ТЕМА: Дали мајонезот е штетен за косата?

Мислење 05 Фев 2012, 21:02

Попрво би ставила маслиново масло или чичково или кое и да е друго масло-уље како маска додека се бањам, за да ми ја омекне косата и потхрани отколку мајонез.
Во мајонезот има конзерванс па можеби тоа е штетното :) не само за косата туку и за цел организам. Не би експириментирала со мајонез во никој случај а посебно што претпоставувам дека тешко се одмива. :worried:
Аватар на корисникот
slavica999

Жолто цветче
 
1192509
Мислења: 2330
Зачленет: 27 Дек 2009, 01:31

Мислење 19 Фев 2012, 23:02

Оно јес да је укусан...али некако ова со косава,и не ми иде баш :?:
Аватар на корисникот
Xepp

Сино цветче
 
2126
Мислења: 248
Зачленет: 14 Јан 2012, 17:58

Мислење 19 Фев 2012, 23:09

love23 напиша:Мајонезот воопшто не е штетен за косата, напротив ги храни испуканите врвови, плус и јајце има во мајонезот кое исто така е олично за оштетена коса. Јас лично сум пробала и се мие косата, ништо поубаво нема од природна маска и 100пати е подобра од сите маски кои се вештачки, а само добро мирисаат.

Што е природно во мајонезот те молам? Природно е самото јајце, ама фабрички обработуван производ како мајонезот воопшто не е природен.
Аватар на корисникот
creshicka

Жолто цветче
 
16261033
Мислења: 1450
Зачленет: 30 Мар 2011, 00:19
Локација: На Јупитер, на едно дрво.
It's not always rainbows and butterflies, it's compromise that moves us along...

Мислење 19 Фев 2012, 23:12

ја не би ставила тоа на коса па не се става све и свашта :)
Аватар на корисникот
daddys.princess

Зелено цветче
 
269306
Мислења: 949
Зачленет: 30 Окт 2011, 03:52
Локација: Atlantica
Слика

Мислење 19 Фев 2012, 23:17

Дада Дузи да ви каже, да не си играте со мајонез. Посебно не на вакви времиња, кога во секој момент може да падне системот со вода, струја, па да си останете мајонезни. :rofl:

Другарка ми така, и текнало сред лето, мајонез ќе става. Надвор 40+, си ставила типката мајоневче, па и уште едно јајце му истурила во него, да не е малку мрсно. Шлакала што шлакала, од коренот до врвовите, да замасти. Стоело тоа, таман тргнала да се бања - оп, нема вода. :rofl: И ми ѕвони мене - ДУЗИИИИИИИИИИИ што да правам, лелеле. ;(

Врти чешмата, сучи, не бре, не тече водата. Туби со вода, нема никаде, бараме сите, нема. Јајце како јајце, надвор топло, во собите исто топло... кајгана на глава. :rofl:

Кога дојде водата, по добри 4-5 часа, да не ви кажувам, травичка со кокошка како колва и никна на глава. Остај тоа, па и не се мие. Триј, триј, не бива, мрсна косата не се мие. На крај, татко и со средство за садови ја триел во дневна, за да падне сржта од мајонезот. Па таа сама се триела со шампон да падне баздата од сјајот за садови. :rofl:
Аватар на корисникот
Doozy

Жолто цветче
 
53804677
Мислења: 1525
Зачленет: 22 Апр 2010, 23:01
Слика

Мислење 14 Мај 2012, 19:59

Многу ми е жал кога ќе се соочам со ваква неинформираност на луѓе кои што живеат во 21-век. Како прво никој од вас не знае што е мајонез и како истиот се прави, што е евидентно од вашите коментари. Второ и многу важно, на косата не треба да се става томи мајонез туку, да се оддели една жолчка од јајце, која ќе се мати со миксер и во истата полека ќе се додава маслиново масло, додека смесата не стане мајонез, (прашајте ги вашите мајки како се прави мајонез), зависно од проблемот со косата кој што го имате, во смесата може да се додаде 1 лажица мед доколку косата е многу оштетена, 1 лажица мелен цимет, доколку постои проблем со прекумерно опаѓање на косата.

Оваа смеса се става на целата коса од коренот до врвовите, косата се замотува со ќеса и се држи најмалку 3 саати. Кога оваа маска ќе ја држите на косата 3 саати таа многу лесно се одмива (само со едно шампонирање) бидејќи сите корисни нешта во маслиновото масло и јајцето се впиваат во косата.

И на крајот многу важно е тоа дека во маската се става само жолчката бидејќи белката од јајцето ја суши косата и не е корисна за истата. Белката може да ја искористите како пилинг маска за лицето доколку имате мрсна или комбинирана кожа.
Аватар на корисникот
Lilitka

Фем почетничка
 
321
Мислења: 18
Зачленет: 11 Фев 2011, 03:15

Врати се на Коса

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: MsFl, Nastjaaa4 и 7 гости

Site Meter