама имам проблем со золвата.Таа има 30 и некоја година и не е мажена значи живее со нас исто и свекорот и свекрвата.Од нив немам проблем,ама золвата ми е ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ.Јас имам скоро 23 год, а маж ми 29.Имам раснето во средина во која карање имало ама многу ретко и ако имало крање траело максимум 15 минути,но золвата мене лично нисто ми нема преречено ама дома вика како луда цела куќа ечи од неа и се кара за банални работи со нејзините, но нејзиното викање трае цела вечер додека не си легне.Не можам да ја поднесам веќе.Почна нејзиното викање да ми удира на психа.Јас не сакам да правам проблем околу тоа,разговарав со маж ми и тој во стил ми одговара демек таква и била работата (адвокатка е),немала каде да се испука од нервоза,бла бла бла...Му реков дека тоа не е нормално однесување ако е нервозна не значи дека треба да ја крева цела куќа на нозе.Ми вика не ја слушај затвори се во соба и гледај телевизија.Му кажав дека нема ни тоа ефект,а додека е она тука постојано ли ќе се затворам во соба.А ако почнам да зборам и викам јас низ дома ќе стане голем хаос.Почнав да плачам и му реков да се одвоиме од нив, а тој ми вика демек ке се омажела и сестра му,ама јас лично не верувам дека таа ќе се омажи.Мислам факултетски е образована,треба да се смири малку,а не да се однесува како 15годишна и да вика толку силно,а што е најтрагично кон нејзините се однесува без никаков почит(ги навредува постојано од типот глупав еден,козо,мајмунко).А друга работа е што не знае да пере,готви и сл. а само наоѓа мани.Ве молам за СОВЕТ!!!
Аватар на корисникот
tocka

Фем почетничка
 
20
Мислења: 14
Зачленет: 16 Мар 2010, 13:01

Мислење 28 Јан 2011, 03:54

препорачај и лексилиум ќе се смири ;)
lovergirl19

Бело цветче
 
1652
Мислења: 73
Зачленет: 26 Јан 2011, 02:27

Мислење 28 Јан 2011, 03:59

30 годишен правник и не е мажена покрај толку манијаци и стари беќари :О...дека е таква затоа никој не ја зима по се изгледа....
решение: најди и некој од по селана од скопска црна гора да ја земе да си бидеш раат, иначе утре деца ке имаш, ке им се развикува над глава, ќе трпат трауми уште од мали, а маж ти не е у право со тоа дека до професијата...мора да научи да ги оддели РАБОТАТА и СЕМЕЈСТВОТО, ако не ке си има проблеми утре самата за себе, мање више за другите, мислиш нејзе гајле и е дали тоа им пречи нив?

совет плус: направи и фејзбук сигурно ќе се најде некој зет :)
Аватар на корисникот
Cija-si

Бело цветче
 
2338
Мислења: 50
Зачленет: 19 Јан 2011, 05:17
what goes around, comes around

Мислење 28 Јан 2011, 04:09

Сестро,не е за смеа работава,ама тоа си е вистината...еден вибратор да и купиш,доаѓа златен 8ми март,денот на жената,убав ден,убав повод,башка симболика.Тоа и фали на женава,ништо друго и тоа гледај некој подебел и подолг.Уште во стара Грција така им ја лечеле хистеријата на жените,со предмети налик на денешните вибратори.
Ц ц ц ц ц...
Аватар на корисникот
Lilit

Жолто цветче
 
84611380
Мислења: 4369
Зачленет: 25 Ное 2009, 23:51
Локација: Зрно грашок

Мислење 28 Јан 2011, 04:16

лексилиум фејсбук и вибратор 3 работи што и требаат на таа жена (круела :))
lovergirl19

Бело цветче
 
1652
Мислења: 73
Зачленет: 26 Јан 2011, 02:27

Мислење 28 Јан 2011, 05:00

Па таа воопшто не личи на факултетски образована личност со таков речник. Јас се изнервирав што прочитав вакво нешто а можам да замислам како ти е да живееш со таква нездрава золва.
Почни да си плачеш почесто пред мажот и да драматизираш, за да види дека вака не ја бива работава и да те сфати озбилно. Само така и тој ќе посака да се одделите. А не вака да ја брани- работата и била стресна, и таа ќе се омажела, бла бла...а ако не се омажи, тогаш што ќе правите? Во таква ли атмосфера деца ќе чувате?
Аватар на корисникот
Blanca

Зелено цветче
 
461386
Мислења: 707
Зачленет: 25 Ное 2009, 14:58
Ask. Believe. Receive.

