ТЕМА: Твоите и неговите родители-пријатели или противници?

Мислење 10 Дек 2011, 00:15

Врз бракот понекогаш големо влијание има односот помеѓу вашите и неговите родители.
Честопати тие односи знаат да бидат „затегнати“, бидејќи едните се сметаат за побитни од другите, константно се наоѓаат на некаков натпревар во самодокажување и постојано вагаат кој е побитен. Едноставно кажано, се создава некакво ривалство помеѓу нив.
Понекогаш тоа знае да прерасне во два противнички табори, а на крај младите се тие кои ги чувствуваат последиците.
Што мислите за таа нетрпеливост која може да доведе до вистински проблем?
Каков е односот помеѓу вашите родители и родителите на вашиот сопруг?
Дали постои нетрпеливост меѓу нив и која е причината за тоа?
Како тоа влијае врз вашиот брачен живот?
Аватар на корисникот
Gea

Зелено цветче
 
36001525
Мислења: 747
Зачленет: 07 Јан 2011, 01:54
Слика

Мислење 10 Дек 2011, 04:01

Ни пријатели, ни противници :)

Иако сум кратко време во брак, предходно заедно живеевме скоро 4 години и во тој период дали еднаш или два пати се имаат сретнато татко ми со родителите на мм, сега со свадбата, породувањето и крштевката повеќе пати се имаат видено во последниве месец, два одколку предходните 4 години.
Да живеам кај родителите на мм, вероватно сакале, неќеле ќе се среќавале почесто, вака бидејќи живееме сами, само кога има повод, односите сега за сега им се коректни.
Родителите на мм имаат четворица оженети синови, па не верувам дека имаат многу време да се замараат со фамилиите на снаите, односите колку што сум видела во овие 4 години им се коректни со сите.

За тоа кој се побитни, па на мене моите, на него неговите ;)

Не сум приметила досега да се натпреваруваат а не гледам причина за натпревар, професионално сите се реализирани а ниедни не се толку малограѓани па да се натпреваруваат на финансиско поле, кој колку има за себе си има.

Што се однесува до син ми, не ме прашале неговите никогаш што му купиле моите па да дадаат повеќе, ниту пак од моја страна се случило тоа.Кога останав бремена татко ми се сакаше да ми ја опреми собата за бебето исто како и за брат ми ама бидејќи родителите на мм тоа го направиле за сите внуци предходно, татко ми не се бунеше(а ни јас :lol:)ни подари други работи кои ни беа потребни.

А не гледам ни причина зошто мораат да бидаат пријатели, јас на 30 години па не сакам да склопувам нови пријателства а не пак на 60 години, доволно е да не им праваат проблеми на младите и да се однесуваат коректно кога ќе се сретнат.

Кај мeне изгледа си се држаат до девизата сватови треба да се гледаат од роденден на роденден :D
Аватар на корисникот
bittersweet

Зелено цветче
 
14622127
Мислења: 542
Зачленет: 28 Ное 2010, 06:30
Локација: where the sun almost always shine`s
Making the decision to have a child is momentous. It is to decide forever to have your heart go walking around outside your body.

Мислење 10 Дек 2011, 11:40

Во првите години во бракот постоеше некоја напнатост или тивко ривалство меѓу жениве (нели мајка ми и свекрва ми) за себедокажување која е подобра домаќинка, која подобра трпеза спремила и слични глупости. Но кратко траеше, за среќа.

Можам да кажам дека односите им се коректни, си се гледаат од време на време на слави, родендени, но се случува и да си одат на гости. Си имаат муабет, основно почитување, но без некоја претерана блискост.

Многу е лошо ако почнеш пред твоите со тужакање на свекорот и свекрвата и изигрување жртва - вака ме погледнаа, она ми рекоа. Се разбира тука не мислам на некои екстремни работи како малтретирање кои мораат да се кажат. Сите работи и проблеми кои сум ги имала сум ги решила сама или со сопругот без да ги инволвирам моите, а и тие се држеле на дистанца. И свекор ми и свекрва ми си се луѓе на место, не можам да се пожалам.

Лошо е кога постои нетрпеливост и се води студена војна меѓу родителите. На родендени, дешавки кога мора да се сретнат непријатно е кога треба да мислиш да ги седнеш подалеку, да се секирараш нешто да не си преречат пред народ. Ова сум го слушала од други искуства и знае да биде многу непријатно.

