Ако ставам мајконез на коста дали да почнам од коренот до врвовите и колку време да останам така ве молам кажете побрзо и колку пати да ја измијам косата потоа
Вистинскиот мајонез содржи масни киселини и протеини, кои што ја негуваат косата. Но, внимавајте при употребата на мајонез или маслиново масло како регенератор, затоа што многу тешко се отстрануваат од косата.
Јас не би ставила никогаш мајонез на косава, има толку препарати , маски за коса и регенератори. Сепак ако ставаш, ставај на врвовите само, ако ставиш на цела коса како што ставаш шампон, одмивање АМИН!
Јас не би ставила никогаш, поарно ќе си ставам маслиново масло, бадемово, рицинусово, него ли да мирисам на хот дог со денови, ма колку и да бил корисен за косата. Па штетно е самото тоа што ќе се миеш цел ден, колку што ќе ти ја измазни косата, од водата за плакнење и шампонот ќе ти се исуши повторно Што знам
вистинскиот мајонез ( оној кој содржи маслиново масло ) логично е дека е убаво да се става на косата, ја омекнува, но овие денешните мајонези ретко кој содржат маслиново масло, сите содржат обично сончогледово масло, и плус содржат конзерванси, адитиви, ароми, разни хемикалии кои се штетни. Многу подобра варијанта од ставање на мајонез е ставање на домашна маска од јајце и маслиново масло. Се мешаат овие две состојки, се мачка косата и се остава така да стои 1 час. Потоа е мие...и резултатите се феноменални! пробајте