Јас до сега не сум чула дека со нешто може да се спречи белеењето на косата. Имам 29 години и забележителен број на бели влакна. Позитивна страна е што имам густа коса па до скоро и не се приметуваа толку, плус често ја бојадисувам косата па не сум обрнала големо внимание на "натрапнициве" . Читајќи по форумов видов дека сте полни со идеи за помош па се надевам и јас ќе добијам некој совет како да го спречам понатамошното белеење
Бели влакна!!! Не ми е јасно зошто денес повеќето млади имаат бели влакна.Еве дечко ми е 20 години,а има 10-тина бели влакна.Зошто се појавуваат толку рано?
Бели влакна!!! И јас се чудам како да ги спречам белите влакна, млада а десната страна од напред ми е преплавена со бели влакна, ама јас не се фарбам не сакам, убава ми е мојата боја на коса, па до кога се оде, оде вака, па после здравје шатирање ќе правиме барем за нас девојчињата е лесно, макар што во оваа време и машките се фарбаат. Можно е да е до гените што ги наследуваме од родителите, а можно е дека во оваа време сме многу нервозни, а и вештачката храна ќе не докрајчи. Ама како и да е една ден сета ке ни биде бела
Најверојатно гените имаат голема улога татко ми обеле млад (иако не колку мене млад) ама може јас сум му "наследничка" Ќе имаат работа фризерките изглеа или сме благословени со природно шатирање
Јас имам 13 години и имам 5 - 6 бели влакна Не ми пречат,ми пречи кога ќе ме види некој и глупата реакција : '' Лелеее ауффф бели влакна?Па ти имаш бели влакна .. Ииии .. '' Да имам,па што? Некој вели дека е среќа ( али ако имаш само едно бело влакно ) друг има други теории
Моето мажуле има бели влакна тука-таму и ми е многу сексилавко така Инаку оние што ептен му се приметуваат му ги корнам
Мајка ми има многу бели влакна, скоро цела коса и е веќе обелена а има само 38 години, се фарба ама по месец дена пак белите влакна доминираат
И јас имав бели влакна и нон стоп си ги кинев мн ме нервираа и си велев што ке одам без коса дај да си се офарбам и така сега си најдов решение за белите влакна DDD
И јас на моите 20 години имам точно 3 бели влакна, многу се крупни и цврсти, ама не ми сметаат. Богатство и среќа значеле
Мислам дека навистина генетика игра голема улога. Мајка ми имала како млада многу и јас имам. Имам црна коса и многу се познаваат, па ги корнам или ги сечам. Не сакам да се фарбам.
Имам 19 години и пред некое време ми се појави едно бело влакно во косата. Не ја фарбам косата, но не го кубам влакното, велат среќа било.
Mене почнаа да ми растат влакна од 15 год.кога имав имав 5-6 влакна и почнав така да ја фарбам косава,и не се забележува сега а една другарка цела коса скоро бела и беше нонстоп ја фарбаше,тоа е лекот фарбањето
Татко ми сеуште нема бело влакно на косата , дури изненадувачки и е, сите негови другари се веќе бели а тој ни е едно, се надевам дека и јас ќе си дочекам 55 години без ни едно бело влакненце, само да не заличам на мајка ми таа е преполна со бели влакна и нормално ја фарба косата, мислам дека нема друго решение за тоа.
Јас вчера ги искубив со пинцета пред 2 недели ги забележав беа 5-6 и мнооогу се изнервирав (дека прв пат си видов бели влакна) а имам 21 год, иначе ја фарбам косава ама сега не сакав да ја горам со хемикалии и ги искубив
Чаре нема освен фарбање или кубење.дечко ми има 27год а од двете страни има многу бели влакна.мн чудно што еве приметувам на сите млади бели влакна дали до времето е... и јас имам неколку амасе фарбам и не се приметуваат.сигурно и генетиката има влијание.за женско ајде ок е некако че се исфарба ама машките потешко се одлучуваат за фарбање не сакаат да чујат
блонд не било добро да се кубат белите влакна затоа тогаш излегувале повеќе барем така ми има кажено мајками зошто она така правела и почнале повеќе да и побелуват
И јас од стрес на 22 години имам еден куп бели влакна, џабе ми е фарбање кога после 5-6 миења на косата пак си се гледаат и со ништо не се покриваат, а неможам да ги корнам пошо имам повеќе. Може и да е генетски а може и не, мајка ми има соро 50 години нема ниту едно бело влакно, а јас пред неа остарев
белите влакна се поради недостиг на витамин б во исхраната (една од причините) а др е генетиката... решение-фарбање...ако се малце шатирање...и за машки и за женски...нема гајле
Имам 24 години и (да чукнам во дрво) сеуште не почнале да ми растат бели влакна. За чудо, затоа што генетиката ни е таква што сите жени во мојата фамилија почнале да побелуваат уште на 21-22 год. Чекај бе, јас да не сум посвоена? Инаку сум родена со мало бело праменче од 3-4 влакна некаде на средина на главата па скоро и да не се забележува. Си знае фризерката па на шишање ако ги забележи ќе ми каже, а јас и дозволувам да ги скубне.