Мислење 28 Јан 2011, 10:29

Драматизирање и плачење пред мажот никако, нему кај му е доста сестра му да ја слуша, па уште и ти тоа да му го правиш - не! Лошо е така што сте сите во заедница, ама барем таа ли не може да се одвои од вас? Велиш факултетски образована, адвокатка - па не може ли да си дозволи едно гарсоњерче да си купи и да живее таму? Жената си е исфрустрирана - не и' е лесно на тие години, посебно кај нас во Македонијава - ама нејзин проблем е што не знае како да се справи со тоа.
Да поразговарате со свекорот, свекрвата, со мажот (верувам дека и нив не им се сака да ја слушаат кај што развикува ко луда) - прво вие сами, после и со неа - веројатно ќе вика, ќе се нервира, ама пак, ако успеете некако да и' кажете со убаво дека тоа што го прави не е во ред, можеби и самата ќе сфати дека мора да се оддели од вас. А и за неа ќе биде полесно да си најде некој - така и фрустрациите ќе има каде да ги празни (во спалната соба ;) ).
Аватар на корисникот
Annath

Жолто цветче
 
21653422
Мислења: 3529
Зачленет: 09 Јан 2010, 17:01
Go confidently in the direction of your dreams. Live the life you have imagined.
Слика

Мислење 28 Јан 2011, 11:47

Добив впечаток дека станув збор за разочарена, осамена и нервозна личност! :!: Не и е лесно па затоа исфрустрирано се однесува! Претпоставувам дека е тешко секојдневно да слушаш и гледаш нервозни испади на жена од 30 години која сама не знае да си го среди животото па со своето нервозно однесување го нарушува спкојот и на другите околу неа!
Решение е (како што рече Annath) да разговараш со сопругот и неговите родители за нејзино осамостојување, за нејзин посебен живот бидејќи е доволно возрасна да заживеее сама!
А и се сложувам дека шансите да најде човек за себе се поголемки ако живее сама па на тој наин фрустарациите би исчезнале (се надевам)
Аватар на корисникот
mina

Жолто цветче
 
484136
Мислења: 1260
Зачленет: 22 Ное 2009, 16:56

Мислење 28 Јан 2011, 12:42

Со оглед на фактот дека се работи за личност која не знае сама да се грижи за себе, да пере и да готви, тешко дека би прифатила да си замине. Плус мислам дека се работи за прилично исфрустирана и огорчена личност која не може да си го среди животот и затоа се истура на домашните. Додај ги тука нејзините години, професијата, кариерата и комплексите. Сакам да кажам тоа што е факултетски образована, адвокат, а нема сопствено семејство предизвикува уште повеќе да биде гневна. Барем јас така мислам.
И јас имав една таква змија која за среќа пред некој месец се омажи. Не знам во какви односи сте, ама мислам дека ти би можела да пробаш да се зближите, нормално ако ти дозволи, и преку разговор да и укажеш дека тоа што го прави не е во ред. Можеби би можела да ја поттикнеш почесто да излегува, пробај да и бидеш пријателка ако можеш.
Мојата золва беше (и се уште е) едно надрнато, искомплексирано створење кое не е вредно за коментари, четири години заедно живеевме и не успеавме да се зближиме.
Нејзините испади (трескање на врата, тропање баш кога го успивав детето, пуштање гласна музика во ниедно време,трошење на топлата вода, викање и понижување на родителите, правењето дека се знае...) ги игнорирав кога видов дека нема друг излез. Почнав да избегнувам контакти со неа, си го земав детето во соба или излегував за да не бидам сведок на нејзините испади и да ми го уништува расположението. И јас плачев, се нервирав само што ќе ја видев, и се молев да се омажи и да се спасиме од неа.
Едноставно има такви луѓе и тоа е тоа. Најмногу ги обвинувам родителите зошто токму тие и дозволуваат така да се однесува. И се согласувам со девојките погоре дека не треба да го оптеретуваш сопругот, едноставно стави ја на игнор ако немаш друг излез.
Аватар на корисникот
lolyta777

Жолто цветче
 
37055296
Мислења: 1589
Зачленет: 12 Јан 2011, 20:54
Слика
Слика

Мислење 28 Јан 2011, 14:02

Не значи ако се уште не е омажена или нема никој покрај неа...значи не добива следовање како што вие нагласивте,дека мора да е исфрустрирана.Има толку жени и девојки кои во брак, кои во врски , а полни со фрустарции.Се работи за табиет кој тешко дека се менува...Ти си знаела веќе во која ситуација ќе бидеш кога си се омажила...И сега ќе треба да се прилагодуваш,а ако не можеш тогаш некако најди начин да го натераш сопругот да си живеете одвоено.Тогаш ќе си имаш своја слобода,интима и хармонија.
Аватар на корисникот
julie77

Жолто цветче
 
60804334
Мислења: 4543
Зачленет: 02 Фев 2010, 16:31
Локација: Special land
Слика

Врати се на Брак

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: An-na, ana.s.28, kuc, nitokris и 7 гости

Site Meter