Trendafilka напиша:Зависи каква е тајната.
Има тајни и тајни.
Јас строго се држам до правилото дека некои работи не се споделуваат со никого и остануваат сами за себе, до крајот во животот.
Брачната заедница е сепак друга работа, имаш сопатник и треба да си ги споделуваш маките и грижите.
Ако се работи за сериозен проблем, јас не би преќутела.
А и ќе ми се познава, јанѕа ќе ме јаде што би се рекло и ќе се излајам на крај, од м
ука.
Тука во прв ред ги ставам здравствените, финансиските проблеми, проблеми на работното место, семејни кавги, разни дилеми, недоумици... значи сериозни работи за кои ви треба помош и поддршка.
Тука не вбројувам глупости од типот прераскажување на денот од А до Ш, детали како - мажуле знаеш што ми се деси? Прднав денеска, така ми дојде.
Е сега, има еден вид на тајна, за која со мислењата сум поделена.
Пример, вашиот колега ве опсипува со комплименти, но останува само на тоа, ништо повеќе, чист безопасен флерт.
Жена тип 1 - Колегата ме свиѓа, ми вика дека сум секси, ме манијачи бре (а со насмевка, а со сериозен тон кажана тајнава, после ќе ви се треска од глава, и од мува сте си направиле слон, некои мажи во мозокот веќе скроиле теорија на хаосот како на службено патување ве плеска во собата

)
Жена тип 2 - мудро си премолчува вакви глупаштилоци. И волкот сит и овците на број.
Арно ама... после гледаш мистер колега си добие слобода и почнува малку поагресивно со пуштање, смс пораки, не можете сами да се откачите и нема бегање - му кажувате на сопругот.
И колку време траело ова? А што не ми кажа? Аааааааааа, бааааааааа ...
Јес да е ова фантазерско-хипотетичка ситуација, ама ајде де... најди нзс за ваков тип на тајни.
Што се однесува на цените за козметика, чевли и облека, јас не би криела никогаш.
Од проста причина што мојот вкус е далеку поскромен од тој на дечко ми.
Веројатно он ќе крие од мене колку ја земал последната кошула.
Шала.