1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Ако јадеш 3 јајца не можеш да јадеш и сирење, или едно парче сирење и 2 јајца или само 3те јајца, можеш салатка да си ги направиш, пример достај си ги во марулата и зачини си како што си зачинуваш салата. Мој совет, во иднина, свари си јајце едно пример, свари си мало парче стекче или испечи го на скара и едно парче сиренце, напрај си ги салата со марулка, ќе се изнајадеш. Но сега немој да јадеш сирење со јајцата сега, многу да не ти биде, јас и не би ни можела да изедам парче сирење и 3 јајца, многу е.
     
  2. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Angel фала на одговорот.Само имам уште неколку под-прашања. :(
    -За вечера останува исто само половично така?
    -Во текот на денот дали цело време можам да пијам цедени сокови?
    -Дали може супата да е од брокула,морков,целер,карфиол ?
    Извини што те измачив,но обој пат цврсто сум решена да симнам на кг.и сакам да го направам тоа како што треба.Поздрав :*
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Па доколку можеш со половина да поминеш добро, но мислам дека можеш слободно да си ја изедеш истата количина, само без супата :!: таа за вечера не се препорачува. Цедени сокови можеш но пример само лимонче, колку да те освежи, никако со засладивачи, а можеш од овие што се шумечките без шеќер, тие не се толку калорични, а залажуваат па може да пројде. Супата може да иде со сите овие намирници, но не знам како ќе вклопиш карфиол, мене не ми иде некако, но тебе ако ти е ОК, јади си ја, аха и без резанци :!:
     
    На Maya3112 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    2/12 Скробен
    Д: два портокала
    Р: пире со буковец и лукче заедно измешано и мн е вкусно да знаете :D , варена пченка и зелка салата
    В: малку помалку од ручекот(без пченката) и зелка салата
     
  5. Ivi.milo.mi.e

    Ivi.milo.mi.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    39
    16ден-овошен
    денеска нешто ми се усладија мандаринките,можеби сум изела цело кило :lol:
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Не пишував за изминатава недела, ама деновите горе-долу поминаа добро со некој ситен прекршок(сеа ми иде одново да ја почнам, ама ја продолжувам) и на 14ти направив поголем прекршок, патував, цел ден издржав на овошје со една банана, 3 мандарини и едно мало јаболче за ко се вратив да прекршам со питето со париче и малку јогурт, ми идеше отпосле да си пукнам, ама тоа е, не очекував дека ќе јадам, сосема спонтано дојде дека со париче колку да сум направела адет, ама кога веќе каснав едно залаче, го изедов цело парче :tmi: ама се стори и уште не можам да ги прежалам прекршоците :(
    навистина оваа совесва како ме гризе, знам дека не треба дотолку да бидам, ама не сум мирна.
    Денес ми е: 6/24 Овошен таман да се прочистам.
    Ама со мал прекршок бев на роденден и не пиев сок, ама мораше нешто да пијам и со братучед ми порачавме нескафе, и свечено ветувам од денес :swear: , нескафе само во протеински строго, не глава да ме боли, што сака нека ме боли :fubar: , нема да дозволам да ми оди споро слабеењето заради него, па уште треба да се доистанчам бе, и покрај симнатите колку кила 7-8 колку се(што се малку, ама вкупно ми беа некаде 10-12 за симнување) со оглед на тоа не се многу, ама сеуште алиштата што си ги носев не можам да си ги носам, со исклучок на едни фармерки што се број 29, значи буквално за многу малку не ми се копчат и се гледа дека е за ситно работата, а знам дека за малку недоврешна работата нема да ја оставам :!: , има да се стегнам и да се вратам во нормала еднаш засекогаш, па преку глава ми е. Можда сега од ко ја завршив деитава си викам кога си сумирам се, не требаше да си правам ситни прекршоци од типот на нес кафе и по некој газиран сок, ама се стори, ќе видиме што ќе направам сега со вежбање и со 24 дена турбо, а ако не успеам и со турбото да ги досимнам одам на одржување 20 дена и после вметнувам турбо уште 24 дена, па ќе видиме.
    исповед :up:
    Вкупно се за денес: една банана + 1 мандарина + едно јаболко + пола цитрон.
    Тоа е се и не планирам ништо друго в уста да ставам, а и немам воопшто апетит, најмногу ги сакам овошниве денови, ем сум сита, ем се прочистувам, ем слабеам, ем многу добро ги поднесува, ем имам енергија за вежбање! ;)
    Поздрав до цела група диеталки, само бидете упорни. :hai:
     
  7. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    Епа здраво на сите диеталки :hai:
    Јас ја имам држено диетава во 2011...фебруари некаде..и ја издржав до крај и тогаш ослабев околу 18кг, значи пробано и ефикасно. Како и да е, да не должам, од октомври до ден денешен ставив 10кг плус(пржено, благо, чипсови смоки.. и ниту еден грам овошје и зеленчук). Од утре и јас ја почнувам без отстапки, и вежбање на орбитрек мин. 4 пати неделно.
    Имам 180см и 80кг :tmi: .....Моја цел, за 2 месеци да стигнам барем до 70кг, а до летово да имам барем 67.
    Единствено нешто што е добро у тежинава моја е тоа што ми пркнаа градите :D
    Паа женички, ви се приклучувам во клубот :)
     
