Па летово секој ден, ама со тоа почнаа проблеми со опаѓање (мислам дека имам објаснето во една тема што точно ми се случи). Поради тоа што почна да ми паѓа, а и многу луѓе ми викаа да не ја мијам толку често бидејќи ќе ми падне (тоа почна да се случува) и сега од прилика од 1 септември гледам што поретко т.е. преку еден ден, а кога не искачам или не одам во школо не ја мијам воопшто се дур не треба да искочам негде. Што значи од мојот пример имам сватено дека не е здраво , а дали расте па можеби, мене ми беше до раменици, сега ми е до половина. Но и без миење мислам дека толкава би ми била за 3 месеци без кратење.
Вообичаено косата ја мијам два до три пати неделно. Летно време ја мијам почесто, но исклучиво со бебешки шампон Бекутан, бидејќи тој е нежен и не е јак, а честото миење на косата не е баш здраво. Имам читано дека косата расте повеќе ако ја миеш почесто, но треба да избегнуваш јаки шампони и секакви хемикалии, затоа што може да дојде до опаѓање на косата.
Два до три пати неделно ми е сосема доволно. Летно време понекогаш преку еден ден. За среќа немам проблеми со мрсна коса, нормална е, дури повеќе сува, така што немам потреба од многу често миење. Инаку, можно е косата повеќе да расте со почесто миење, сум слушнала за тоа. Но исто така знам дека не е добро да е толку често, косата повеќе опаѓа.
Имам сува коса, па си ја мијам 2-3 пати неделно. Според мене е нездраво да се мие секој ден коса. Еднаш имам пробано 2 дена по ред ја измив, и третиот ден ми беше мрсна! Така да, никако повеќе ова.
На секои два дена...Имам малку мрсна коса, така да не ризикувам, најчесто третиот ден коренот како да е потопен во зејтин.Ама се навикнав, а и шампонот ми е супер,се поретко ја мрси косата
I'm selfish, impatient and a little insecure. I make mistakes, I am out of control and at times hard to handle. But if you can't handle me at my worst, then you sure as hell don't deserve me at my best.
Обично два пати во неделата, имам сува коса ама ако излегувам во сабота и тогаш ја мијам, ако ми е измрсена. А преку лето почесто ја мијам, преку еден ден, ама затоа кога тргнеме да школо додека се навикне..