ТЕМА: Жената-дома, а мажот на шетање...

Мислење 25 Јан 2012, 17:41

Гледам многу вакви случаи околу мене...
Дали тоа го прави беспарицата, немањето работа...
Дали се работи за менталитетот или за карактерот на човекот...
Каде е почитта спрема сопругата...

Да земам пример на едно семејство: Двајцата родители се вработени, само прва смена одат. После работа мажот оди по кафичи со машки и женски пријатели, навечер често по кафани, на фудбал со пријателите, а жената цело време е дома чисти, ги чува децата и им помогнува околу домашните задачи од училиште.
Мажот секој викенд излегува по дискотеки, се прибира дома наутро.
Жената и децата како да не постојат за него.
Жената цело време молчи, бидејќи тој е главен и има страв од него.

Дали сте биле во ваква ситуација?
Ако би се нашле како ќе реагирате?
Дали го осудувате ова или е нормално за вас?
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
11851537
Мислења: 1768
Зачленет: 02 Јул 2011, 12:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 25 Јан 2012, 17:59

Од една страна до карактерот си е.
За некои мажи е понижување да седат дома со жената и децата. Па што ќе речат после неженетите другари? Дека се папучари? Ти се молам. Затоа забораваат дека дома имаат жена, дете, дека веќе не се сингл, семејство основале. Едноставно на таквите им е помило другите од страна да се позадоволни, отколку најблиските.
Од друга страна и до менталитетот е. Незнам зошто толку се занемарува улогата на таткото во едно семејство. Па тој игра важна улога во одгледувањето на детето исто колку и мајката. Мажот кој не се потпира на ова, не се грижи дали детето треба да се пресоблече, да му се смени пелена итн. Ама битно тој е МАЖ, секоја вечер е пијан со другарите.

Сепак не треба да се оди од крајност во крајност. Да, и мажот и жената основале семејство, ама не треба да ги заборават пријателите. Понекогаш треба едно добро издувување со нив.

Мажот на сестрата на дечко ми многу се смени откако им се роди синче. Секогаш е тука за него. Помага, го чува, пресоблекува... Кога ќе го погледнам како го гледа детето се топам :$ .Ама тоа не значи дека си ги заборави другарите. Се гледа и со нив, секако во граници на нормалата.
Аватар на корисникот
thinkerbell

Зелено цветче
 
17851099
Мислења: 702
Зачленет: 20 Ное 2010, 15:06
Локација: Далеку од тука
We need to make books cool again. If you go home with somebody and they don't have books, don't fuck them.

Слика

Мислење 25 Јан 2012, 18:11

Во мојот случај не е така!
Најчесто времето го поминуваме заедно . Исто како и пред бракот , не ни се смени нешто ситуацијата.
Од кога останав бремена искачањата во диско ми се намалија , не ни можам да одам во диско , а на сопругот не му бранам ако сака да искочи со другарите . нека зашто да не , Но повеке сме заедно некаде пример идеме во кино , или некаде на вечера ....
Ама сепак мислам и до карактерот, воспитувањето и др. :!: :!:
Аватар на корисникот
MacenceEna

Сино цветче
 
588700
Мислења: 295
Зачленет: 08 Дек 2010, 22:48
Слика

Мислење 25 Јан 2012, 18:52

girl.23 напиша:Дали тоа го прави беспарицата, немањето работа...
Дали се работи за менталитетот или за карактерот на човекот...

Тоа го прави самата жена и никој друг :) И искрено не осеќам жал за таквите, ниту пак ги осудувам мажите, од проста причина што секоја гледа со каков се мажи нели-затоа некое време си во врска, се запознавате, гледаш каков е, а ако некоја гледа дека нешто не оди, па верува во бајките дека тоа ќе се смени, бракот ја враќа во реалноста :) Па после евентуален развод, нека земе пак таков.

