Никогаш во животот не сум ја бојадисала косата и некако ми е монотона и сакам да променам нешто. Кога и да им речам на луѓето околу мене дека сакам да ја бојадисам ми велат дека не сум нормална, дека ќе зажалам, дека многу е мачно бојадисувањето, дека ми е убава природната..... и ред други работи. Но, колку и да ми е убава сакам да променам нешто.
Вие што би ми препорачале? Многу ли е мачно бојадисувањето? Вие ја бојадисувате ли вашата?
Поздрав






