ТЕМА: Телото за време на бременоста - појава на стрии

Мислење 08 Окт 2013, 22:53

Не бе Каја, јас ништо не ти пикнав во уста. Формулацијата на реченицата ти беше со доза на суровост зошто на крајот што бараш ти на тема за стрии кога немаш? Јас треба сега да седнам и да куцам пост еден саат за да ти напишам со што се се справувам во бременоста и дека од кревет немам станато за да имам право и за стрии да коментирам? Дали така би можела да ти парирам на тебе како загрижена трудница?:) И дека ништо на светот не ми е поважно од нејзе?

Објективно прочитај си го постот и дозата на обвинување, можеби ќе се сфатиме. Вака остануваат сите теми на форумот упропастени, греота за идни трудници ќе нема сокој да се советуваат.
Аватар на корисникот
Nova

Сино цветче
 
185148
Мислења: 438
Зачленет: 15 Јан 2010, 10:17

Мислење 08 Окт 2013, 23:18

прва работа мислам дека не треба да ти се правдам тебе или на било кој што барам на оваа или воопшто на друга тема, а второ тоа беше мое мислење во однос на бременоста и појавата на стриите, не знам што толкава ука бука???? уште еднаш ќе го кажам МОЕТО мислење, значи мене, а не тебе или некој друг воопшто не ми е гајле дали во текот на бременоста ќе ми се појават стрии бидејќи и покрај упорните мачкања со разни креми, ако намериле да искочат ќе искочат и тоа нема да промени ништо, а со грижата нема ништо да се постигне!
па што и ако се појават? зошто тоа толку ве фрустрира?

изгледа ова ве навреди,а тоа се обични прашања, на кои може најнормално да се одговори, значи ме фрустрира поради тоа и тоа, а не одма да се пишува каков ми бил пристапот...
Аватар на корисникот
kaja11

Сино цветче
 
10073
Мислења: 183
Зачленет: 31 Јан 2013, 21:56
to be found you must admit you are lost!

Мислење 09 Окт 2013, 07:57

Значи секоја жена има потреба да изгледа убаво, секако дека после пораѓај сите пак ке сакаме да си се допаднеме на нашите мажи, дали со килограм повеќе или не,ама да имаме убава мазна кожа колку што е возможно. Жена која вели не ми е гајле за стрии или веќе ги има,па нервира други :lol: или не и е гајле за изгледот. Ама секој со свое мислење е и тоа треба да се разбере.
Нема потреба да си пребацувате едми на други.

:hai:
Аватар на корисникот
butterfly.mk

Зелено цветче
 
451896
Мислења: 870
Зачленет: 24 Јун 2010, 10:30

Мислење 09 Окт 2013, 12:31

Јас сум допрва 30 недела и уште немам ниедна стриа.
Користам од Еуцрин маслото. Околу 700 денари го земав од аптека во Куманово. Го користам уште од 9-10 недела некаде, а инаку сум веќе слонче станата и стомакот ми е скоро како да сум 36-та недела.
Е сега на градите си имав и од порано, од диети, па сега дали има нови не сум загледувала, сигурно има. Ама на градите не се ни мачкам редовно.
Стомакот го мачкам секоја вечер пред спиење за да не мачкам други алишта, нели масло е и доста е мрсно. И обавезно се мачкам по туширање.
Инаку нормално е стомакот да чеша, не сум сигурна кој прашуваше. Мене ме чеша често, особено кога нагло расте те во последно време.
Сепак имам уште многу до породување и сега стомакот којзнае колкав ќе ми биде па може и ќе ми се појават. Ако има промени ќе пишам. :angel:
Аватар на корисникот
ennaz

Фем почетничка
 
620
Мислења: 18
Зачленет: 09 Окт 2013, 12:20
Слика

Мислење 09 Окт 2013, 13:20

^Не ме чеша стомакот, туку газот :lol:
Скриен текст: покажи
За стомакот се сеќирав највеќе ама сега за сега не гледам ништо
и ај чешањето можам да поминам преку тоа, ама не отчекував дека ќе ме боли и пече :worried:
Сепак денес сабајле кога станав се мачкав вака:
Масло од кокос па се триев со луфа,
па Елдена млеко за тело со ад капки
па путер од какао на палмерс
па завршив со бадемово масло :lol: :lol:
И не ме боли, ептен малце ме чешка ама речиси неприметно.
Не си пробала со еуцерни на градите да видиш дали ќе ти направи некоја разлика?
Ај пиши како напредуваш, блиску сме со неделиве па баш ме интересира како ќе ти биде понатаму
Аватар на корисникот
captivating

