Јас сум скоро до целта , ослабев некои 5 а можда и повеќе килограми. Стомакот не ми е веќе рипнат туку ми е се порамен, не даска рамен, ама кога ќе застанам во профил го нема веќе делот кој што претходно ми штрчеше. Претходно имав салце за извоз, пуна шака, а сега едвај го фаќам со два прста. Немам вага, а на 01 Мај треба да се мерам со метрото, меѓутоа чисто колку за информација претходно фармерките кои ми беа 36 број пукаа на мене, салцето ми излеггуваше над нив, 38 би ми биле тааман тогаш, а сега сите фармерки ми се широки, ама ептен, во нозете малку, ама горе многу, без каиш нема шанса да ги носам. А и последните фармерки кои ги купив пред некој ден се 34 и ми се таман, што значи сум ослабела 2 конфекциски броеви. Како? Почнав од 01. Феврари со диетата на Ирена и со вежбање, но и со двете прекинав последниве месец дена. Јадам појадок обавезно, најчесто овојше, за ручек што има, а вечерам ептен ретко, најчесто пијам по 1-2 чаши јогурт и тоа е тоа. Е сега можда е малку за некој, за скоро 3 месеци 5-6 килограми ама за мене е супер, ниту еднаш не осетив глад, туку си јадев што ми се јаде секогаш, 2-3 пати јадев доцна навечер сендвичи од Вили, не ретко и помфрит и Кока Кола за ручек, ама ете си ослабев. Башка што и некако многу недоверливи ми се оние диети за 7 дена 5 килограми и сл., зошто мислам дека тие најбрзо се враќаат, вака полека, полека но сигурно до целта . Очигледно е дека треба само цврста волја и трпеливост.
Пред везбанје треба да јадеш или 3-4 сати пред сесија големо јаденје, или 1 сат пред сесија мало , примпер банана, јаболко, лешници, или слично. Причината е, кога имаш храна во стомакот целата енергија оди во стомакот и ке немаш енергија за везбање. После везбање, за најдобри резултати, мораш да јадеш/ пиеш протеини во наредниот пола сат. Не супа или салата, туку месо ( пилешко, кравјо, риба, туна, мисирка), јогурт, путер од кикиритки на црн леп, или направи шаке од млеко, пола банана и протеин во прав. Мускулот е изграден од амино асидс ( тоа е состојка што се наога во протинот) и за да изградиш мускул мораш да јадеш јадење што гради мускул-протеини. Салата и супа нема воопшто протеини али салата е многу добра идеја да јадеш секој ден затоа што зеленчукот е полн со витамини и минерали.
Јас се утепав од вежбање бразил бат лифт + три пати неделно по 200стомачни ни трага ни глас од мускулчињата нема само ептен ми е затегнат стомакот, а кога одев на пливање имав стомачни само две линии по должината на стомакот. Незнам како ми ги снема, а постојано вежбам нешто Неисе, не ми ни требаат мускули. Друго нешто што сакав да кажам се резултатите од бразил бат лифт, видиливи промени на задникот дури и премногу ми се дигна и ми се испапчи, некако како да ми се зголемија колковите, и обемот на бутовите ми е поголем. Делувам поправено, да сакав да се поправам НО почнува да ме фаќа страв. За бразил бат лифт вежбите слушнав дека мастите од телото се доведувале во задникот и таму се зацврстувале, но не верувам во ова. Можно ли е? Инаку од каде ми порасна задникот и колковите јес да јадам се ама цел живот јадам се, а вакво нешто не ми се има случено...
Мимс, и кајмене се случува нешто слично еден месец има како вежбам брзил бат лифт и за задникот задоволна сум ама мене и пред тоа ми беше кренат, а колковите како да ми се раширени уште повеќе. А се надевав на добри резултати затоа што после вежбање секогаш ме болат мускулите на задникот и бутовите од внатрешната страна. Си мислев дека ми се причинува ама еве ако и кајтебе е така... Незнам сега што да вежбам
Сега и двете ќе правите вежби за грб и раменици и ќе станете авион, машки да паѓаат кога шетате . Пс. Не дека сега не паѓаат .
