Општи прашања Ako moze da mi dadete sovet za mojata kosa ... imam mn retka kosa ii do pred nekoe vreme mii pochna mn da mi pagja no smeniv shampon ii sea se mislam dali ee od toa ili nekoja dr prichina ii ako moze da mi kazete nekoi recepti za zgusnuvanje na kosa
Општи прашања http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... 1%81%D0%B0 http://www.femina.mk/%D1%83%D0%B1%D0%B0 ... 1%81%D0%B0 Имав еден прирачник за оштетена коса, во него имаше рецепти за изработка на маски за коса ќе се потрудам да го најдам 1.рецепт за јакнење на оштетена коса (со жолчка) Две жолчки се мешаат со лажиче рум и со една рака крупна сол. Оваа маска се држи половина час, потоа се мие со вода во која сте додале лимонов сок. 2. Рецепт за потхранување на косата (со жолчка и маслиново масло) се мешаат жолчка и маслиново масло да станат како мајонез и тоа се втрива во темето. Се држи цела ноќ ЛОСИОНИ ЗА КОСА 1. Против паѓање на косата 25г рицинус се меша со исто количество бадемово масло, се додава 8г кантарион и 1/2 литар ружина водичка. Со овој лосион секоја вечер се масира темето. Имам уште ако сакаш можам да ти ги дадам
Овие се продаваат ли уште тука? Сите велат дека биле мн добри Колку пари отприлика се? Даваат поголем волумен нели? Спојлер Изнинете што многу прашувам
Мојата коса е природно виткана,е сега само што немам волумен на коренот,така како спласната ми е.Некој восок,шампон,гел било што за повеќе да ми е издигната?
Па можеш малце да ја тапираш одоздола. Пр: од задниот дел на главата зимаш едно делче со коса и одоздола малце тапираш и така целиот заден дел од главата и на крај до каде што ти е тапирана ќе закачиш шноличка или некоја машничка.. позз
секогаш кога ке се сушиш со фен наведни ја главата и така исуши ја целата коса и да ја тапираш косата од позади од страните а потоа прсни лак
Дефинитивно пиво!Јас имам мн права коса без волумен и ниту сушење надолу ниту фенирање со волумен не ми помага.Откако ќе ја измијам ставам пиво на коренот и имам волумен како лав ☺
а како до помал волумен на пример???? ја скратив косата до над раменици и сега ми се дува за нигде е ја сакам сплескана да личам на човек предлог шампон или нешто?????????
Би ти препорачала шампон со што помалце додатоци во него, како коприва и тие големите на алкалоид. Исто и регенераторот ја спласнува, само да не речеш после дека многу ти е сплескана
Дали некоја од вас ја има користено оваа пена за стилизирање?...Наводно за повеќе волумен на косата е. Сега користам еден шампон од Фармаси со екстракт од лук, добар е, ми растат многу бебешки влакненца од него, но многу ми ја спласнува косата. Или подобар ефект има ако го користам со шампонот од истата линија? Ако имате искуство, споделете.