Многу зависи и од однесувањето на нас младите, да создаваме некоја рамнотежа, за да имаат колку толку коректен однос. Но претерана блискост е непотребна дури и непожелна.
Аватар на корисникот
Peppermint

Сино цветче
 
418481
Мислења: 323
Зачленет: 17 Јан 2011, 19:56
Локација: Во мојот топол дом
The grand essentials of happiness are: something to do, something to love, and something to hope for.

Мислење 10 Дек 2011, 12:00

Не се блиски затоа што јас не дозволив.
А не дозволив затоа што имам причина. Ги познавам и двете добро, и мајка ми, и свекрва ми, и знам дека не би завршила убаво работата.
Прв контакт имаа на давање збор, и иако свекрва ми си го покажа и тогаш вистинското лице кое јас го знам, мајка ми не го сфати така, туку се радуваше колку добри луѓе, и заклучи дека ако настанат проблеми меѓу нас јас ќе сум била кривата, демек, ептен арни и се видоа. Но...за кратко.
Уште на свадбата моронката направи доста потези кои и го сменија мислењето на мајка ми.
Свекрва ми многу сака да боцка, да омаловажува, па дури станувало збор и за син и, мислам кога зборува пред него, му посочува примери од околината као подобри, поуспешни луѓе, наводно без намера, само за да човек се почувствува лошо, а инаку пред други па се фали со мене, со него, за тој другиот да го омаловажи, и така во круг. Jас ја знам, знам да се носам некако, не и справам со тоа, само ја избегнувам колку можам и игнорирам, ретко реагирам и и враќам, но ја знам мајка ми, и знам дека нема да и преќути во таква ситуација, а и знам дека е невозможно другава да не ја створи, да проба да ги омаловажи моите, и 100% ќе резултира со куршлус од поголеми размери, па затоа после свадба се имаат само уште еднаш сретнато, кај маж ми во болница. Не и дадов на мајка ми да оди таму, а живееме посебно, па кај мене може да си доаѓа кога сака.
Свекор ми е горе доле коректен човек, но многу избувлив, ако му се спојат жиците вреѓа ненормално, и не се воздржува, и премногу се ,,шали,, као демек, за духовит го знаат, но шалите му се доста невкусни, и многумина не знаат што да кажат или кај да гледаат кога ќе им трусне нешто.
Значи, односи нема, јас, позавајќи ги добро двете страни, одлучив дека е најдобро така ;)
Не ми е мило за ситуацијата, но што е тоа е, боље спречити него лечити, па после да не можат и во очи да се гледаат кога ќе бидат приморани, по крштевки и такви работи.
А за натпреварување :lol: хаос. Само ќе кажам дека дури не му дозволува на маж ми да каже кога ќе ни поклонат нешто моите, и кога и да и спомне, не вика, убаво, добро, лошо, туку, а ние колку дадовме а?
О.к жено никој не оспорува, сите знаат, на сите сум кажала, ама кажи еден убав збор бре мајку му. :x
Воша жена. :lol: Дистанца му е мајката.
Аватар на корисникот
enca.69

Жолто цветче
 
27772519
Мислења: 1676
Зачленет: 25 Дек 2009, 17:16
If u wait to do something untill you`re complitely sure...you probably won`t do much in your life