Не е биологички мозно да телото ги пренесе мастите од едни делови до други делови, пример од стомак во задник ниту пак мускулот да се претвори во маститили обратно. Тие се две различни супстанции во телото. -со везбите со ги имаш везбано, ги имаш користено мускулите на газот (3 различни мускули) и тие имаат пораснато. Затоа ти изгледа газот напрчен и поголем. Еден од тие мускули е на страната на колковите, и тие везби го имаат потикнато и тој мускул да расте. Затоа колковите ти изгледаат пошироки исто така. Али ако јадеш повеке калории од колку што гориш дневно, тогаш секако дека ке се здебелиш. Ако продолзиш да везбаш ке направиш повеке мускули, али ако седиш и ништо не везбаш тогаш ке добиес масти
Јас само кога ќе ми текне си правам по 20 стомачни.Еве денес си лежев на креветот и немав што да правам и направив 20 стомачни.Ми треба некоја мотивација или незнам што.Немам јас сало или пак стомак само сакам малку да се стегнам де Да си го обликувам малку телото.Незнам само кои вежби да ги правам.Ај ако сака некој да постира
Јас сакав да учествувам на трката за рекреативци ама претходната вечер сум на свадба и не верувам дека ќе сум во состојба да трчам 5км. Во друга прилика, здравје.
Луѓе , помагајте , нешто не е во ред со мене! Прво ,се извинувам за офф топикот ,но не знаев каде да го поставам мојот проблем. Еве што се случува : пред нецел месец забележав дека над трицепсите почна да ми се создава сало и покрај строгиот режим на исхрана и вежби . Оттогаш , проблемот се рашири насекаде - од подлакт ,надлакт ,грб , струк , нозете целите ми се млитави ,целата сум растресена , а нема промени во килажата . Оваа состојба ужасно ме депримира , секојдневно плачам бидејќи не знам што се случува со мене ,не знам што не е во ред! Бев на доктор и ги направив сите можни испитувања , од крвна слика до хормонски статус и се било во ред , докторката ме направи ненормална и уште ми рече дека сум била слаба и дека сето тоа било кожа ( а богами кожа преку ноќ да се створи тек така ,не сум чула ни видела!) ,а јас си знам дека претходно си имав убаво ,стегнато тело , со нормален слој на масно ткиво , дури и мускулчињата ми се познаваа онака ненападно. Безволна сум ,раздразлива ,без енергија , го намалив внесот на јаглени хидрати , вежбам секојдневно по 40 мин со Орбитрек и околу 30 минути со тегови и стомачни , многу пешачам , а нема никакво подобрување - станува се полошо и полошо , фармерките ми се тесни , кога се наоѓам во седечка положба салото ми се разлева насекаде по столот и ми доаѓа да ги исечам , а вагата пак покажува 51 - 52 кг !
Не се како на nicol погоре ама морав некаде да се пофалам дека сум на добар пат и до лето ке биде топ. Се извинувам за квалитетот со телефон е сликано.
Еве јас си поставувам предизвик да ослабам 20 кг, (7 веќе ослабев) со многу вежбање и трчање и здрава храна и така планирам да продолжам... ме фати еден инает и ќе им докажам на сите дека можам, и ќе имам убаво тело. имам 85кг, сакам да дојдам до 65кг. Ќе сторам се за да успеам во септември сакам сите да ги оставам запрепастени, посебно една личност ...
Едно прашање за тие што вежбаат но и за Јулијана Bulletbody. Како се губи салото на долниот дел од стомачните мускули? Горните т.е. првиот и вториот ред стомачни се супер, но долниот дел сеуште има салце треба да се интензивираат вежбите или на тој дел му треба повеќе време да се оформи?
Во теретаната каде што вежбам има справи за стомачните и вежби се разбира -едните се кога лежиш а со рацете и главата даваш отпор и се креваш само до градите т.е до прслукот -другите исто така ги правам во легната положба каде со рацете се држам на посебен дел на справата и ги кревам и спуштам нозете под агол кренати а право успуштени -третите се во стоечка положба на справа каде што се креваат нозете и спуштаат (тие ми се најтешки) ако не сакаш да имаш стомак ќе го заборавиш лебот како изгледа се разбира и вежбање друг начин нема
Само една страна поназад некој се потрудил да постави нешто за тоа што го бараш, а на YouTube има милион вежби за тоа.