ТЕМА: Поради маж ми се облекувам неморално

Мислење 18 Авг 2012, 14:57

А ти девојко да пресечеш нели е време?
Ти имаш свој карактер, свое јас?
Зашто си со него? За да те влече за ремче позади него и да те шета како статуетка, по која мажите би лудувале и тој да си го полни егото бидејки само тој те има?
Ти си се повредуваш самата себеси.
Застани на нозе цврсто, завземи си став.
Ти може си добра личност, паметна, убава, убаво облечена, но се тоа си кога си без него.
Очигледно кога си со твојот маж, кој има поголем проблем феминистични и кој што жените ги гледа надворешно само, а те нашол тебе, девојка која неизмерно ќе го сака и пред се слуша и едноставно те искористува за да си се претстави како маженствен тип со екстра жена покрај него.
Тешко дека ќе го смениш типот, научен е на тој живот околу него да има убави жени.
Облекувај се со твој стил, возврати му дека не се чуствуваш убаво во таа облека. Облеката го прави човекот, а таа облека која тој те тера да ја носиш не си ти.
Не дозволувај преку облеката луѓето околу тебе и пред се пријателите и роднините да ти лепат етикети кои ти не ги заслужуваш. Не ги заслужуваш но ги дозволуваш бидејки преќутуваш.
Не биди убава кукла која молчи и го слуша својот препотентен маж.
Биди жена, кажи си го својот збор и оди по свои принципи.
А ако го изгубиш поради тоа, тогаш верувај, тој не те ни сакал.
Јас мислам дека ти не ни имаш избор голем. Паметна девојка си за да конечно пресечеш и бидеш она што си и кога си со сопругот и кога си без него. Паметна си, но заслепена од љубов, љубов која може да те уништи.
Проблемов со облеката ќе ти донесе и поголеми проблеми, може да изгубиш пријатели, недоверба од семејството, може од мажот да изгубиш еден ден работа итн. Многу работи ќе губиш зашто молчи и глумиш друг лик кога си со него.
Не биди жена со две лица, жена со две облеки, жена со две размислувања, се само заради мажот. Реши го проблемот навреме.
Аватар на корисникот
rossonerka

Жолто цветче
 
150697542
Мислења: 4159
Зачленет: 13 Апр 2010, 14:22

Мислење 18 Авг 2012, 15:11

А бидејки сеуште нема дете со него јас би ја советувал веднаш да се разведе од него за да не си ја чука главата цел живот со негово дете.Сум кажал и пак ке кажам било да е за машко или женско лесно е за развод доколку немаат дете со некого или некоја бидејки разликата е само во потписот кај матичарот и ништо друго.Сега има еден куп кои заеднички пробно живеат а не се регистрирани.Затоа статусот разведена се брише бидејки од тој брак нема деца и ке си продолжи понатаму најнормално како никогаш да не била мажена а поучена од ова лошо искуство да отвори 16 очи со кого би се врзала за да си создаде срекно семејство.Ако не знае да бира нека си побара помош од нејзините најблиски тие да и одберат за да нема понатаму проблеми.
discofilman

Сино цветче
 
8212
Мислења: 298
Зачленет: 09 Јан 2011, 00:32
Локација: Скопје

Мислење 18 Авг 2012, 15:42

Ти површно го сакаш него,тој површно те третира тебе. Случајот е затворен.
Мислам мене би ме вреѓало да привлекувам некое си сељачиште (а да ми опростиш маж ти ми се гледа за таков) со деколтеа,нозе, задници... Не би ми импонирало ама ич...
Кажи му дека тебе ти се допаѓаат мажи во женска долна облека...
Аватар на корисникот
Lilit

Црвено цветче
 
208312745
Мислења: 5498
Зачленет: 25 Ное 2009, 22:51
Локација: Зрно грашок

Мислење 18 Авг 2012, 15:56

Nenicka123 напиша:Сакам само да се опуштам. Многу сум под стрес да сум секогаш шпицната за него, бидејќи ми е страв да не го изгубам поради облеката. :sweat:

Зарем не ти е реченицава одговор сама по себе?
Вреди ли да се секираш за маж, за кој има шанси да го изгубиш поради начинот на кој се облекуваш?
Нели е малце повеќе плитко?
Аватар на корисникот
MandyLane

Жолто цветче
 
50374166
Мислења: 2135
Зачленет: 09 Авг 2011, 12:02
Локација: Route 66 Arizona
"It only happens if it doesn't matter..."

http://octobergraves.blogspot.com/

Мислење 18 Авг 2012, 21:30

Ви благодарам најпрво на искрените совети. Многу ми значи вашата подршка.

