http://forum.femina.mk/dom/napravi-sam-ukrasi-za-zid-i-drugo-t6792/640.html#p1692760 неколку идеи од српската страна
Јас направив рамка за слика. Ништо посебно, мене ми се допаѓа а и на моите. Употребено е: - капак од Милка срцињата (хартиена подлога) - бели листови - бубамари што ги извадив од едно ланче - омилената слика од мене, мама и тато - лепак - машничка една, незнам од каде ми е Горе направив место за клинче, мама рече ќе ја закачиме кај мене на спрат.
Колку и се радувам на ламбава... Инаку беше стар абажур, кафен купен од Џамбо ама веќе не ми одговараше со новата боја на ѕидовите. Во живо поубави се боите ама се доловува и вака ефектот. Навечер прекрасно осветлува, ептен си ја сакам. Идеја од овде http://thepintopony.com/2012/07/01/diy-anthropolgie-inspired-lamp/
Креативни куќички за вашите миленичиња Куќички од стар монитор Идеални се за мали мачиња или кучиња. Доколку имате некој скршен компјутерски монитор, можете да го трансформирате во уникатна куќичка за вашиот миленик. Најпрво треба да отстраните се што има во внатрешноста на мониторот, а потоа препуштете се на вашата креативност и украсете го со најразлични дезени и цртежи. На крај, ставете внатре едно меко перниче, и готово! Вашите миленици ќе го обожаваат ова! Куќички од стар куфер Доколку имате поголемо милениче, можете да искористите постар куфер, за да направите креветче за него. Изберете куфер кој сметате дека е доволно голем, потоа пополнете го внатре со мека и голема перница. Можете да ја отстраните едната половина од куферот, или пак да го оставите отворен, но внимавајте, доколку не го прицврстите куферот, може да се затвори и да го повреди миленикот.
Незнам баш дали ја погодив темата... Имав дома едно старо огледало,од времето на баба ми што се вели а мене многу ми требаше едно големо огледало за кај мене во соба. Арно ама ова такво старо, неизлакирано.. Ми дојде идеа да му залепам камчиња на ќошињата, а во средината да направам како цветчиња од камчиња, да го излакирам и да си го ставам во соба. Во споилер е дел од рамката, па ако ве интересира погледнете како испадна.