Најде доста интересни тестови и квизови па сакам да ги споделам со вас , за забава Ама да не отварам се нова тема ке ги пишам сите тука have fun Тест на личноста преку рацете Има 4 прашања. Доволно е да прочитате што треба да направите, а на сликата ви е прикажано од прилика што се бара од вас. 1. Склопете ги прстите од рацете како на сликата. Ако палецот од десната рака ви е над палецот од левата рака запишете Д, а ако палецот од левата рака ви е над палецот од десната рака запишете Л. 2. Нанишанете кон невидлива цел со едно око затворено. Ако го затворивте левото око напишете Д, ако го затворивте десното око напишете Л. 3. Прекрстете ги рацете на градите. Ако левата рака ви е над десната запишете Л, ако е обратно запишете Д. 4. Плескајте со рацете. Ако левата рака ви е поактивна запишете Л, ако десната е поактивна запишете Д. Решение: Проверете каква личност сте според добиената комбинација од вашите одговори ДДДД – Конзервативна личност, стереотипна, не сака расправии и додворување. ДДДЛ – Неодлучна личност, емотивна и опседната со туѓото мислење. ДДЛД – Комуникативна личност, одлучна, со смисла за хумор и уметност. ДДЛЛ – Ретка комбинација. Мека личност, комуникативна, отворена. ДЛДД – Комбинација од памет и убавина. Тешко стекнуваат навики, тешки за комуникција, толерантна и по малку ладна личност. ДЛДЛ – Ретка комбинација. Беспомошна личност која потпаѓа под туѓо влијание. ЛДДД – Емотивност, недостиг на жилавост и упорност кога се во прашање важни работи, добро се прилагодува на туѓи влијанија. ЛДДЛ – Мек карактер, наивна личност. Премногу искрена и отворена за комуникација. ЛЛДД – Наклонетост и едноставност. Свртени кон себе и по малку дволични. ЛЛДЛ – Рамнодушност, добрина, наивност ја карактеризираат оваа личност. ЛЛЛД – Емоционалност,енергичност и решителност. Вредни и упорни личности. ЛЛЛЛ – Антиконзервативна личност. Способност да ги согледа работите какви што се. Емотивна личност со вроден индивидуализам, егоизам, тврдоглавост. ЛДЛД – Многу силен карактер. Невозможно е да ја промени својата точка на гледиште, енергичност, упорност во постигнување на своите цели. ЛДЛЛ – Склони кон самоанализа. Потешкотии во создавање пријателтва. Наивни. ДЛЛД – Способни да избегнуваат конфликти, комуникативни. Често го менуваат мислењето и хобито. ДЛЛЛ – Независни личности кои сакаат се да направат сами. Упорни, понекогаш и тврдоглави.
Еве уште еден Тест: Какви сте во кревет? 1. Какво е вашето љубовно искуство? А) Недоволно Б) Средно В) Одлично, немам за што да се пожалам 2. Дали некогаш сте имале неуспешен секс со вашиот партнер? (без оргазам) А) Не, тоа никогаш не се случило Б) Се случува понекогаш,но почесто е супер В) Скоро секогаш, мислам дека не е до мене 3. Што ве загрижува во сексот? А) Неговото/нејзинот дрдорење постојано Б) Неговите/нејзините допири се агресивни В) Не ме загрижува ништо освен неговото/нејзиното задоволство 4. Дали би експериментирале со вашиот партнер? А) Во никој случај, на што му личам јас Б) Секс си е секс, зашто да не В) Можеби, но само поради него/неа 5. Сакате ли секс со заштита? А) Не, мислам дека таа го скратува задоволството Б) Понекогаш е добро, но тоа е негова/нејзина обврска В) Обавезно, не можам да замислам секс без заштита 6. Колку време се спремате пред секс? А) Малку, скоро ни 5 минути