Каков жената ќе си одбере, како ќе се постави, таков и ќе и биде бракот и тешко да ме убедите во спротивното. Ако карактерот му бил таков, не морало за маж да го зимам нели :wasntme:
Аватар на корисникот
femina90

Жолто цветче
 
1659813
Мислења: 3582
Зачленет: 25 Дек 2009, 01:21
Локација: Скопје
Not every brigde wants to be crossed :)

Мислење 25 Јан 2012, 19:06

Па такви случаеви не се само за во бракот ги има милиони и во врска девојката си седи дома никаде не излегува, а по по градот лумува, се гледаат само или кај него или кај нејзе и тие девојки што очекуваат како ќе и е во бракот?

Според мене точно мажот и жената треба да си излегуваат заедно, но сепак не треба како црево секаде заедно да се влечат, треба да си постои и малку слобода. Мене лично не би ми сметало ако еден ден маж ми чат пат излегува сам на пиво со другарите зошто и јас би сакала да си одам на кафе со женско друштво. Ни денес кога сме во врска не ми пречи кога дечко ми излегува со другарите, но во тој случај и јас не седам дома туку сум излезена некаде со другарки, но прикрајот на вечерта ќе се најдеме и заедно ќе отидеме во диско или ќе си отидеме дома. Знам многу е поразлично во врска и во брак, но сметам дека жената си е сама виновна што така мажот си се понаша со неа, па таа самта така си се поставила. И кој и е крив кога не знае да му сржи?
Аватар на корисникот
SOVRSENSTVO

Жолто цветче
 
881330
Мислења: 2388
Зачленет: 20 Сеп 2010, 14:25
Локација: далекy од реланоста...
We are in love Слика

Совршенството неможеш да го достигнеш,но никогаш не се откажувај од стремежот кон него!

Мислење 25 Јан 2012, 19:07

Истото и јас се прашувам, како жените само молчат??? Или им е сеедно каде е и со кого е мажот им? :x
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
11851537
Мислења: 1768
Зачленет: 02 Јул 2011, 12:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 25 Јан 2012, 19:09

Малку е до менталитетот, да не речам балканштината и македонштината која се' уште цвета кај нас, а другото е до карактерот и домашното воспитување.

Децата неретко се огледало на родителите - ако го гледал татко му како после работа крева нозе во вис, клапнува пред тв со пиво во раката и дреме едно 4-5 часа, додека жената продолжува да мие садови, суредува, чисти и да мисли што за вечера, момчето така ќе мисли дека е нормално и пожелно.

Или скита и лумпува како некој неизживеан младич, додека жената верно и мирно го чека дома, небаре му е робинка и слугинка.

Затоа ширум отворени очи кога бирате брачен партнер.
Анализирајте го, испитувајте му ги навиките, карактерните особини, запознајте го и знајте со каков човек си имате работа.

Не треба да се оди ниту во екстреми, некои жени не им дозволуваат на мажите ниту да мрднат со пријатели, ниту на баскет и обично излегување, честење по некој повод или вечер со колеги од работа.
И тоа е претерано и лошо.

Во секој случај многу ми е невкусно тоа скитање и излегување на мажот без мера.
Ко некое куче пуштено од синџир, ко некој недоквакан тинејџер кој не може да се нарадува на пијанки и бесна музика.
Искрено, не знам ниту како таквите завршуваат во брак.
Кој ги зема за мажи?
Аватар на корисникот
Trendafilka

Жолто цветче
 
121856437
Мислења: 4426
Зачленет: 28 Дек 2009, 16:12
Локација: Barcelona or Nice... someday
Don't Trust Anything That Bleeds for Five Days and Doesn't Die . . .
Што е убав овој свет - онде го*но овде цвет.
Слика

Мислење 25 Јан 2012, 19:11

во брак ако мажот седи дома, помага во домакинството или со детето (менување пелени, бањање, пресоблекување) според другарите кои се неженети веке не е маж, му се губи надимакот МАЧО нема веке(или не толку често) излегување, пиење, шетање со нив или е нарекуван ПАПУЧАР во друштвото,за срека не се сите такви секоја чест на исклучоци :)
Аватар на корисникот
srcekrsacka

