ТЕМА: Како да се одвикнам од благото?

Мислење 31 Јан 2012, 12:18

После доручок,вечера,ручек имам потреба да јадам благо?чоколадо,торта,колачи...Како навика ми е..Како да се одвикнам?
Аватар на корисникот
shredder

Фем почетничка
 
01
Мислења: 3
Зачленет: 24 Јан 2012, 12:47
Слика

Мислење 31 Јан 2012, 12:31

Тешко :)
Тоа е зависност, ама среќа со упорност може да се победи.

Најдобро е постепено да намалуваш - прво откажи се од благо за вечера, па за ручек, а за појадок и да јадеш скоро секој ден не е страшно. И мислам дека најдобро е да има период од 3-4 недели помеѓу откажувањето за ручек, и тоа за вечера - на телото му требаат околу 3 недели да се навикне на нешто.

И јас сум иста, и многу често ми варира тежината токму поради слатките работи.

Јас се одвикнав од чоколади - мојата најголема зависност, кога постев. Секако не можев да јадам - знам дека има некои што се посни, ама не сакав ни да ги барам, сакав да се откажам - и се откажав. Сега дури и ми горчат, и ако воопшто посегнам по нешто благо - тоа не е чоколадо, а од другите работи и онака јадам малку.

Е сега, во минатото неколку пати сум се откажувала, па пак сум се враќала, најчесто од при емотивни кризи. Ќе видиме колку ќе ме држи овој пат.
Аватар на корисникот
Ariel

Жолто цветче
 
1837752
Мислења: 2220
Зачленет: 07 Дек 2009, 01:23
Локација: Малку појужно од таму каде што би сакала да бидам!

Мислење 02 Фев 2012, 15:32

Непостои начин, само треба силна волја. Понекогаш на организмот му е потребно повеќе шеќери, понекогаш помалце, ама воглавно потребни му се само во умерени количини.
Пробај малце по малце да отгнуваш, прво почни од вечерата да го отгнеш благото, после некое време мирувај...па од ручекот....
На се што си се навикнала, можеш да се одвикнеш.
Аватар на корисникот
IvanaMkd

Жолто цветче
 
24071994
Мислења: 3208
Зачленет: 29 Јан 2012, 01:15
Локација: Во неговите мисли...
Сеедно ми е , што тажно се случува во моето срце... јас го сакам животот!

Слика

Мислење 03 Фев 2012, 18:30

Еееее јас на пример никогаш нема да се одвикнам од благото,зависник сум :lol: .
Може да се обидеш ако насабајле јадеш овошје за појадок,пред ручек некоја супичка,почни да јадеш и повеќе кисело,пр.кисело млекце,јогуртче ,ем ќе си одржуваш линија ем нема да ти сака душата пробај јас така правам кога ќе претерам со благцето :P
Аватар на корисникот
hermosa

Сино цветче
 
3335
Мислења: 159
Зачленет: 08 Дек 2011, 00:01
Vo ljubovta e verbata...

Мислење 07 Фев 2012, 22:18

Јас и да сакам да се одвикнам-неможам. Или несакам, не сум сигурна. :wasntme: Ама знам дека денот неможе да ми помине без да каснам нешто благо.
Не јадам толку често после секој оброк, ама обавезно еднаш-двапати на ден. Ако не јадам се чувствувам како да ми фали нешто, колку и да било убаво јадењето пред тоа. :$
Јас ќе те советувам да не јадеш благо касно навечер, после вечера никако. Постепено можеш да се одвикнеш, инаку нема ништо лошо, само да не се претера.
Аватар на корисникот
crazyinlove19

Жолто цветче
 
14761379
Мислења: 3087
Зачленет: 20 Мар 2011, 21:31
Локација: Far away.

Мислење 11 Фев 2012, 18:24

Постојат многу врсти на диетална чоколада со која што може да ја победите желбата за благо, конзумирајте овошје наместо благо :)
Аватар на корисникот
momceee

Фем почетничка
 
20
Мислења: 3
Зачленет: 02 Фев 2012, 02:23

Мислење 19 Мар 2012, 17:14

ќе се напиеш чаша вода или ќе џвакаш мастика ;)
Аватар на корисникот
Alesii

Сино цветче
 
135706
Мислења: 426
Зачленет: 19 Фев 2012, 17:41

Мислење 19 Мар 2012, 17:58

Мене пак ми е многу чудно кога некој толку не може без благо.Мислам и јас многу јадам некои чоколади,палачинки,сладолед.Ама потешко би ми било да се откажам од чипсови и брза храна отколку од благо.
Па за почеток,ќе пробаш да јадеш во ептен мали количини.Значи по едно чоколатце,на некои два-три дена,не мора после секое јадење да се трупаш со благо.Ако имаш проблем со линијата,не е само благото проблем.Треба повеќе работи да исфрлиш од кои се дебелее повеќе.А ако немаш проблем,тогаш пробај да јадеш по малце и со време ќе се одвикнеш.
Аватар на корисникот
BlackSwan5

Жолто цветче
 
20412253
Мислења: 1839
Зачленет: 06 Јун 2011, 03:54
Локација: На Сантијаго Бернабе
Gandhi said that whatever you do in life will be insignificant. But it's very important that you do it. I tend to agree with the first part...

Мислење 24 Мар 2012, 23:11

Значи вака,на секој организам му е потребно малку благо.Ти не треба да не го јадеш,ти јади го ама умерено,во помали количини.
Да јадеме благо ни е задоволство,ни дава енергија и добро е за памтење.
И не смееш скорз да се одвикнеш од тоа,јади го наутро,тоа е добро,и за десерт после ручекот.А,ако имаш проблем со линијата,тогаш храни се здраво и одвикни се од други лоши навики во врска со хранењето,ама благо мора да јадеш. ;)
Аватар на корисникот
Glossy-girl

Зелено цветче
 
609499
Мислења: 578
Зачленет: 04 Мар 2012, 19:40
Слика
Кој високо лета-ниско паѓа! :D

Мислење 24 Мар 2012, 23:47

Немора да се откажуваш.

Јас имам потреба после секое јадење да каснам благо. Ама наместо чоколада, колачиња или слично нездраво благо касувам сушено овошје, најчесто папаја која е многу блага и ми ја заситува желбата, ем си јадам благо.
Или имаш темно чоколадо, може лажичка мед, можеш житни чоколадца да каснеш.
Сето ова е благо што не ти штети туку напротив, одлично е за огранизмот и нема диета која забранува овошје, мед или житарки :)

Ако пробуваш да не јадеш благо секогаш кога ќе добиеш желба, нема да успееш. Наместо тоа задоволувај си ја потребата со овие работи што ти ги набројав.

Значи совет од мене за сите што неможете без благо: пробајте сушена папаја. Ем здраво, ем благо :)
Аватар на корисникот
AlicaInWonderland

Жолто цветче
 
2202764
Мислења: 1928
Зачленет: 26 Ное 2010, 19:35
Локација: In Wonderland

Врати се на Храна и пијалоци

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: black-anchy и 6 гости

Site Meter