Мислење 10 Дек 2011, 16:02

Па моите и неговите и немаат баш некаков однос, се гледаат од роденден на роденден на малата или евентуално ако моите дојдат во мојот сегашен дом на гости. Видувањето им е кратко, се поздравуваат културно и толку. Не се блиски и нема потреба да бидат, едноставно не се на иста бранова должина и не ни можат да бидат пријатели.
Веќе имама пишувано колку "прекрасна" жена е мојата свеки, и со нејзината добрина се запознаени и моите, тоа придонесе и да се одалечат.
Всушност и никогаш не ни биле блиски. Уште од одма на самата веридба си се покажа свеки која и каква си е, дека сака да доминира, да наметнува ставови, мислења, и моите познавајќи ме и мене знаеја дека ќе си имаме проблеми. Свекор ми па е мирен човек, ама тврдоглав, често знае да се инаети и да убедува, а тоа што го кажува сосема да е погрешно...татко ми не може да го поднесе тоа и ретко комуницираат.
На роденден кај ќерка ми седат на различни маси и нас (мене и на мм) ама баш ич не ни смета, зошто знаеме дека ако седнат еден до друг ќе се расприкажат и контрирајќи се можат и да се закараат.
Кога моите доаѓаат кај нас на гости седат кај нас во соба и само се поздравуваат со свеки и свекор ми, јас си ги канам моите на гости и воопшто не ги ни поканувам домашниве да седат кај мене во соба (исто кога доаѓа золва ми јас и маж ми само се поздравуваме и си се повлекуваме во соба ).
Не сакаме блискост зошто не заслужуваат, во текот на сите овие години сите си се покажаа кои се и што се и едноставно лицемерието им излезе на површина. Затоа и ги одбегнуваме контактите, ептен кога се морални (родендени, слави, семејни прослави) тогаш присусуствуваме и сме сведоци на лицемерие до бескрај :puke: , просто да ти се згади па и да ти се упропасти вечерта..... ти се смешкаат, а самиот знаеш колку те сакаат и почитуваат. |( :x

Што се однесува до ривалство, единствено се натпреваруваат околу љубовта и вниманието на ќерка ми, што мене ми е смешно, зошто тоа е дете и не разбира и нормално кој му купува повеќе и кој повеќе му угодува тој ќе биде посакан...ама јас па сум тука и не дозволувам да биде купена (без разлика за чии родители се работи), сосема поинаку ја воспитувам, ја учам да почитува.

Дали нивниот однос влијае на нашиот брак?
Порано влијаеше....сме се карале поради нешто што рекле или направиле моите или неговите.
Ама сега веќе не, не дозволуваме тие и нивните карактери да влијаат на нашиот брак, искрени сме и без лицемерие си кажуваме што или кој не` изнервирал, налутил, навредил....и секогаш едниот го теши другиот-не се замарај, го/ја знаеш каков/ва е. :!: ..и толку, едноставно не вреди, не вреди заради нив (со оглед на тоа дека се работи за различни генерации и нашите помладалешки мислења се контрираат со нивните) ние да се караме и да спиеме свртени со грб.
Аватар на корисникот
lolyta777

Жолто цветче
 
37055296
Мислења: 1589
Зачленет: 12 Јан 2011, 20:54
Слика
Слика

Мислење 10 Дек 2011, 16:04

Моите направија една грешка, која ја прават повеќето родители од страна на женското, а тоа е: Да бидеме добри, да преќутуваме на се`, само за да и` е убаво на ќерка ни, да не ја тормозат, да ја прифатат...итн...Познато ви е? :?:

И така моите молчеа, а неговите за се` наредуваа и си задоа многу за слобода да коментираат и да се мешаат.
Мајка му е нај нај за се`. Не смее никој да е над неа. Таа се` знае, се` умее, мора да доминира над сите.
Оттука и почнаа сите проблеми.

Од дома никогаш не се скараа со нивните. Се` премолчуваа и ме тераа и јас да молчам, да не `превраќам` назад. Не беа свесни колку беше злобна жената. Пред нив тераше прави политики, како и пред сите други.

Денес, кога сето е минато, си ја чукаат главата од ѕид, колку биле наивни, како дозволиле така, и дека `старинското`, `нивното` време од тоа како правеле тие порано, денес не функционира.

Во секој случај, стојам зад едно - родителите треба своето дете да го почитуваат пред другите родители, за да им дадат до знаење дека детето не им е за фрлање.
И дветте страни да не им се мешаат, и да не се презближуваат многу, како што пишаа тие над мене. ;)
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
11851537
Мислења: 1768
Зачленет: 02 Јул 2011, 12:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 10 Дек 2011, 16:07

Мајка ми со свкрвата на сестра ми беа многу блиски и немаше воопшто напнатост, си купуваа подароци за роденден, 8 март, заедно на планина со внуците и со мене одевме итн.. А со на дечко ми мајка му, мислам дека ке нема да бидат воопшто блиски бидејки се многу разлика во години мајка ми е 15 години постара и мислам дека нема да бидат многу блиски, а татко ми и татко му ке се согласуваат многу добро гарантирам, бидејки се знаат одамна и двајцата се страстни риболовци. Имат непресушна тема за разговор. :D
Аватар на корисникот
creshicka

Жолто цветче
 
1573994
Мислења: 1438
Зачленет: 30 Мар 2011, 00:19
Локација: На Јупитер, на едно дрво.
It's not always rainbows and butterflies, it's compromise that moves us along...