Жолто цветче
 
4492763
Мислења: 1600
Зачленет: 26 Ное 2010, 18:13

Мислење 25 Јан 2012, 19:24

Зависи како уште од старт ќе си ги поставите работите. И тој и таа може да шета колку сака ако нема осет дека има обврски по дома. Најлесно е да се остават децата кај баба, дедо, сестри, вујни....и да се трча во првиот кафиќ, кафана и сл.
Секој има потреба од свое друштво без партнерот и тоа треба да се почитува ама да се има осет колку може и до каде може. Секој има своја слобода и не е врзан за куќата ама ако не ти е пријатно со партнерот по дома и трчаш веднаш во првиот кафиќ, значи нешто не штима во таа врска.
Ако јас правам генералка по дома, ок нека излезе и нека го земе детето со себе за да го прошета отколку да ми се шунка по дома (ако немам потреба од негова помош, т.е физички напор,а неможам да го терам да ми брише прозори).
Треба да се почитува слободата ама не и да се злоупотребува. На таков начин се губи и доверба во партнерот. Тоа не значи дека мора да биде врзан за мене ама мора да постои граница.

girl.23 напиша:Истото и јас се прашувам, како жените само молчат??? Или им е сеедно каде е и со кого е мажот им? :x

Тоа е доволен сигнал дека не им баш функционира бракот или врската (според мене). Немора да значи дека е неверство или има друга ама доволно е што не си својот партнер - значи не ти е убаво со него. Ако не делиш моменти со него тогаш со кого со комшивката на кафе на бош муабети и оговарање на свекрвата или некој друг :$
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
1172496
Мислења: 2325
Зачленет: 27 Дек 2009, 01:31

Мислење 25 Јан 2012, 19:26

Има мажи т.е. дечковци кои откако ќе се оженат некако нагло созреваат и пораснуваат и си ја сфаќаат сериозноста на брачната врска, а има и такви кои цел живот остануваат дечковци. Тука спаѓаат оние кои никого, а најмалку сопругата, не ја почитуваат, нејзиното мислење за нив не значи ама баш ништо и се ожениле ради реда, да има кој да им го продолжи семејното стебло и нормално да им биде замена за мамица. Тој прави што сака, а таа само молчи и клима со главата.
Јас ги обвинувам жените, кај гледале пред да се омажат :^) , не го запознале доволно или тој се сменил....ако се сменил и глумел лудило во целата врска, тогаш имаат избор-чао, пријатно, довиЏења...а не тие самите избираат да продолжот да живеат во еден таков брак и се мизерни и очајни.

Јас уште пред да стапиме во брак јасно му кажав на мм (тогаш ми беше дечко) дека никогаш нема да бидам домачица која седи дома, врши домашни обврски (му ги пере гаќите-баш со овие зборови) и му чува деца, а тој оди по кафани, дискотеки итн.....јасно му ставив да си знае дека јас не сум и никогаш нема да бидам таков тип на сопруга, дека без мене може да оди само на работа и Боже прости ми два метра под земја. Ако сака таква сопруга нека си бара друга ама одма, без да си го губи времето со мене, а и мене да му го губи. Му реков дека ако некогаш во животот почне да се однесува како раскалашен маж, како куче без ланец и ако почне да не ме ферма, дека ќе си се спакувам, ќе си ги земам децата и ќе го оставам без око да ми трепне.
Дали ми смета скитање и прибарење во ниедно врема?-ДА, и тоа го знае, отсекогаш го знаел.
Дали може да излегува без мене?-Да, ама зависи каде и со кого и кога ќе се прибере.
Дали јас излегувам без него?-Да, ама дневно излегување, а не и навечер по дискотеки. Кој сака нека ме осуди ама мајка која си ги заспива децата и оди по дискотеки без разлика со кого, го остава мажот дома да ги чува децата, не е е мајка...ај разбирам да се има повод на пр. девојачка вечер, новогодишни, осмомартовски и сл. прослави ама онака од чист ќеиф да излегувам...Не, не сакам и не одам.

Затоа отворени карти, а Бога ми и очи. :!:
Аватар на корисникот
lolyta777

Жолто цветче
 
37055296
Мислења: 1589
Зачленет: 12 Јан 2011, 20:54
Слика
Слика

Врати се на Брак

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: ana.s.28, kuc, nitokris и 9 гости

Site Meter