Јас сум презадоволна од фарбиве и веќе не ги менувам, бојата не бледее дури по 3 недели почнува да се познава коренот. Ја користам нијансата 11.11
Мојата нијанса е оваа, ама јас едно 6-7 години сум плава... инаку нема врска тенот, и јас сум светла, зависи од јачината на косата, ако имаш цврсто влакно немај гајле
Ве молам за помош.... Косата ја шатирав пред 5 месеци затоа што имам такво влакно што многу ми се мрси, е сега сакам да се фарбам плава само незнам дали да почекам до декември да ми падне шатираното или врз него, инаку имам смеѓа коса и незнам дали ќе ми се фати и каква фарба да си купам
Moже, шатираното ќе се покрие, но само доколку се фарбаш кај фризер. Ќе ти ја погоди фарбата по самиот пигмент на косата и ако нешто не ти се допаѓа ќе корегира. Цените на фарбите кај нив се исти како и во малопродажба.
Evolution 11.11 ; Keune 1517 Некоја од овие две фарби можеш да пробаш , земи хидроген 12% за да ти ја осветли повеќе , мислам дека со 2-3 фарбања ќе можеш да ја добиеш бојава. Ако ставиш 9% хидроген ќе ти испадне по на сиво
женски, сакам да се правам плава, моментално косата ми е полапридона пола фарбана, важно иста боја ми е целата, темно кафена.. Која фарба ми ја препорачувате? Порано ја користев кене 15/17 и бев презадоволна заради тоа што тогаш косата ми беше освеетлена и ја земав за да немам жолти нијанси... ме мачи исто што косата ми е пола пола.. си мислам нема да ми фати целата исто.. природното лесно ми осветлува ама фарбаново незнам, на фарбано кафено немам осветлувано досега...
Не пробувај ништо штом ти е пола фарбана пола не , на фарбаното нема да ти фати а на природното може да се осветли ама сепак ке се разликува па ќе бидеш шарена. Јас на твое место би отишла на фризер , барем тоа фарбаното некако да го извади , јас ќе ти препорачав да стсвиш од тоа колорб4 ама незнам како ќе излезе сега на делот кај што ти е фарбан и на остснатиот што не е јас имав црна коса фарбана и со тоа колорб4 успешно ми излезе цела фарба па потоа ја осветлував со најсветли фарби , инаку јас бев задоволна од еволушн 11.11 ама некако почна на жолто да ми фаќа и јас сум во план да ја пробам на кене 1517. А за да не ти фаќа жолто 9ка ставаше или 12ка?
Офф-топик. Коритсаки, тоа што почнува на жолто да мава со тек на време, е неизбежен дел кај секоја плавуша, бидејќи се измива нели сивиот прелив и останува осветлениот пигмент на влакното-жолт. Гледам не живееш во Македонија, па така тебе ќе ти биде верувам ова подостапно, а може и си запознаена со тоа: Лилав шампон. Шампонот е буквално лилав обоен и е наменет за оддржување на аш нијансата кај плавушите. Една другарка го порачува преку нејзината фризерка, овде не сум сретнала. Се надевам помогнав
MejkApGirl , знам , користам и лилав шампон ама некако кај коренот пак ми се двои жолто од фарбава на Еволушн. Сега оваа последнава што ја нанесов на Колестон 12/89 многу сум позадоволна па не се жалам ама еве би ја пробала и на Кене штом толку ја фалат инаку има лилав шампон во мк , има и во дм , има и во космо , јас баш сега кога бев во мк земав од космо на Еугене Перма околу 450 ден е ,а мислам дека има и на Лорвен кажи и на другаркати да знае во случај фризеркава поскапо да не и го продава
кенето ќе ти помогни, мене ми помогна, јас 9% хидроген ставав и немав жолти прамени,првите два пати цела коса ја фарбав и после само коренот и немав никаков проблем со жолтила
Русокоси , јас си го најдов чарето гледам видеа на јутјуб како некои ставаат тонери на косата (зборувам за полутрајни фарби за коса во разни бои , лилјакова , розева , црвена , сина итн..) значи отидов го купив ова ќе ставам сосема мала количина заедно со регенератор или маска за коса , се става на сува и чиста коса , мене ми рече продавачката дека можам и само од бојава да ставам но не си играм зашто може дреч лилјакова да ми стане. И ќе го држам 15 мин и ќе се измијам. има вакви полутрајни фарби и на ибеј ама јас најдов за иста цена и во парфимерија ова е за да се изгуби жолтилото на косата. Задутре ќе поробам па ќе пишам што сум направила https://www.youtube.com/watch?v=XoZsTYQaz40 потоа косата станува вака
сум заборавила да пишам па земав , пробав стана сивкасто само на деловите кај што се бланширани на жолтенилото ништо не му направи но изгледа згрешив што земав многу светла лилјакова боја наредниов месец ќе земам од тие претходно што ги поставив ќе порачам од ибеј зашто гледам на јутјуб дека повеќето користеле од тоа Manic Panic
исто како јас да сум пишувала... Точно и јас додека се фарбав дома секодаш дев шарена отидов на фризер и мене исто ми ставија бланш и потоа прелив и ја добив посакуваната боја
ЕПА ВАКА!! МЕ МРЗИ ДА ЧИТАМ КОМЕНТАРИ. ПИШУВАМ СО ГОЛЕМИ ЗА ДА ВИДИТЕ ИМАВ ПЛАВА КОСА СКОРО КАЈ БЕЛО ШО ИДЕ И СЕ ФАРБАВ СО STILL C09 ИЗЛЕГУВА СВЕТЛО ПЛАВО НА ТЕМНА КАФЕНА КОСА (КАЈ МЕНЕ ОВА ВАКА БЕШЕ). ИМАМ НЕКОЛКУ ДРУГАРКИ ИСТО СЕ ФАРБААТ ПЛАВИ СО ОВАА ФАРБА И ИСТО СУПЕР ИМ Е БЕЗ БЛАНШОВИ И ТАКВИ РАБОТИ СО ПОМАЛЦЕ ГОРЕЊЕ СЕ ДОБИВА ПРЕУБАВА СВЕТЛА ПЛАВА БОЈА. http://online.idea.rs/images/products/532/532106073l.gif поим неам слики како се ставаат па еве линкче да видите како изгледа фарбата.
ооо женска, кажувај одма од каде ја набави фарбата.. се надевам дека си од мкд и дека е достапна во парфимериите фарбава.ајдее вратии па да земам да се оплавам и јас