Нова сум на форумов,па по цел ден нешто читкам и барам ама работата е што не знам каков тип на коса имам, незнам како да познаам дали ми е сува, нормална, за мрсна не верувам. п.с. се извинувам ако веќе ја има темава.
Кратко и јасно- БУФ. Спојлер Средна големина.. малце по-дугачка, се мрси на секој 2-3 ден. Брановидна.
Виткана- иако секогаш ја пеглам ретко кога можат да ме видат со виткана. Инаку многу ми е сува, и две недели да не ја мијам иста останува. Од таа страна немам никаков проблем да ми се мрси на 2-3 дена.
мхм,значи мојата е слична како твојата, нормална, знае да забега понекогаш да биде сува..сепак фала што ми појасна иначе мојата е долга до половина,рамна.
меко косе имам неможам да речам дека ми е оштетена можеби малку на врвовите но добро ја пазам оти проблематична ми е не ја малтретирам оти ретка ми е и мн.брзо се мрси таквата коса ја мразам само дека ми е мека
Гривеста, густа, без форма кога не е извиткана, испеглана, исфенирана. Плаши невини луѓе, затоа не си дозволувам да излезам со штотуку измиена, распуштена и несредена коса. Цврста е до немај каде, долга и лесно се оформува за моја среќа. Што значи, ако ја испеглам, ми стои испеглана до наредно бањање, ако ја извиткам исто. Не се исправува и не се витка веднаш. Затоа мислам дека највеќе ја сакам.
Хм...па нормална но можеби малку сува на врвовите, поради почестото миење сега за време на летото и поголемата изложеност на сонце но и тоа ке го среди мојот фризер кој си го обожавам
Мојата коса е дива Долга,права и многу лоша...ако ја мотам ми треба 2 часа а потоа за 1 час ке ми паднат локните заборавив да кажам дека скоро секој ден ја мијам бидејки много ми се мрси