Но, да речеш разведи се, прелесно е. Но јас не го гледам тоа како решение, и не сакам да се разведам. Не сакам само поради еден проблем да избегам од бракот.

Јас и маж ми долги години сме заедно, многу имаме вложено во нашиот дом и во нас.

Претходно кажав дека кај нас се е супер, освен оваа работа, која навистина многу ми пречи, и да, веќе стана секојдневна караница, и дури и јас се прашувам како ќе живеам цел живот со ваков маж?
Но да нагласам, порано не беше ваков. Бил до определена граница, што се вели со мера.
Ама сега е неподнослив.

Колку пати го прашувам дали ме сака мене или облеката, му велам дека ми пречи постојаното зјапање... Но, неговото единствено оправдание е дека тоа им е во крвта на сите машки.

Тој дури и нагласува дека сите се полоши од него, дека треба да сум среќна со маж како него. :!:

Иначе околу љубомората, претерано е љубоморен на мене, ама јас кога излегувам сама, се облекувам `понормално`, па немам проблем.
Од една страна се лути што другите ме зјапаат, а од друга страна не разбира дека така разголена секако дека ќе ме зјапаат.
Меѓутоа нему му е `дозволено` зјапањето, кое е без контрола.

Иако бил женкар, сепак се однесува како неизживеан. |(
Nenicka123

Фем почетничка
 
33
Мислења: 6
Зачленет: 18 Авг 2012, 11:11

Мислење 18 Авг 2012, 22:09

Појави му се ко калуѓерка, а одоздола облечи секси долен веш. Ако те неќе така покриена, нема никогаш да дознае какви секси гаќички си облекла. Негова загуба.

Шала на страна, зошто ти се губиш себеси поради некоја негова сељачка желба?
А да му скратиш ти ТВ Пинк и ДМ Сат малку на лепотанов?
Па брате мили, ако сакаш да гледаш голи газиња не се ни жени бре.
Јас може сум помала, зелена и некомпетентна да дискутирам за брачни проблеми, ама постојат сељачки манири кои секој може да ги увиди. А твоево маже ги поседува за извоз.
Во крвта им е, жими газов. Јас познавам машки моја генерација кои имаат по 20-21 година, па попрво би избрале женска која открива онолку колку што е доволно да му проработи мечтата и да се запрашува што има под таа облека, отколку кичерајски разголена ванаби фуфица со се` на изволте.
Не го сфаќај ова фуфица лично, ти не си таква, туку тој сака да изгледаш така.

И не, бацево не бил женкар, рака во оган ставам. Тој бил ванаби женкар, веројатно од оние кои само се вртеле и лигавеле по згодни женски, а никогаш не ги имале, па надвор си правеле филмови дека они се не знам какви јебовци, па ја прошле секоја можна.
Да бил тој изживеан, ама баш ич не би те терал така да се облекуваш. Па мајке ми, за брак бираш бре некоја со која ќе имате хармонија за се`, а не само за да ти стои напрчен.
Тежок опинок со тежок фетиш. Извини вака најискрено, знам дека не ти е пријатно такви епитети да читаш за човекот кој го сакаш, ама секој од надвор така би го доживеал.

Облечи се како тебе ти одговара и фурај. Ако ти јаде трици за тоа, пријатно и молим лепо, нек се весели до 50та година по кафани, нек лепи петстотки по чела и цицки на певаљки, па после нека се ожени за некоја Мира Шкориќ калибар што и на 50 нема да и’ пречи да шета таква, за нели, нему да му е машкоста секогаш во вис.
А верувај дека ко што пошол, таа сељачка особина уште повеќе ќе му се истакнува како што старее и сфаќа дека е врзан и неспособен да привлече млади, разголени “пилиња.“
Аватар на корисникот
calliope

