Најдов еден текст од Анима мунди.(Тоа е група на љубители на животни кои сакаат да се затвори стационарот Вардариште.).Еве ги нивните барања кои што не се исполнети накои јас ги напишав горе:
1. Кучињата се усмртуваат произволно, т.е не се држат во стационарот 30 дена, како што е пропишан минимален временски период потребен за исцрпување за можноста за вдомување. Истото е проверливо во евиденцијата на животните, а воедно голем број граѓани вклучувајќи не и нас сведочат дека кучињата во најголем дел по вдомувањето исчезнуваат преку ноќ;
2. Освен што се континуирано изложени на грубо постапување, страв, болка, неудобност, стационарот нема никакви услови да работи во зима.Тој во ниту еден случај не ги исполнува стандардите за хуман третман на кучињата (кои треба и постоперативно да престојуваат во истиот), кога не постои систем на загревање на истиот, а температурата во оваа сезона се симнува и под – 10 степени целзиусеви. Потенцираме – тие кучиња се оневозможени да се движат и природно да се загреваат, а таквите температури можат да бидат смртоносни за животните, особено што истите подложат на оперативен третман. Лежат на мокро и замрзнато и умираат во измачување. Изложување на животни на такви температури, представува измачување и кршење на Законот за заштита и благосостојба, како и кршење на Кривичниот Закон (член 233, став 2). Условите кои се неопходни за хуман престој и третман на животните дефинирани се во Правилникот , во Член 2 – Технички услови како и во Член 3 -Простории во прифатилиште. Тие членови, како и сите понатамошни членови прецизирани во Правилникот се кршат во повеќе одредби (на Ваше барање ќе ви ги разработиме поединечно, според Европска стандардизација што претставува измачување на животни):
3. Немаат соодветна вода за пиење, здравствената исправност не е испитана,
4. Лежат константно во влажни или дословно мокри -замрзнати боксови,
5. Нема дневна светлина, заштита од временските промени – а кучињата би требале да престојуваат и до 30 дена,
6. Нема ладилник за лешови,
7. Видно се изггладнети и преслаби животните кои подолго престојуваат,
8. Севкупно се изложени на неудобност и мачење, зошто и само премрзнување е долготрајно измачување,
9. Температурата паѓа и до – 10 степени целзиусеви, животните се оневозможени да се засолнат, стоплат или го изразат своето нормално однесување.
10. Нема 24 часовен дежурен ветеринарен надзор,
11. Персоналот е груб, несоодветен, ако се обучени, обучени се само неколкумина – со Правилникот е востановено дека теебаат сите,
12. Просториите не се адекватни ниту за престој, ниту за карантин, ниту за посоперативна нега
13. Ладилник за собирање лешеви нема, што е пропишано со Правилникот,
14. Ветеринарната амбуланта во склоп на стационарот не е регистрирана во согласност со прописите за ветеринарно здравство,
15. На боксовите каде се држат животните нема листа со податоци за секое куче поединечно, според прописите востановени со Правилникот – недостиг на листата посочува можност за импровизирање и неспроведување на Програмата, што ние го тврдиме со години.
16. Нема простори адекватни за прием на болни животни, како што е пропишано – таквите се изложени на непотребо измачување
17. Временските услови, екстремните температури влијаат на висока смртност, болести (огромна стапка на пневмонии) и долготрајно измачување.
18. Не се води соодветна евиденција, пропишана со Член 9
19. Не се запазуваат Препишаните постапки за еутаназија ......