Зелено цветче
 
411277
Мислења: 866
Зачленет: 10 Јул 2013, 15:10
Слика

Слика

Мислење 09 Окт 2013, 13:55

имам неколку старии стрии на стомачето (значи од минатата бременост) од ова се уште немам и дај боже така и да остани.прашајнето ми беше дали старите стрии после порајгај че изгледат како нови :?: пошто е кожата повторно оптегната
Аватар на корисникот
zalosna

Жолто цветче
 
17202143
Мислења: 1436
Зачленет: 29 Дек 2011, 23:42
Локација: na edno tajno mesto
Слика

Слика

Мислење 09 Окт 2013, 16:41

Јас сум скоро 35та недела и немам стрии се мачкам секоја вечер со бекутан масло
Аватар на корисникот
mona22

Сино цветче
 
27426
Мислења: 379
Зачленет: 20 Јун 2010, 21:02

Мислење 10 Окт 2013, 21:15

Еве од мене препорака. Јас сум склона неверојатно многу кон стрии. Целиот задник и бутовите од страните ми се со стрии и тоа уште од средно школо. Не сум имала драстични покачувања ниту симнувања на килажа, но ете кожата ми е таква.

Се породив минатата недела во 39 гн и немам ниту една стрија на стомакот, а и стомакот ми е многу рамен, порамен од претходно.

За време на бременоста секое сабајле и секоја вечер се мачкав и долго го масирав стомакот со смесата: оригинална павловичева, розева павловичева, АД капки, витамин Ц ампула, витамин Е ампула, маслиново масло и бадемово масло.

Топло ви го препорачувам ова на сите.

Во ред е да немаме фрустрации и ако се појават стрии, ама ако може да се спречи тогаш па и зошто човек да не се обиде ;)
Аватар на корисникот
Vetruska

Зелено цветче
 
262347
Мислења: 671
Зачленет: 13 Фев 2013, 12:32
Локација: Among the stars
Слика

Мислење 14 Окт 2013, 07:44

captivating напиша:^Не ме чеша стомакот, туку газот :lol:
Скриен текст: покажи
За стомакот се сеќирав највеќе ама сега за сега не гледам ништо
и ај чешањето можам да поминам преку тоа, ама не отчекував дека ќе ме боли и пече :worried:
Сепак денес сабајле кога станав се мачкав вака:
Масло од кокос па се триев со луфа,
па Елдена млеко за тело со ад капки
па путер од какао на палмерс
па завршив со бадемово масло :lol: :lol:
И не ме боли, ептен малце ме чешка ама речиси неприметно.
Не си пробала со еуцерни на градите да видиш дали ќе ти направи некоја разлика?
Ај пиши како напредуваш, блиску сме со неделиве па баш ме интересира како ќе ти биде понатаму

Готово, стриите дојдоа и на стомакот. |( Преку ноќ се појавиле и ги има неколку, црвени и страшни :( Многу се разочарав, еве три дена не можам да пишам од депресија. Тоа е! Сега земав и АД капки, а ќе земам и витамин Е да појачам, и почнав по два пати да се мачкам, па барем да не бидат повеќе.
Што да ви кажам мешиња, ви посакувам повеќе среќа и подобри гени! :)
Аватар на корисникот
ennaz

Фем почетничка
 
620
Мислења: 18
Зачленет: 09 Окт 2013, 12:20
Слика

Мислење 14 Окт 2013, 13:25

Мислам дека наскоро и јас ќе се пријавам во оваа тема.Денеска приметив многу мали стриички точно над папокот и една малечка до лузната кај што сум оперирана од слепо црево...Не се приметуваат многу,треба баш убаво да се загледаш па да ги видиш...ама ете се појавија... :sweat:
Што да кажам сама сум си крива не се мачкам редовно...но после овие 2-3 мали стриички дефинитивно ќе се мачкам и тоа по два мпати на ден....насабајле и навечер. :doh:
Аватар на корисникот
TSS

Сино цветче
 
366371
Мислења: 434
Зачленет: 24 Апр 2013, 12:55
Слика

Слика

Врати се на Бременост

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Alondra, AnaSe, eleni27, Love23love, rakce89 и 25 гости