  8. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    16/90
    Јагленохидратен ден
    појадок:1банана
    ручек:пица
    вечера две парчиња колач од мак кој си го приготвив сама
    По овошниот ден ќе се мерам па ќе ви пишам резултати :^)
     
  9. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Готово АнгелОфАрх те послушав и ги баталив газираните сокови и не јадев конзервирано овошје.денеска ми е овошен и како за чудо супер го поминав,ни еднаш не се почувствував гладна,кој ти знаел дека може да се преживее на 1 банана 2 киви 1 јаболко и грозје цел еден ден и да не си гладен.плус едно кафе турско и еден чај од камилица.можи да изедам уште едно јаболко или портокал и уште едно горко кафе до пред да си легнам,како и да е се гордеам сама на себе за овој ден
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.758
    Пол:
    Женски
    Прво да ви кажам, многу ми е драго кога некој ќе се поправи откако ќе го послуша мојот совет, пред се, знам јас колку сум се мачела па не сакам и вие да се мачите. Супер е што се повеќе од девојките кои се придружуваат навистина остануваат до крај, и кога еднаш ќе ја почнете диетата не ја прекинувајте па одново, ако се работи за еден ден прекршок продолжете, гледајте да бидете свесни дека сте на диета, да не заборавите. Ане.белла, мило ми е што се реши на полесниот пат, сепак ти си нешто како мене, имаш доста за слабеење но сепак не премногу. За конзервираното овошје, следниот пат кога ќе се прави компот седете до вашите и одделете си неколку тегличиња за вас, засладете ги сосем малку, на половина помалку од тоа што е вообичаено, и тоа со кафен шеќер, ама не овој на Виталиа, кој е ист како и обичниот само обоен, купете Мусковадо или од овие што се околу 100 денари пола килце и со тоа засладете, тој и повеќе засладува од вообичаено па нема да ви биде воопшто лош компотот. Пред се, компот без шеќер не е компот точно, тоа го држи овошјето ми се чини, со оглед на тоа што не се ставаат конзерванси. Така ќе можете да си пиете компот цело време, а дотогаш овој стандардниот ставете го во тенџере, додадете уште толку вода и зовриете го, ќе го разредите, а и во оваа зима ќе си пиете топол компот исто како чајче ;)
    Е сеа за мене денес, 61, ЈХ ден
    Појадок - еден цитрон и две ситни мандарини, поситни во живот не сум видела
    Ручек - од сега си нарачав една пица вегетаријанска, со растителен кашкавал сосем малку колку да не е без ич де, со сите можни салтанати на неа, маслинки, печурки, домати, кисели краставички и се разбира многу сос од домати :D
    Вечера - е вечерата е посебна приказна, синоќа направив колачи едни по еден рецепт кој го имам постирано овде, жива глупост ама ајде, не ми излегоа баш како што треба, а и јас брзоплето не сум го прочитала целиот рецепт па ја утнав ептен со мерките ама тоа е, битно на крај излегоа десетина бомбици за еден куп мака, па вечер ќе каснам од нив и има еден куп мали чоколадца од веридбата, само се части вереникот па демек и мене ми дава ама јас ги тргам на страна па ми се имаат собрано, до крај на диетава мислам нема да ги изедам во сите ЈХ денови :lol:
     
  11. Nutricionist

    Nutricionist Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    279
    Да додадам...најздраво засладување на компотот е со суво грозје :D
     
  12. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706
    Денеска 4/90 - Овошен

    Досега имам изедено 2 банани и 2 портокали.
    Испив и едно турско кафе, шоља чај и 1л. вода.

    До вечер планирам уште 2-3 овошки да изедам и доста е :D

    Орбитрекот денеска паузира :)
     
  13. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    ден 1

    доручек цеден грејп и кафе
    ручекот ке ми биде подоцна затоа што ќе имам гости за вечера, така да ке биде 2 во 1 :). Риба со салата, а за гостите и компирчиња
     
  14. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    17/90
    Овошен ден
    Појадок:1банана
    ручек:зелка саката
    вечера:свеж ананас
     
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам,за време на диетава смее да се пие кафе(она Нескафето што се прави со вода,2 во 1 ) ?
    Со пола лажичка шеќер. :wasntme:
     
  16. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    ^ Мислам дека само во ј-хид. ден, ама незнам не сум сигурна, бидејки во тој ден се јаде и благо навечер, па можеш да искористиш :)
     
    На SweetChild му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    5/90 протеински
    поручек јаболко и портокал
    ручек риба и салата
    вечера исто како ручекот.
    5-ти ден и се мерев 2.5кг во минус, OH YEAH BABY!!! :clap: :dance: :party:
     
    На anembu му/ѝ се допаѓа ова.
  18. betiz

    betiz Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    дали некој знае после 90 дена како се оди на одржување ,знам само дека доручекот е овошје задолжително но ручекот и вечерата како иде
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    betiz за подетални информации и други прашања подетално, посетија ја темава
     
    На betiz му/ѝ се допаѓа ова.
  20. betiz

    betiz Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Lux kolku vreme drzis dieta i dali ti si na odrzuvanje :clap: :clap: