Колку е лошо кога ќе се најдат седнати на маса луѓе што не се ама ич на иста бранова линија, што немаат еден муабет да направат асолен.
Е тоа се случува кај мене, средби одвај 2 пати годишно меѓу моиве и моите уште неофицијализирани свекор и свекрва. Не се скарани, ниту пак непријатели, само не сакам да се ни пријатели.
Не сакам да се дружат, не сакам да си одат/доаѓаат на кафиња, впрочем сами се свесни и си сфатија зошто.
Свекорми и свекрвами се ок луѓе, ама постари и не баш современи. Ако застанеш со нив едниот непрестано ќе те испитува и ќе те замара со секакви прашања или пак ќе ти ги раскажува вестите од дневникот

а свекрвами ќе ти ја раскажува по 100 пат семејната историја, или за комшивката/колешкта од работа или.... или ќе глуми светица од типот - леле јас навистина неможам да ги разберам луѓево, особено младиве како само можат по цел ден да гледаат турски серии, јас никогаш не сум гледала и нема да гледам, глупости! И одам кај нив во сабота влегувам и ги гледам двајцата зјапнати на тв гледат турска серија. И свекрвава од срам скока и му се дери на свекоров - дај бе гасни ме замараш овде јас не гледам вакви глупости, ми сметаш.
И си ја докажа тогаш својата малограѓанска жичка и двојно лицемерие. А јас останав зачудена зошто воопшто се труди да глуми. Мене ми е гајле што прават и што гледаат, ама жено дај не изиравај лудило.
Јас ги гледам ретко и искрено избегавам блиски средби, не сум таков тип да ми оди муабетот со такви луѓе, сакам луѓе на мое ниво, опуштено без да замараат. Мислам мене искрено ми се гади од муабети од типот - аа денес беше на ручек кај мајкати, што те почести.. мислам втф

и тука стапува на сцена срцево мое и со еден збор ја враќа на место да си ќути и да не ме замара со селски муабети и да не и текни пак да праша такво нешто.
Јас уште пред веридбата се држев до правилото дека секоја свекрва е добра се дур не и влезиш вкуќа. Особено ова важи за свекрва. И дојде на моето. Останав резервирана како што си бев кон нив, само уште поладна, сега сум на чиста формалност.
Пресреќна сум што живеам посебно (иако во иста куќа, на посебен спрат со посебен влез, исто како стан) па одвај еднаш неделно ако слезам да ги видам, и тоа на 5 минути. А тие си знаат дека не смеат да не замараат па досега не се качени ниту еднаш кај нас.
За мене што повеќе на дистанца подобро. Мама и тато си доаѓаат кај мене, а кај нив не. Само кога се мора...