Дали некој има да ми каже начин на правење некоја проста фризура што изгледа убаво ... Коса: До раменици
Прости флизури Измиј ја косата, исуши ја набрзинка и малку зафенирај ја, врзи коњско опавче. Попроста фРизура здравје.
Прости флизури ФРИЗУРА* Измиј ја сплети внатрешна плетенка или ако неможеш сама нека ти сплете некој друг! едноставно, секојдневно и просто (како што викаш )
I'm begging you, ladies, да ми дадете инструкции како да си ја направам наједноставната пунџа на свет! Ја имам најнескротливата и најразлетаната коса - инает бре, не стои на едно место и никако неможам да ја фатам во тако звана проста пунџа, до толку ли сум неука, ее !? Плетенкиве со 100 прамени ми се полесни од ова не фризура, ами мачење и како резултат на тоа добивам вкочанети раце, ту. Сакам нешто вакво, и ќе ве молам, немојте веднаш да ме класифицирате во групата неспособно-глупи, природни (шатирани) блондинки, бидејќи логаритми и интеграли решавам ко луда, ама на пунџиве не можам да им го најдам решението. Проблемот е, што таман ја фатам се отпушта, не стои во место, никако онаму јас каде што сакам, ами кај се тупне таму и ги имам пробано сите тактики - де фигаро, де пеглана коса (демек помазна, полизгава), (нај)прости шнолки - ништа, брате цигане! Имам изгледано (пре)многу туторијали, ама никако не излегува, или она што излегува е далеку од посакуваното. Значи, вашата Мишела ве замолува да и' објасните како ја правите вашата бушава пунџичка, демек е една од наједноставните фризури, а уствари не. Прекрасно изгледа, си смислив и викенд-комбинација во која пресовршено се совпаѓа - ма морам да научам да ја правам и точка, извичник, било што!
Јавна тајна е ова, ама ајде нека оди во спојлер-бојлер, да не ја тупам многу со моиве изуми. Спојлер Ја фаќам косата во висок реп, а додека ја обмотувам со стегачот, последниот пат (значи пред да ја извадам целосно косата од последното обмотување) правам ко топченце, односно не го вадам целосно репчето низ стегачот, ами само малку, колку да се оформи полу-топчето. Остатокот го обмотувам околу тоа малото пунџе и фаќам со тенок стегач, од оние ко ластик. Доколку нешто штрчи го пикам кај најдам или го фаќам со шнолка. Еурека! True story.
najprosta i sekogas moderna e pungja. jas sakam i opustena razbusavena a nekogas i stegnata e mnogu ubava i elegantna
Еве неколку од мене.. http://www.youtube.com/watch?v=jEuuuL6b ... jgGzJbKgzv http://www.youtube.com/watch?v=-v4lE34j ... ideo_title
Доколку косата лесно ти се витка, тоа можеш да го направиш на водена коса,наведни се надолу расчепкај ја и истегај ја со пена така што ќе ја истуткаш повеќе. Потоа земи фен и суши ја,а пред да биде целосно сува, повторно стави и пена и досуши ја косата. Ќе дојде скоро иста како сликата дури и повеќе виткана. поздрав
предлози за лесни фризури здраво! косата ми е права па сакам да ја носам на поинакви начини.инаку вие како ја носите?