Б) Доволни ми се 15 минути В) 30 минути и топол туш се разбира 7. Сакате ли вашиот партнер да биде секси долна облека? А) Ништо не ми менува Б) Може, но и не мора В) Секако тоа е дел од предиграта 8. Каква предигра сакате? А) Па не ја сакам баш, губење на време Б) Интересно е, но тој/таа не ја сака В) Нема шанси секс без предигра Најмногу одговори под А) Поправете ја вашата сексуалност и научете повеќе. Убедени сте дека треба да бидете сам свој газда и се да се одвива по ваше. Но, во сексот таа одлика нема да ви биде од помош многу, туку само односот ќе премине во ладен и досаден секс. Сето ова за вас изгледа како завршување обврска и преоптерување. Не заборавајте да ги вклучите емоциите, страста и да ве огрее и вас сонце - да внесете малку нежност и топлина во вашата врска. Престанете со дивиот однос, тоа никој не го возбудува и е голема грешка. Никој нема да ве моли за секс. Докажете му на вашиот партнер дека ви дошло до него, а сексот нека ве поврзе во едно. Почуствувајте ја љубовта и почуствувајте ги убавините на задоволството. Никогаш не очекувајте партнерот да ве доведе до оргазам со вашето вакво однесување. Прифатете ги предизвиците. Претпорачливо за вас е повеќе секс. Најмногу одговори под Б) Не дозволувајте вашиот партнер да биде главен иницијатор за експериментирање во водењето љубов. Тоа подеднакво се случува помеѓу вас двајца, дури ако тој има повеќе искуство нека остави простор и вие да го стекнете вашето. Секако тоа би се случило, вашиот партнер очекува од вас да превземете некаква иницијатива или барем да го изненадите со некоја секси поза. Пред се не се чуствувајте стегнато ако немате потреба за тоа само размислувајте за тоа дека сте заедно и дека уживате. Се што треба да направите во моментот е да се опуштите во прегратките на вашиот драгоцен и сакан партнер, а се друго да си дојде само по себе.Полн погодок! Вие имате добро искуство и одлично можете да се снајдете во сексот, само секогаш нешто ќе ви недостига поради вашата напнатост. Ги разбирате горе-доле сите работи околу сексот и некои термини не ви претставуваат проблем да им ги објасните и на другите кои сакаат да научат, па дури каога станува збор за вашиот партнер. Го правите тоа доста храбро и отворено. Се ќе се постигне со вложување на малку повеќе труд и редовен секс. Најмногу одговори под В) Вие сте одличен љубовник. Ви претстојат на располагање одлични знаења и способности. Доколку сте припадник на појакиот пол, многу лесно можете вашата партнерка да ја доведете до оргазам. Но, доколку сте припадни на понежната страна тоагаш поседувата одлична способност која нема грешка кога станува збор за задоволството на партнерот. Се се случува според планот и оставете голема импресионираност на другата страна. Ве обожаваат и лесно се вклопувате во било која поза. Сексот ве понесува низ севишните облаци и ве оделува од реалниот свет, момент во кој заборавате на се и се препуштате целосно на вашиот партнер. Се движите до границата на задоволството и уживањето. Токму тоа сте го заслужиле по вашето напорно трудење и работење. Само на чекор сте до вистинскиот и совршен секс. На вам инструкциите ви изгледаат познато и ги пресретнувате со блага насмевка на лице. Доволно сте упатени, но никогаш против новите сознанија. Токму поради тоа вие сте совршен љубовник.
