Дали користите ампули за коса и кои? Јас ги користам блек ампулите со минерализирано масло за сува и оштетена коса и супер се.
Јас користам ампула за мрсна коса, незнам какви се, некакви италијански, ги купувам од кај една фризерка и досега имам ставено 3-4 пати и сум презадоволна.
Јас ги користев виолетовите ампули од авон за сува и оштетена коса, добар ефект имаат и ја омекнуваат и освежуваат косата
Само од една ампула нема ефект. Јас дури сега приметувам некоја разлика а од септември редовно ставам и не планирам да прекинам. Конечно и јас да се справам со мрснотијата на мојата коса што пред некое време ми претставуваше огромен проблем.
Јас употребив 12 ампули-таква била терапијата. Ама реков еднаш-зашто тоа беше еднаш на времето а не дека ставив еднаш И како што кажав, ефект помножен со нула.
Jас користам едни за сува и оштетена коса и многу ми се свиѓаат Не ја знам марката, некои италијански на база на зеленчук, ги има во Зегин Ставам еднаш месечно али косата ми е многу мека после тоа и доста сјае Пробајте ги, нема да зажалите
Дечки а како ке користат поточно ампулите??Никогаш немам користено,па ако има добри ефекти од нив би сакала да пробам. (Можеби е смешно што ова го прашувам,ама па не сум користела )
Вики44е ампулите за коса се исти како интекциите само малку поголеми...и откако ке ја измиеш косата ја нанесуваш ампулата врз цела коса и тоа е тоа!
Викче секоја ампула се користи различно. Има некои кои по нанесувањето се исплакнуваат, а некои не се иисплакнуваат. Некои ампули се стават на скалпот (на пр. за мрсна коса, за подобрување да на структурата на влакното и др) а некои се ставаат на врвовите (мислам дека само за расцветување се ставаат на врвовите).
Незнам марки на ампули, и оние што ги користам незнам какви се. Ги купувам од кај една фризерка, знам само дека се италијански. Нека ти помогне некој друг.
Јас сум ги користела оние на Фолтене еден месец и од тогаш немам првут а и косата престана да ми паѓа. Ги има на повеќе врсти ама не знам дали се сите така ефективни .
Јас користев ампули за расцветани врвони и сува коса...ги купив од аптека "Placent"се викаа и си забележав ефекти косата си ја чувствував мека,нежна и имаше забележлив сјај,со дополнител ефект од пресата која испушта јони за сјај на косата!!!Презадоволна бев од ампулите!!!!!
Дали знаете некои ампули за против опаѓање на косата, препорачете ми некои навистина добри бидејќи имам страшен проблем
ја сам користено на Фолтене ,добри се .Ама и скапи .Околу 11о ден е една ампула.А треба месец ,два редовно да ги ставаш на косата
Јас ги користев ампулите против опаѓање на Revlon и навистина ми помогнаа, сега не знам точно колку пари се но во Скопје има претставништво на Revlon ако може оваа информација да ти помогне или по аптеките. Но навистина се добри.
Колку пари ги купувате тие ампулите за првут што се,погоре имаше напишано некоја феминка дека и помогнале?
Штрумфета кажи ми дали ампуливе помагата да не се мрси толку косата или??? твое искуство??? А и ако можеш опиши го пакувањето, отприлика може ке ги најдеме