На една страна прочитав неколку домашни рецепти за побрзо растење на косата. Еве издвоив неколку од нив што досега не сум ги прочитала :
-Алое вера и мед.Помешајте малку гел од алое вера и една лажица мед, смесата нанесете ја на главата. Почувајте ја околу 20 минути, измијте ја.
-Кромид за здрава коса.Исечкајте еден кромид и ставете го во шишето со шампон. Оставете го да стои 15 дена и почнете нормално да го користите шампонот. Ваквиот шампон не само што го забрзува растот туку дава неверојатен сјај. ( Јас не би го пробала ова, али ако некој собере храброст

нека пише дали после тоа смрди косата).
-Алое вера и кромид.Направете си шампон од алое вера и кромид. Користете го 2 до 3 пати во неделата. За поголема ефикасност комбинирајте го со регенератор од рузмарин или од авокадо.
-Сок од домати.Сварете неколку домати, исцедете ги и со водата плакнете го шампонот.
-Масло од рузмарин.Во сад ставете половина шолја маслиново масло и сув рузмарин. Ваквиот состав малку подгрејте го на шпорет или во микробранова и убаво соединете го со толчник. Оставете ги да стојат неколку дена и почнете да ги користите како масло за масирање на скалпот.
За масажа...Изматете едно јајце, во него капнете неколку капки маслиново масло и две лажици мед. Смесата нанесете ја на скалпот и масирајте.