Зелено цветче
 
43901549
Мислења: 822
Зачленет: 30 Јун 2011, 23:00

Мислење 18 Авг 2012, 22:16

Ма никогаш не би дозволила некој да го контролира мојот живот и мојот начин на облекување,немој да правиш од себе нешто што не си поради него,те прашал некогаш он дали на тебе ти се допаѓа неговиот стил?
Имаш еден живот,живеј го како што сакаш ТИ,не дозволувај некој да те контролира ;) :*
Аватар на корисникот
Lady97

Жолто цветче
 
512133
Мислења: 1172
Зачленет: 19 Авг 2011, 14:30

Мислење 18 Авг 2012, 22:20

Lady97 никој не посакува вакви моменти во животот ама никогаш не вели никогаш ...незнаеш што ти носи животот , незнаеш какви луѓе ќе сретнеш и какви одлуки ќе донесеш ...а најтешко е кога човек се губи себеси и не се препознава себеси ...
Hkikica

Зелено цветче
 
636659
Мислења: 989
Зачленет: 08 Јун 2012, 20:16
Локација: Russia
Слика

Мислење 18 Авг 2012, 23:33

Razvodot e najlesna rabota,megjutoa pred se treba da razogovaras i da mu objasnis nekoi raboti. Utre ke stanes majka i nemozes ko fufi (izvini na zborov) da se frckas po gradov,i ne samo toa tuku znaes kakov e kaj nas mentalitetot odma ti lepat etiketi i epiteti a sigurna sum deka toa ne bi mu se dopadnalo ako tolku mnogu te sakaka kako st vikas,bidejki na ni eden maz ne mu e milo da cue kako zena mu izgleda ko da iskocila od porno film,kolku i da e isfrustriran (a izvini sto ke ti kazam)ama e i toa do jaja i leci kompleksi nazalost ,mislam deka ne bi sakal zena mu da ja poistovetuvaat so kafanska pevaljka. Slobodno kazi mu go ova i sama ke vidis na kaj ke tera muabetot. Ako ne ide ne si ja maci dusata barem e lesno dodeka se nema deca,zosto utre vo zivotot ke se otvorat novi poglavja koi ke ti go stavat prstot na celo da razmisluvas no togas veke nema se da e isto.
Ps. Izvinete na latinicata : forumdziki & moderatorki
Аватар на корисникот
Mama25

Зелено цветче
 
7952118
Мислења: 924
Зачленет: 04 Мар 2012, 16:57
Локација: vo srceto na maz mi,vo pregratkite na kerka mi...

Мислење 18 Авг 2012, 23:42

Nenicka123 напиша:.....Мене тоа ме погодува, се чувствувам отфрлено, ако сум убаво облечена, со стил нему не му е секси, му изгледам како теткица. Ужива само да бидам што поразголена.
На работа секако дека се облекувам скромно, но секаде надвор јас сум друга жена поради него.
Секогаш кога сме излезени неговите другари ме зјапаат, а и останатите. Колегите не ме препознаваат. Тој ужива јас да сум секси.
Мојот гардероб е преполн со мини парталчиња. И да не ги заборавам високите потпетици. Не смеам да излезам на ниско. Ако излезам на секои 5 минути ми пререкува......Се прашувам зошто мојот маж не може да ме прифати таква каква што сум, зошто не му се допаѓа кога сум облечена со вкус, да личам на модерна жена, зошто морам да се облекувам како ку*ва?

Мене ова особено ми падна в очи. :o Па да ти кажам маж ти со тебе се понаша како да ти е PIMP. :tmi: Како сега да те покажува и нуди на пазарот, скраја да е!

Nenicka123 напиша:Тој дури и нагласува дека сите се полоши од него, дека треба да сум среќна со маж како него. :!:

Не драга. Не се сите полоши. Има полоши, не велам не, но тие, заедно со твојот сопруг, спаѓаат во онаа девијантна група на мажи, која ни од далеку не претставува репрезентативен примерок. Повеќето мажи (сопрузи) не би дозволиле нивната сопруга, идна мајка на нивните деца, да се шета полугола наоколу и сите други мажи (па и жени) да зјапаат во неа. Колку год да сте вложиле во вашиот брак, во вашиот дом, треба да се подразмислиш малку. Ако решиш да го зачуваш бракот - бори се, но не по цена на твојот идентитет и не по цена на твоите морални вредности!
Аватар на корисникот
midnight.flower

Зелено цветче
 
9701253
Мислења: 520
Зачленет: 26 Јун 2011, 17:24

Врати се на Канта

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 6 гости