Мислење 10 Дек 2011, 16:25

Моите и неговите се некако многу слични луѓе. Иако не се гледаат често, се слушаат по телефон, а и кога ќе се видат ептен им иде муабетот. Поготово на машката страна. :)
Мислам дека нема да има никакви несогласувања од таа страна.
Аватар на корисникот
RainBow

Црвено цветче
 
6673901
Мислења: 9798
Зачленет: 03 Дек 2009, 16:27
"Wear the old coat and buy the new book."
Слика

Мислење 10 Дек 2011, 16:33

lolyta777 напиша:
Што се однесува до ривалство, единствено се натпреваруваат околу љубовта и вниманието на ќерка ми, што мене ми е смешно, зошто тоа е дете и не разбира и нормално кој му купува повеќе и кој повеќе му угодува тој ќе биде посакан...ама јас па сум тука и не дозволувам да биде купена (без разлика за чии родители се работи), сосема поинаку ја воспитувам, ја учам да почитува.

Колку ми е ова глупаво и смешно истовремено!!! :^) А, го гледам во многу семејства. :tmi:

Колку се караат зошто едната баба за роденден му купила само тренерки, а има пензија 8000ден, па што им прави на парите бе жената??? Луда работа! :x Другата му дала 50 евра. :!: :!:
Потоа едната баба го потпрашува наскришно што јадело кај другата баба и на сите начини сака да го придобие дека таа е подобрата. ИТН....многу примери постојат... :fubar:
Ова не само што не чини при воспитувањето за децата, туку непотребно им се прават проблеми на родителите. :^)
Дедовците најчесто се многу поразумни. 8)
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
11851537
Мислења: 1768
Зачленет: 02 Јул 2011, 12:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 10 Дек 2011, 20:23

Моите и неговите се немаат ни сретнато :D

Ги канив упорно моите да дојдат, не сакаат, и размаанав. А свекрвата не отидела едната ќерка да види кај и живее во странство, не ја интересира, долг и е патот...изговори сто и еден, па за сватоштините и дошло да патува, аха, ќе биде! Свекорот би, не за сватоштините специјално, туку онака си е авантуристичка душа, ама не му дошло на ред во плановите изгледа.

Ама тоа што не се знаат сваќите, не ги сопира да издвојат мислење една за друга. И на свекрвата и смета дека јас ја помагам мајка ми, и на мајка ми и смета дека јас и помагам на свекрвата. Ќе рече мајка ми, па што си и ти дужна на неа да и плаќаш за нов бојлер! Или ќе речам јас на свекрвата дека ќе одам за македонија и оваа ќе рече, епа пак ли ќе одиш? Макар што јас за Македонија доаѓам еднаш годишно или еднаш во две години, ама се збркува жената дека патувам да ги видам и брат ми или сестрата расеани по европа, па ако и речеш ќе летам, она мисли секогаш кај мама си трчам од свеки да се пожалам :lol:

Поарно така што не се гледаат. Свекрвата не е цвеќе а и мајка ми си ја знам каква е, по односот со сваќата кај семејството на брат ми. Ау, снаата на мајка ми не и се погоди. Не беше од арна фамилија, што ти знам маани не и најде а зошто не знам оти душичка е жената, ама мајка ми еднаш мене ми рече дека едноставно не и е мила, и тука многу јасно и сваќата не чинеше. Една друга не се меришаат сваќите. Ќе прати снајката некое пакетче по некој човек, да си жениве поделат, ама тој будала на едната и го носи. Сигурно и едната и другата хипервентилираат пола ден пред да отидат една кај друга оти мораат :^) Сакам да сум мува на зидот тогаш, да ги слушам како слатко си викаат сваќе а вртат очи на завртен грб. |( :D
Аватар на корисникот
imelda

Сино цветче
 
380330
Мислења: 307
Зачленет: 24 Мар 2011, 16:56

Врати се на Брак

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: An-na, ana.s.28, kuc, nitokris и 9 гости

Site Meter