Ајде уште еден да се релаксираме Ако ви се досадно кажете ке прекинам да праќам Тест:Вашиот совршен партнер -погледнете ги боите на сликата, а потоа размислете која боја најмногу ви се допаѓа: портокалова, виолетова или зелена? Зелена Вие сте практични и се грижите за другите; кога ќе го запознаете потенцијалниот партнер, тие ваши особини ќе го наведат отворено да ви зборува за себе, да се почувствува пријатно и да осети дека во целост го поддржувате. Уште на почеток од врската забележувате што му/и е важно. Слободно верувајте им на инстинктите, како и на својата способност да ги сослушате другите, бидејќи ви помагаат да разберете што очекува потенцијалниот партнер од врската. Важна ви е партнеровата интелегенција – таа ја поттикнува вашата љубопитност. Кога одбирате брачен другар, одбирате некој со кого ќе се чувствувате сигурно (за некого тоа се домот и децата, за некого парична сигурност, за некого врска во која ќе се грижи некој за вашите потреби, или комбинација од наведеното). Личноста со која трајно се врзуваат оние што ја одбрале зелената боја е стабилна. Мало предупредување: тоа што сте отворени и делувате како невино суштество (односно по малку наивно и неискусно) може да ви отежни при пронаоѓањето партнер каков што сакате, бидејќи луѓето понекогаш добиваат погрешен впечаток за вас, па ќе се разочараат кога ќе сфатат дека не сте она што го очекувале. Виолетова На почетокот кај потенцијалниот партнер ќе ве привлече неговата/нејзината енергија, но вам всушност најмногу ви одговараат оние што ве смируваат и прават да се чувствувате добро во сопствената кожа. Мажите/жените ги привлекува вашето по малку драматично однесување, а вашиот ентузијазам прави да се чувствувате силно – нивните сопствени животи со вас им се чинат возбудливи и чувствуваат дека можностите им се бескрајни. Верни сте, врските за вас се нешто сериозно. Кога избирате партнер за брак, покрај тоа што мора да ги задоволи порано наведените критериуми, се одлучувате за оној што подобро изгледа. Оние кои одбрале виолетова боја, во брак стапуваат со згодни партнери. Мал совет: пружете му на потенцијалниот господин или госпоѓица шанса – немојте однапред ништо да претпоставувате, судете за него/неа по неговото/нејзиното однесување, а не по тоа колку се вклопува во некој ваш замислен идеал. Портокалова Харизматични сте, лесно може човек да ве засака и пријателски сте настроени, што многу му се допаѓа на потенцијалниот партнер. Го користите допирот за да им да дадете до знаење дека ги слушате и дека се грижите за нив, што ви овозможува да ја согледате вистинската состојба во односите и ситуациите. Иницијално ќе ви се допадне како некој изгледа, но за трајна врска бирате интелигенција. Ќе му се посветите на паметен маж/паметна жена и склони сте на тоа бракот да го сфатите во смисла „додека смрта не нè раздели“. Градите однос со оној што може да ве научи нешто ново. Оние што одбираат портокалова стапуваат во брак со интелигентни. Мало предупредување: кога прв пат ќе сретнете некого, често ја криете својата ранлива страна, тоа е паметен систем на одбрана. Доколку со време не се отворите, можно е потенцијалниот партнер никогаш да не ја дознае вашата вистинска природа.
ЛДЛД – Многу силен карактер. Невозможно е да ја промени својата точка на гледиште, енергичност, упорност во постигнување на своите цели.
ЛДЛД – Многу силен карактер. Невозможно е да ја промени својата точка на гледиште, енергичност, упорност во постигнување на своите цели точно
Проверете каква личност сте Интересно ЛЛЛД – Емоционалност,енергичност и решителност. Вредни и упорни личности. Па може да се каже
ЛДЛД – Многу силен карактер. Невозможно е да ја промени својата точка на гледиште, енергичност, упорност во постигнување на своите цели. *точно
ЛЛЛД – Емоционалност,енергичност и решителност. Вредни и упорни личности. Се е точно..поготово емоционалноста и упорноста ;]
ДЛДД – Комбинација од памет и убавина. Тешко стекнуваат навики, тешки за комуникција, толерантна и по малку ладна личност. Ми се допага само шо сум многу комуникативна
ЛДДД – Емотивност, недостиг на жилавост и упорност кога се во прашање важни работи, добро се прилагодува на туѓи влијанија.
ЛДЛД – Многу силен карактер. Невозможно е да ја промени својата точка на гледиште, енергичност, упорност во постигнување на своите цели. Од другиот тест прашањата ми се многу во Тин шема стил.
ДЛДД – Комбинација од памет и убавина. Тешко стекнуваат навики, тешки за комуникција, толерантна и по малку ладна личност. Од збор до збор е точно
ЛДЛД – Многу силен карактер. Невозможно е да ја промени својата точка на гледиште, енергичност, упорност во постигнување на своите цели.