Супер е, многу го сакам.
Јас се трудам да вежбам секој ден по еден саат, ама не секој ден ми успева, и не по толку. Како и да е мислам дека барем по пола саат на ден убаво е да се вежба. Најдобри ефекти има на нозете, но и на целото тело. Јас на пример имам болки во грбот, и кога вежбам ми поминуваат.
Во комбинација со диета се постигнуваат страшни резултати! Кога вежбав и ја држев УН диетата слебеев по околу 300 грама дневно, т.е. 2 кила неделно. А плус страшно те полни со енергија.
Е сега ако може човек да оди на фитнес, или да трча надвор - веројатно подобро е. Надвор е секогаш подобро колку што знам, а на фитнес може да се посвети внимание на различните делови од телото. Јас имам многу обврски преку ден, па вежбам или наутро во 7, или навечер во 11, а тоа време не можам да одам на фитнес. И трчањето не ми одговара воопшто, орбитрекот ми е супер.